fbpx
Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Заев и Мицкоски не се договорија за СЈО, лидерската средба неуспешна

По повеќе од седум часа преговори на лидерската средба на Зоран Заев и Христијан Мицкоски и тимовите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и тоа да се трансформира, двете страни не постигнале договор. Неофицијално, на синоќешната средба тимот на СДСМ предложил да се...

Предлог законот за Јавно обвинителство во Собрание, Села бара обвинител од странство

Новиот предлог-закон за јавното обвинителство, денеска влегува во собранска процедура. Тој предвидува Специјалното јавно обвинителство да премине под капата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, како Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, а со него да раководи обвинителката Вилма Русковска, која сега е прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција...

ВМРО-ДПМНЕ бара со закон да ги отстрани Јанева, Фетаи и другите од СЈО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека со новиот предлог-закон за Специјалното јавно обвинителство, нема да бара амнестија за обвинетите лица, но ќе предложи постапка според која ќе се смени сегашниот тим на СЈО, предводен од Катица Јанева, известува „Порталб“. -Секако предлагаме нов тим на СЈО, никој не е вечен. Во една демократска држава, во таква институција, секој треба да биде предмет на...

Блупринт групата достави решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Блупринт групата за реформи во правосудството, како неформална мрежа на истакнати граѓански организации, денеска до министерката за правда достави документ со предлог измени на членовите 32, 34 и 105 од Предлог-Законот за Јавното обвинителство. Како што информираат од групата, на состанок со министерката Рената Дескоска минатата седмица било договорено нивните предлози и коментари за законот, бидејќи за Министерството за правда...

Анализа: Брисел бара македонските политичари да го сменат ментaлитетот

Во финишот на посетата на Брисел македонската делегација како да ја удри студен туш. Со пофалбите за посветеноста на реформите, искажани по завршувањето на 15 состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и Европската Унија,  не стаса и гаранција дека во јуни ќе има зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ. По средбата со премиерот Зоран Заев, високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, изразија задоволство од...

„Платформата за борба против корупцијата“ бара да се повлече предлог-законoт за јавно обвинителство

Владата сака во нетранспарентна постапка да се донесе Законот за јавното обвинителство и тој не смее да се достави до Собранието во овој момент, а доколку сепак тоа се случи, претходно мора да се организира јавна расправа, порача денеска Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, која ја сочинуваат 15 невладини тела. Тие сметаат и дека сегашната специјална...

Заев: Личните предрасуди да се тргнат на страна, за да имаме добро СЈО

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска порача дека на состанокот на работните групи на владејачката коалиција и на опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ нема да има пазарење за криминал и дека тој посакува да се постигне согласност за нов закон за СЈО, но и ако тоа не се случи, државата ќе продолжи да функционира со постоечките закони за...

Разговорите за иднината на СЈО меѓу власта и опозицијата почнуваат денеска

Разговорите за иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) почнуваат денеска, со средба на работните групи на власта и опозицијата, кои беа формирани токму за оваа цел во согласност со договореното на претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Иако ќе седнат на иста маса за да разговараат за предлог законот за јавно обвинителство и идниот статус на...

Oбвинителството на проширена седница ќе решава што понатаму со предметите на СЈО

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска свикал проширена седница на обвинителите во Јавното обвинителство, на која треба да се дискутира за побараното мислење од скопскиот Кривичен суд. Скопскиот суд побара известување кој обвинител ќе ги работи случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по мислењето од Врховен суд со кој се посочува дека СЈО повеќе од година и пол нема мандат...

Кривичен суд бара Јовески и Собранието да се изјаснат за надлежноста на СЈО

Скопскиот Кривичен суд побара Јавниот обвинител Љубомир Јовески да се изјасни кој обвинител ќе ги работи случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да побара автентично толкување од Собранието за членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство, јавува „Порталб“. Таква одлука била донесена на вчерашниот состанок на Кривичниот суд по правното мислење на Врховниот суд кој го оспорува почнувањето...

Дане Илиев: не е важен моделот за СЈО, туку да продолжат постапките што ги води

Не е важно во која форма ќе функционира Специјалното јавно обвинителство (СЈО), решенија има, важно е да има политичка волја да продолжат постапките што тоа ги покрена и ги презема, смета Дане Илиев, поранешен претседател на Врховниот суд. Тој оценува дека е доведено во прашање постоењето на СЈО. - Не е добро. Од неколку страни се донесоа прописи кои работата...

Јовески: СЈО постави нови стандарди, но важно е кој ќе го надгледува

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА вели дека суштествено е да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на Специјалното јавно обвинителство. – Со Стратегијата за реформи на правосудниот систем на Владата, предвидено е СЈО да стане дел од обвинителскиот систем. И јас се залагам да има единствен закон во кој ќе се инкорпорира и...

Тoп-5 дезинформации за СЈО во 2018

Од формирањето до денеска, Специјалното јавно обвинителство го следат купишта лажни вести, манипулации, дезинформации. Особено трите обвинителки, кои ги водеа прес-конференциите во кои се најавуваа истрагите и обвинителните акти, на кои работеше Oбвинителството, беа постојана мета на обиди за лична дискредитација со написи чија цел е нарушување на нивниот углед   Пишува: Симона Атанасова   И оваа година, иако е институција што според анкетите...

Jанева: Во ВМРО-ДПМНЕ комотно разговарале телефонски кога се прислушувало

ВМРО-ДПМНЕ најкомотно ги воделе телефонските разговори во периодот од 2008 до 2015 година додека траело незаконското прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Ова на денешното презентирање на првиот преоден извештај на Мисијата на ОБСЕ го нагласи специјалната обвинителка Катица Јанева, извести МКД. Обвинителката Јанева додаде дека од нејзините слушања на разговорите кои се дел од доказите во предметите...

Во Кривичен суд продолжува слушањето бомби за „Титаник“

Во Основен суд Скопје 1, односно Кривичниот суд денеска продолжува слушањето на „бомбите" во предметот „Титаник" на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Преслушувањето почна во четвртокот, а продолжи во петокот со 106 од вкупно 1.063 „бомби“. Досега на снимките се слушнаа разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески,...

Во Кривичeн суд Скопје денеска судења за „Монструм“ и „Траекторија“.

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Монструм“ и „Траекторија“. На рочиштето за „Монструм“ исказ  треба да дадатт двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, кои се изјаснија дека не...

Денеска пресуда во „Триста“ за Ѓоко Поповски

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да биде прочитана пресудата за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Тој се товари за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР. Поповски пред Судот на минатото рочиште кажа дека не е виновен и...

На 22 мај пресуда за набавката на полициските возила

Специјалното јавно обвинителство денеска побара осудителна пресуда и затвор за помошникот-министер во МВР за јавни набавки, Ѓоко Поповски во судењето за случајот „Триста“. Откако финишираа завршните зборови на обвинителството и на одбраната, судијката Добрила Кацарска го закажа соопштувањето на пресудата на 22 мај, јави Алсат-М. Според СЈО, на Поповски му се заканува казна затвор од 4 до 15 години за...

Судот ги одби приговорите на Латас, откако претходно му даде транскрипти од „бомбите“

По неколку одложувања, денеска во Кривичниот суд почна судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ - Латас. На денешното рочиште беше прифатено како доказ вештачењето на Павле Гацов по наредба на СЈО, а во рамките на судскиот процес ќе биде сослушан и вештакот. Претходно Судот не го прифати предлогот на адвокатите на Латас да не...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го „приватизира“ правосудството

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта ја продолжува партизацијата на судството, што, како што вели, го признал и премиерот Зоран Заев. „Судот е заробен, а Специјалното јавно обвинителство работи по политичка нарачка на Зоран Заев. Цената на послушноста ја откри самиот Заев. Шефот за човечки ресурси во Основен суд Скопје 1, кој е и десна рака на претседателот на судот Иван...

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...