fbpx
Таг: спасување

таг: спасување

(ВИДЕО) Ива Стојановиќ – кога љубовта кон животните се претвора во акција за менување судбини

Со своите емотивни стории на социјалните мрежи, Ива Стојановиќ од Скопје со години наназад се обидува да им го приближи она што македонските граѓани понекогаш имаат потешкотија да го разберат - зошто треба да се има емпатија кон секое живо суштество на планетава, зошто треба да се помага и пред сè, дека порастот на бездомните животни во државата се...

Татко и син спасени во драматична потрага по сообраќајка во Кавадарци, детето било присебно и побарало помош на 112

Татко и син биле спасени по сообраќајна несреќа во Кавадарци, откако детето се јавило на единствениот број за пријавување несреќи, пожари, ризици и опасности 112 и побарало помош. Како што информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев детето многу успешно ги водело спасувачките екипи до местото каде што се случила несреќата, по што биле превезени во кавадаречката болница, а потоа...

Спасени три лица од водите на Дојранското Езеро

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утрово е извршено спасување на три лица, кои поради невремето изгубиле контрола над чамец во Дојранското Езеро. Дојавата била примена утрово во 8:30 часот во СВР-Струмица, од страна на граѓанин. Тој кажал дека три лица изгубиле контрола над чамец поради невремето и не можеле да се вратат кон брегот. На интервенција бил испратен патролниот...

Бројката на жртви во железничката несреќа во Индија се искачи на најмалку 288

Оние што ќе бидат прогласени за виновни за железничката несреќа во источна Индија ќе бидат „казнети строго“, порача индискиот премиер Нарендра Моди, кој го посети местото на несреќата во источната индиска држава Одиша, јави Би-би-си. Трагичниот биланс, пак, се искачи на најмалку 288 загинати и над 1.000 повредени. Попладнево по македонско време, односно навечер по индиско, завршена е и акцијата...

Бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за прогонот и депортацијата на Евреите од окупираните територии

На крајот на минатиот месец, во пресрет на 80-годишнината од спасување на Евреите на територијата на Бугарија, но и на депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во нацистичкиот логор Треблинка во 1943 година, група бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за холокаустот на македонските Евреи и да се извини. Во нивниот „Повик“, што го објави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg...

По 7 дена под урнатините спасена 40-годишна жена, бројот на загинати се искачи на речиси 33.200

Спасувачките екипи утрово извлекоа 40-годишна жена од урнатините на зграда во градот Ислахије, во турската провинција Газиантеп. Жената преживеала приклештена во кршот цели 7 дена по најсилните земјотреси што што минатиот понеделник ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија, и покрај температурите што често беа под нулата, јави Асошиејтед Прес (АП). Покрај двата разурнувачки земјотреси, со магнитуда од 7,8 и...

Момчето што се спаси од морските длабочини благодарение на детска топка излезе од болница

Триесет годишниот Иван кој од длабочините на Егејското Море кај Халкидики се спаси благодарение на изгубена детска топка денес се чувствува добро и е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, објави грчкиот портал Protothema. Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите...

Продолжува потрагата по третото момче кое изчезна во водите на Егејско Море на Халкидики

Спасувачката акција по исчезнатиот македонски државјанин во местото Посиди, Грција продолжува во полн капацитет со хеликоптер и бродови како претходните два дена, соопшти Министерството за надворешни работи. 28 годишното момче по кое сѐ уште трае потрагата исчезна во саботата заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море, на Касандра, првиот крак на Халкидики. Како што објави грчкиот портал  „In.gr“...

[ВИДЕО] Полициските „тигри“ со хеликоптер евакуираа изнемоштено лице од Галичник

Припадниците на специјалната единица на полицијата „Тигар“, во соработка со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), по упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК) за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица на МВР бргу се подготвиле и...

Два јавно-приватни хеликоптера ќе пружаат брза помош, Владата ги намалува сообраќајните казни

Владата на вчерашната седница донела одлука да се склучи јавно-приватно партнерство со кое два хеликоптера од приватна фирма ќе пружаат брза помош на граѓаните и ќе вршат спасувачки операции. Како што соопштија од Владата, Хеликоптерскиот итен медицински систем (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) ќе ги води САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, која била избрана по јавен повик. „Најдоцна...

Отворен новиот Центар за спасување на планина

Во рамки на проектот „Регион Охридско Езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам“, инаку еден од деветте проекти финансирани од ЕУ преку ИПА-програмата за прекугранична соработка со Албанија, денеска во Охрид ставен е во функција новиот Центар за спасување на планина. „Не е целта само да привлекуваме туристи, треба да се грижиме за нивната безбедност. За поздравување е што една од...

Извлечени украинските параглајдеристи што паднаа на Галичица

Спасители од Планинската спасителна служба при Црвен Крст - Охрид, припадници на Единицата за специјални задачи и хеликоптер на МВР учествуваа во акцијата за извлекување на двајцата украински параглајдеристи кои вчера попладне паднаа на падините на Галичица од албанска страна. Притоа 30-годишната жена се здобила со посериозни повреди, а 41-годишниот маж поминал со полесни телесни повреди. И двајцата биле пренесени...

Успешна акција за спасување на странски туристи на Галичица

Планинската спасителна служба (ПСС), преку СВР-Охрид на 26 мај добиле дојава дека на територијата на Националниот парк „Галичица“ биле изгубени две лица, странски државјани. Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармирал волонтерите, стапиле во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одредиле нивната локација, на 1,5 километри југоисточно од Пештани, по што започнала...

Во железничка несреќа во Турција загинаа најмалку 24 лица

Најмалку 24 лица загинаа во железничка несреќа кога воз излета од шините на западот на Турција, соопштија турските власти за новиот биланс на жртвите. На местото на несреќата која се случи во неделата на границата со Грција, рано утринава беше продолжена операцијата за потрага и спасување. Патничкиот воз со вкупно 368 лица излета кај селото Сарилар кај Истанбул, на границата со...

Шпанската крајбрежна стража спасила 56 мигранти во Средоземно море

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека спасила 56 мигранти од Африка од два чамци на Средоземно море. Еден чамец со 23 мигранти бил пресретнат кај Гибралтарскиот залив, додека друг чамец со 33 мигранти е лоциран источно од малиот остров Алборан, на пола пат помеѓу Африка и Шпанија. Меѓународната организација за миграција соопшти дека минатата година 22.800 мигранти дошле во Шпанија, што е...

Тела на шестмина мигранти пронајдени во близина на Ланзароте

Тела на шестмина мигранти се пронајдени во близина на Канарските острови, соопшти шпанската полиција. Спасувачките служби наведоа дека, телата на петмината мигранти биле пронајдени во голем гумен чамец во близина на островот Ланзароте, додека шестиот починал подоцна откако бил извлечен од водата. Полицијата подоцна пронашла 18 мигранти кои успеале да допливаат до крајбрежјето. Илјадници мигранти секоја година тргнуваат од Африка со...

ДЗС: Се преземаат мерки за спречување поплави, неколку места се критични

На одредени места постои опасност од излевање на водата надвор од речните корита, предупредија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од дирекцијата велат дека зголемување на нивото на водата е забележано на реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, по горниот тек на Вардар во атарот на селото Раотинце, како и на нивните притоки. „Подрачните одделенија за заштита и спасување, во соработка со единиците...

Авганистанските сили спасиле 30 луѓе од талибански затвор

Најмалку 30 лица се спасени во рација што ја спровеле авганистанските сили заедно со специјалните странски сили во талибански затвор во провинцијата Хелманд. Ова го соопштија војската и локалните власти. Помеѓу спасените се и четири деца кои имаат помалку од 12 години и двајца полицајци. Талибанците уапсиле повеќе од 20 лица поради давање помош на владата или затоа што се членови на семејствата...

Во поплавите на југот на Азија настрадаа 600 лица

Околу 600 лица настрадаа во поплавите на југот на Азија каде што акцијата за спасување се уште трае. Во поплавите и свлечиштата предизвикани од нив, биле погодени повеќе од еден милион луѓе. Властите на Индија побарале помош од војската во две области кои се најгусто населени, а во кои загинаа 55 лица. Во индиската држава Утар Прадеш речиси 100.000 луѓе, од...

Светски познат консултант ќе го спасува „Агрокор“

Антонио Алварез Трети, новоназначениот извршен директор за реструктурирање на хрватскиот гигант „Агрокор“, вчера попладнето пристигна во Загреб и го претстави и својот тим, во кој е само едно лице по потекло од Хрватска, јавија хрватските медиуми. - Нема никаква гаранција дека ќе успееме, но нема да бидам сам, имам тим што го одбрав. Ќе комуницираме со сите кредитори и компании...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...