fbpx
Таг: спасувачка акција

таг: спасувачка акција

Спасен далматинец кој паднал во Вардар

Несекојдневна спасувачка мисија имал тимот на на јавното претпријатие „Лајка“. Ккао што информираат оттаму, ветеринари и заловувачи викендов спасиле далматинец кој се наоѓал во водите на реката Вардар. „Беше пријавено и лоцирано куче од расата далматинец паднато во реката Вардар , уплашено, исцрпено и во целосно безизлезна ситуација. Благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето беше извлечено на брегот и...

Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа

Неколку лица утрово заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заглавените побарале помош на бројот 112, по што акцијата на ЦУК траела три часа – од 5 до 8 утрово. Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила. „Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина...

ЦУК: Извлечен човекот со двете кучиња кои беа заглавени на Кожув

Спасено е лицето кое што пред два дена пријави дека е завеано од снег во својата викендичка над селото Радча на планината Кожув, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ова лице првично одби да биде пренесно во Кавадарци со теренски четирицикл, бидејќи не сакало да ги остави двете кучиња во куќата. Лицето што изминатите денови беше завеано во...

Спасени сите индиски работници што 17 дена беа заробени во тунел

Сите 41 индиски работници се спасени од тунел во државата Утараханд откако беа заробени внатре 17 дена. Работниците се безбедни и закрепнуваат во болница, јави Би-би-си. Работниците останаа заробени во тунелот на 12 ноември, откако дел од него се урна поради лизгање на земјиштето. Тие беа ослободени вчеравечер во макотрпна спасувачка операција пред која се најдоа бројни пречки. Во драматични сцени...

[ВИДЕО] Пожарникар исчезнал при гаснење пожар во штипско, МВР и „Тигрите“ го пронашле

Денеска околу 12 часот и 30 минути, Министерството за внатрешни работи (МВР) добило известување од Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека е исчезнат пожарникар кој бил ангажиран во гаснење на пожар во штипското село Селце. Како што соопшти полицијата, по добиеното известување, во потрага по пожарникарот се вклучиле хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот...

Штипјанец се удавил во Дојранското езеро, спасувачи трагаат по него

Маж од Штип на возраст од 42 години претпладнево околу 11:30 часот се удавил во водите на Дојранското езеро. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), лицето паднало од педалинка и се удавило во езерските води. Од Центарот за управување со кризи информираат дека се трага по телото, а истото не е пронајдено заради тоа што во езерото...

Холандски параглајдерист спасен по пад на планината Галичица

Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот крст во Охрид спасија параглајдерист од Холандија, кој попладнево паднал на планината Галичица и се здобил со тешки телесни повреди, информираат од Центар за управување со кризи (ЦУК). „Поради сериозните повреди на р'бетот го имобилизираа со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од Тигрите го сместија во хеликоптер...

Спасени четворица косовски државјани кои заглавиле во снег на Галичица

Четворица граѓани на Косово во текот на вчерашниот ден заглавиле во снег во националниот парк Галичица. Случајот во СВР Битола бил пријавен вчеравечер околу 19 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Педесет минути откако било пријавено, полициски службеници, пожарникари и екипи на стражарската служба Галичица ги пронашле лицата и ги извлекле од снегот, по што ги упатиле кон граничниот...

Турција запира со спасувачките акции во подрачјата кои се разурнати од земјотресот

Турција објави дека денеска завршуваат спасувачките напори во подрачјата кои пред речиси две недели беа погодени од катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа над 46.000 жители на Турција и Сирија, пренесе Ројтерс. Сè уште не се знае точно уште колку луѓе се водат како исчезнати во двете земји. „Потрагата и спасувачките напори ќе завршат вечерва“, изјави Јунус Сезер, шефот на турската Агенција...

(Видео) Војниците на АРМ спасија 5 годишно дете од урнатините во Караман Мараш

Припадниците на македонската Армија вчера по 6 часовно расчистување на рушевините успеаа да го спасат пет годишниот Сулејман од урнатините во Турција. Армискиот тим, како што соопшти Министерството за одбрана, учествуваше во спасувачка акција во градот Кахраманмараш. Тие за време на долгата акција, слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и по четири часовното максимално ангажирање...

Продолжува потрагата по Мартин на Халкидики, неговиот другар Иван почна донаторска акција за да се забрза акцијата

Потрагата на Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи по исчезнатиот македонски државјанин Мартин во водите на Егејско Море кај Халкидики продолжува веќе шести ден по ред. Министерството за надворешни работи на Северна Македонија синоќа соопшти дека „како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од...

Бројот на загинати од земјотресот во Албанија се искачи на 40, акцијата за спасување продолжува

Спасувачките тимови продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините на објектите во Албанија. Бројката за загинати лица утрово порасна на 40, а се стравува дека таа може да се зголеми со натамошното пребарување на срушените зданија во Тумане, Драч и другите албански градови, јавува Радио - телевизија Србија. Тлото во Албанија не престанува да се тресе. Регистрираните земјотреси и...

Бројката на загинати од земјотресот во Албанија достигна 27, повредени над 650 лица

Најмалку 27 загинати и над 650 повредени лица е билансот од катастрофалниот земјотрес што вчера ја погоди Албанија, јавува Радио-телевизија Албанија. Во земјата денеска е прогласен Ден на жалост за жртвите во серијата земјотреси. Албанските медиуми во извештаите нагласуваат дека од урнатините се спасени 46 лица во спасувачката акција, за чие непречено одвивање неколку европски земји испратија свои екипи за...

Ирската морнарица спасила 712 мигранти кај брегот на Либија

Ирската морнарица спасила 712 лица кај брегот на Либија, во рамките на меѓународна акција за спасување мигранти во Средоземното Море, соопштиле денеска одбранбените сили на Ирска, јавуваат светските агенции. Во спасувачката операција учествувале голем број бродови на околу 40 километри северозападно од главниот град на Либија, Триполи. „Можам да ви соопштам дека сите животи се спасени и дека нема жртви. Стануваше...

Илјада мигранти спасени од смрт во Средоземно Море

Околу илјада мигранти се спасени синоќа на крајбрежјето на Средоземно Море кај Либија, а меѓу нив една жена е прогласена за мртва. Ова го соопштија групата „СОС Медитеран“ и Лекари без граници. Околу 645 бегалци се спасени со гумени и со дрвени чамци за време на шестчасовната операција на бродот „Аквариус“. При акцијата за спасување една млада жена била пронајдена онесвестена на...

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица, 13 мажи и 12 жени, јавуваат италијанските медиуми. Исчезнати се уште четворица, а спасувачките акции ќе продолжат сè додека не се пронајдат, иако е мала веројатноста тие да се преживеани, велат спасувачите. Лавината го погоди хотелот „Ригопијано“ на 18 јануари во планинскиот регион Абруко во Централна Италија. Лавината беше поттикната од серија...

Бројот на жртвите во бродоломот во Егејско Море се искачи на 39

Бројот на жртвите на бродоломот кој денеска се случи во Егејско Море се искачи на 39, меѓу кои пет се деца. Мигрантите се удавиле откако нивниот чамец се превртел на патот од Турција кон Грција. Турските власти успеале да спасат вкупно 75 лица, пренесува агенцијата „Анадолија“. Турската крајбрежна стража извести дека во врска со несреќата уапсен е еден турски државјанин, кој е...

Нова бегалска трагедија во Егејско Море

Нова бегалска трагедија се случи во водите на Егејско Море. Изутринава својот живот при транспорт од Турција го изгубија 20 бегалци при потонување на гумени чамци што ги пренесувале кон грчкиот брег. Трагедијата се случила во раните утрински часови, во близина на островите Фармакониси и Калолимнос, кога два чамци се превртеа на патот кон копното. Грчката крајбрежна полиција засега спаси околу шеесетина...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....