fbpx
Таг: Совет за етика во медиумите на Македонија

таг: Совет за етика во медиумите на Македонија

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик. Публикацијата има за цел да ги насочи професорите и обучувачите на новинари да им помогнат не само на студентите, туку и на репортерите кои веќе работат во новинарството, правилно да...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“. За потребите на ТВ емисијата со наслов „Кревките шуми“ наградените автори Александар Методијев и Сузана Мицева ги следат трагите на големи количини илегално исечени дрва, водени...

Нови правила во „Промедиа“ за поголем ред во онлајн информирањето

Неодамна во организација на повеќе професионални онлајн медиуми се одржа координативен состанок на кој беа усогласени повеќе нови правила за членство во Промедиа, првиот доброволен национален регистер на онлајн медиуми. Во пресрет на новите донесени и очекувани директиви на ЕУ за медиумите, ова е сериозен обид да се стави поголем ред во онлајн сферата преку саморегулативни методи, процес на...

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и СЕММ ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа Советот за етика во медиумите (СЕММ) во изготвувањето на Насоки за етичко известување на онлајн медиумите, кои денеска беа објавени во Скопје. Насоките изготвени по широка консултација со медиумската заедница во Северна Македонија, ќе помогнат во развојот на солиден и кредибилен систем за...

ССНМ, ЗНМ и СЕММ: Осуда за заканите и дискредитациите кон новинари од Лидија Димова

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон колегите од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. „Во соопштението потпишано од...

ЕК во извештајот нотира дека Регистарот на онлајн медиуми е во насока на напредок на професионалните стандарди

Во Извештајот за напредокот на земјата за 2020 година на Европската комисија интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството. Во делот поврзан со слободата на изразување, се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за...

МВР го приведе напаѓачот на екипата на Ал Џазира, осуди за нападот од АВМУ и СЕММ

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека го привела лицето што ја нападна новинарската екипа на Ал Џазира за време на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ. Од МВР велат дека новинарката Милка Смилевска пријавила дека на улица „Македонија“ каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговарала со едно од лицата кои учествувале на протестот, дошол...

До крајот на годинава би бил готов нацрт-нов Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Ангажираниот експерт од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) месецов ќе ја предаде првичната верзија на анализата за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за правда. Во изминатиов период биле реализирани интервјуа со судии од Основниот граѓански суд во Скопје и Основниот суд во Велес, со Здружението на...

„Порталб.мк“ ќе преземе мерки против порталите кои манипулираа со резултатите од предизборната анализа на Роберт Несими

Повеќе портали на албански јазик од земјава, ја злоупотребија во изборни цели за време на изборен молк анализата која „Порталб.мк“ традиционално секој изборен циклус ја објавува во соработка со експертот Роберт Несими, а се однесува на предвидување на резултатите на изборите. Иако „Порталб.мк“ ја објави оваа анализа пред почетокот на молкот, целосно спротивно на новинарските стандарди, најмалку 12 портали објавија...

ЗНМ и СЕММ го осудуваат директното кршење на изборниот молк од некои онлајн медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро ги осудуваат случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што претставува сериозно компромитирање на изборниот процес. „Се оди дотаму што медиуми коишто и самите потсетуваат како да се избегнат изборните нерегуларности, со своето...

Советот за етика ја поддржа жалбата на новинарката Мирослава Бурнс против порталот „ДоказМ“

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија утврди дека жалбата на новинарката Мирослава Бурнс поднесена поради два написи објавени на порталот „ДоказМ“ е основана. Комисијата одлучи дека написите на „ДоказМ“ прекршиле дури 6 членови од Кодексот на новинарите на Македонија. Станува збор за членот 1 (потребата од објавување точни и проверени информации), членот 3 (обврската за...

Регистарот на СЕММ и ЗНМ постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потенцира дека Регистарот на професионални онлајн медиуми на Советот за етика во медиумите (СЕММ) и ЗНМ е изработен на волонтерска основа и единствено служи за да се промовираат и афирмираат медиумите кои ги почитуваат професионалните стандарди и критериумите за членство во овој регистар. Од ЗНМ во нивното соопштение нагласуваат дека владиното ограничување, според кое,...

Синдикатот на новинари и Советот за етика во медиумите ги осудуваат онлајн нападите врз новинарката Бурнс

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите најостро ги осудуваат нападите, навредите и онлајн малтретирањето врз новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс, од страна на вработен во Царинската управа на Македонија. Во соопштението на ССНМ се вели дека новинарката Бурнс на нивната телефонска линија за помош при напад врз новинари на 29 февруари...

СЕММ и ЗНМ бараат внимателност при известувањето за самоубиства

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите (ЗНМ), по повод известувањето на медиумите во врска со случаите на самоубиство ги повикуваат новинарите на почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. "Притоа, потсетуваме на член 7 од Кодексот на новинарите, според кој „новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во...

Европските колеги ги поддржаа новинарските здруженија против измените на Изборниот законик

Европската федерација на новинарите (ЕФН) даде силна поддршка на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кои се спротивставија на последните измени на Изборниот законик. Според измените, и во приватните медиуми ќе се спроведува платено политичко рекламирање во изборна кампања платено од државата,...

ААВМУ и СЕММ бараат да престане арогантното и недолично однесување кон медиумските работници

По вчерашниот инцидент со тројца фоторепортери на лидерската средба во Клубот на пратениците, со осуда се огласија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и  Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Двете тела побараа да се стори сè да им се овозможи на медиумските професионалци да ја извршуваат својата работа и да се сопре со арогантното...

СЕММ: Државата да не се меша во саморегулацијата на медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска порача дека ниту една влада или политичка партија не треба да одлучува во име на медиумите, реагирајќи на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според СЕММ, мора да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите, кој сè повеќе се прифаќа. „Поставувањето какви...

Доделени наградите на Советот за етика во медиумите за најдобри новинарски стории

Советот за етика во медиумите денеска ги соопшти имињата на наградените новинари на конкурсот за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи. Според едногласната одлука на тричленото жири, првото место го освоила сторијата на новинарката Ирена Мулачка од „Фокус“, за скандалот на...

Совет за етика на медиумите: Дебатна емисија на телевизија „Нова“ разгорува стереотипи

Комисијата за жалби при Советот за етика на медиумите на Македонија ја прогласила за основана жалбата поднесена од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ против телевизија „Нова“ за дебатната емисија „Отворено студио“. Станува збор за дебатната емисија со наслов „За или против геј бракови“, која се емитуваше на 17 јули 2017 година. Во својата одлука, Комисијата за жалби најпрво...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...