fbpx
Таг: Совет за безбедност

таг: Совет за безбедност

Лога бара од Пендаровски да го свика Советот за безбедност за условите во затворите

Министерот за правда, Кренар Лога, најави дека ќе испрати писмо до Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со кое ќе побара да свика седница на Советот за безбедност, на која би се разгледувала состојбата во затворите во земјава. Во соопштението на Министерството за правда се вели дека ќе се бара да се разгледа и состојбата со над 2.800 осудени...

Нема индиции за загрозување на безбедноста на државата, оценка на Советот за безбедност

Безбедноста на државата е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување, беше заклучокот од денешната седница на членовите на Советот за безбедност. На седницата, како што информират од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, се разговарало за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион. „Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата присуствуваа...

Сeдница на Советот за безбедност в среда, ќе се дискутира за безбедноста во државата

В среда, во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 19. седница на Советот за безбедност, информираат оттаму. На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион. Од кабинетот информираат дека на седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата...

Јутарњи лист: САД бара екстрадиција за сите осомничени во аферата „Бањска“, Вучиќ шокиран

Српскиот претседател Александар Вучиќ доживеа шок на седницата на Советот за безбедност посветена на односите меѓу Србија и Косово, откако САД побараа екстрадиција на сите осомничени за тероризам во аферата „Бањска“, поврзан со конфликтот меѓу српските паравоени групи и косовските полициски сили на северот на Косово што се случи на 24 септември, што е удар за Вучиќ, пишува Јутарњи...

Повелбата на ОН не ѝ дава право на Русија да ја нападне Украина

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не ѝ даваат право на Русија да ја нападне Украина или која било друга држава од земјите наведени во објавата, поради, како што се тврди, „обиди за заживување на нацизмот“. Членот 107 повеќе не е релевантен од причина што веќе не постојат непријателски земји и секоја држава која се сметала за непријателска...

Ќе заседава Советот за безбедност, Спасовски вели земјата е стабилна

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на овој месец, најави Претседателот Стево Пендаровски. Тој, за емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21 посочи дека тема на средбата ќе бидат најновите случувања на Блискиот Исток и во Украина, но и на северот на Косово каде што земјава има свој контингент војници којшто треба да се зголеми по барање на...

Пендаровски ќе го свика Советот за безбедност поради состојбата во регионот и на Блискиот Исток

Претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 најави дека во наредните седум до десет дена ќе биде свикан Советот за безбедност на чиј дневен ред ќе бидат состојбите на северот на Косово, војната во Украина и последните случувања на Блискиот Исток, односно конфликтот Хамас – Израел. „Некои викаат тоа е далеку од нас, меѓутоа ние...

Зеленски пред самитот на ОН се чуди што уште Русија бара таму

Само неколку часа пред почетокот на заседавањето на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, украинскиот претседател Володимир Зеленски сугерираше дека меѓународното тело треба да одговори зошто уште дозволува Русија, која изврши инвазија на Украина, да биде дел од организацијата, јави „Асошиејтид Прес“. Зеленски изјавата ја даде посетувајќи ранети украински војници во болница во Њујорк. „За нас е многу...

Новиот „Сноуден“ и Договорот за автопатите со „Бехтел и Енка“ го одбележаа април во (дез)информациска смисла

Протекувањето на огромен број доверливи документи од американските институции, откриено во април, како и деталите од Договорот за изградба на автопатско решение на Коридорите 8 и 10 д, беа теми од кои извираа најмногу информации и дезинформации во македонскиот медиумски простор во текот на април. Покрај ова,  продолжија и стандардните дезинформациски наративи пред сè од Москва, а кои се...

Пендаровски: Предложив да се забрани влез во земјава на европратеник и други лица од Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски по вчерашната, 18. седница на Советот за безбедност, која се одржала во проширен состав, соопшти дека предложил да се забрани влезот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и уште неколкумина бугарски националисти кои најавија дека ќе дојдат во земјава за да го одбележат роденденот на Гоце Делчев. Седницата на Советот уследи по испадот на Џамбаски на панихидата на Мара...

Пендаровски: Ако од бугарска страна пак се спори идентитетот, да се повлечеме од преговорите

По денешната средба со членовите од Советот за безбедност, кажав дека откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, очекувам во заклучоците на Влада, да стои дека од денот кога ќе ги зaпочнеме и завршиме преговорите, ако има дополнителни обиди од бугарските власти повторно да споменуваат прашања за македонската историја и идентитет, да не чекаме друг да не блокира, туку...

Пендаровски: Срам за нашата држава беа сликите кои ги гледавме минатиот викенд во Србија

По одржувањето на 12-тата седница на Советот за безбедност на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, Претседателот на РСМ Стево Пендаровски во изјавата после седницата рече дека државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување, ниту пак да се повторат сликите од изминатиот викенд кога граѓаните масовно се упатуваа...

Советот за безбедност утре ќе одржи седница, ќе се разговара за ковид-19 пандемијата

Утре, 30 март 2021 година, вторник, со почеток во 14:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. „На седницата ќе се разговара за актуелната состојба...

Советот за безбедност ја разгледа информацијата за стратешки набавки во Армијата

Совет за безбедност фото: кабинет на претседателот
Највисока стратегиска цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и геостратегиска положба. Toa го соопштија од Кабинетот на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски,...

Владата прогласи кризна состојба во следните 30 дена

На вечерашната 23. седница, којашто се одржа видеоконференциски, Владата донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје поради пандемијата на ковид-19. Одлуката е на сила во следните 30 дена. Одлуката е донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на...

Владата најдоцна до утре вечер ќе прогласи кризна состојба на целата територија во траење од 30 дена

Советот за безбедност на денешната 10. седница ѝ предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на целата држава во траење од 30 дена, информираше претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по завршувањето на седницата на која се разговараше за состојбата со ковид-19. Пендаровски оваа состојба ја оцени за исклучително сериозна и оттука предлогот за кризна состојба, која на Армијата...

Советот за безбедност утре ќе одржи седница поради состојбата со ковид-19

Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре, 29 октомври 2020 година, со почеток во 11:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе одржи седница, информираат од претседателскиот кабинет.  „На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара...

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за уште две недели

„Имајќи го предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица, во текот на денешниот ден ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба, која ќе започне да важи од утре. Сакам посебно да нагласам дека одлуката е поврзана исклучиво со намерата да и се овозможи на владата и на останатите надлежни...

Спасовски: Ќе направиме се за функционирање на институциите и одржување на изборите

„Една од причините за новите 14 дена вонредна состојба се темели и на тоа дека треба да носиме одлуки кои ќе значат поддршка на рестартирањето на македонската економија, поддршка на граѓаните, со цел да се надмине ова што ни се случуваше како резултат на здравствената криза“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски, по денешниот состанок на Советот за безбедност кај...

Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 30 мај

Претседателот Стево Пендаровски по одржаната седница на Советот за безбедност соопшти дека вонредната состојба во земјава ќе се продолжи до 30 мај. Тој ќе потпише трета одлука за прогласување на вонредна состојба, но овој пат таа ќе трае само 14 дена. Овој период ќе биде доволен за спроведување на економските мерки и за справување со корона вирусот во нашата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...