fbpx
Таг: Совет за безбедност на ОН

таг: Совет за безбедност на ОН

Северна Кореја е непосредна воена закана, смета министерот за одбрана на САД

Северна Кореја забрзано развива ракета со нуклеарна боева глава која може да претставува закана за Соединетите Американски Држави и за други земји, изјави денеска американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, говорејќи на меѓународна конференција во Сингапур. Министерот за одбрана на САД ја нарекол Северна Кореја „непосредна воена закана“, јавуваат светските агенции. Матис истакнал дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп...

Советот за безбедност на ОН се закани со нови санкции кон Пјонгјанг

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ја усвои резолуцијата со која остро се осудуваат последните тестирања на ракети од страна на Северена Кореја и се закани со нови санкции кон Пјонгјанг, јавуваат светските агенции. Со резолуцијата, која е усвоена едногласно, се осудува однесувањето и „илегалните активности“ на властите во Пјонгјанг, кои се повикуваат повеќе да не изведуваат нуклеарни проби...

Русија ја блокираше осудата на Северна Кореја во СБ на ОН

Русија ја блокираше осудата на Северна Кореја во Советот за безбедност на ОН, која ја предложија САД, а беше поддржана и од Кина, по неуспешниот обид на Пјонгјанг за лансирање ракети, велат дипломатите. Во предложената декларација, во која АФП имале увид, се бара Пјонгјанг да се воздржи од спроведување нуклеарен тест или балистички проектили, по неуспешните лансирања во неделата. Во декларацијата,...

СБ на ОН треба да гласа резолуција за Сирија, Русија веројатно ќе постави вето

Советот за безбедност на ОН денеска би требало да гласа за резолуција со која се бара сириската влада да соработува во истрагата за нападот за кој постои сомнеж дека е изведен со хемиско оружје во провинцијата Идлиб, а неименувани дипломати наведуваат дека Русија најверојатно ќе вложи вето. За резолуцијата ќе се гласа во време кога американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон,...

Руски државјанин роден во Киргистан осомничен за нападот во Санкт Петербург

Руски државјанин, роден во Киргистан е осомничен за бомбашкиот напад во воз, во метрото во Санкт Петербург во кој, вчера загинаа 14 лица, а 49 беа повредени, јавуваат руските агенции, повикувајќи се на службите за безбедност во земјата. Киргистанските безбедносни служби, како што пренесува „Би-би-си“, го идентификувале напаѓачот како Акбарзон Јалилов, кој, според информациите, бил роден во градот Ош во...

Советот за безбедност ја продолжи мисијата на ОН во Авганистан

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа едногласно ја донесе резолуцијата со која се продолжува мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА) до март 2018 година. Во неа, како што пренесуваат светските медиуми, се изразува сериозна загриженост поради присуството и потенцијалното зајакнување на разгранокот на Исламска држава, што претставува сериозна закана за безбедноста на Авганистан и на земјите во регионот. Советот за...

Косово заслужува полноправно членство, смета новиот амбасадор на САД во ОН

Новиот амбасадор на САД во ОН, Ники Хејли, се заложи за полноправно членство на Косово во ОН, пренесува„Коха нет“ (koha.net). - САД веруваат дека меѓународната заедница треба да признае оти Косово направи големи чекори од прогласувањето независност. Косово заслужува да го заземе местото што му припаѓа во меѓународната заедница, вклучувајќи и полноправно членство во ОН - рекла Хејли на седницата...

Состанок на Советот за безбедност на ОН поради ракетните тестови на Северна Кореја

Соединетите Американски Држави, Јапонија и Јужна Кореја денеска побараа итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации за севернокорејското лансирање на нов тип балистичка ракета со среден до долг дострел, соопшти денеска претставник на мисијата на САД во ОН. Како што соопшти јужнокорејската војска, Северна Кореја користела систем „студено исфрлање“, каде проектилот го покрева компресиран гас. Јужнокорејската војска наведе...

Советот за безбедност на ОН го осуди нападот во Ерусалим

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска најостро го осуди терористичкиот напад во Ерусалим, во кој загинаа четири лица и им изрази сочувство на Владата и на народот на Израел. Како што се наведува во соопштението, неопходно е да се изнесат пред лицето на правдата тие што се одговорни за нападот и се истакнува дека тероризмот во сите облици станува најсериозна закана...

Концептот на две држави е единствениот пат за мир меѓу Израел и Палестина, порача Кери

Успехот на израeлско-палестинскиот мировен договор, базиран на концептот на две држави, е доведен во голема опасност, истакна денеска државниот секретар на САД, Џон Кери. Тој нагласи дека резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се осудува изградбата на еврејски населби на окупираните палестински територии, е во линија со американските вредности. Минатиот петок, САД решија да не стават...

Трамп: Израел не смее да биде третиран со презир и со непочитување

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска, во пресрет на говорот на државниот секретар Џон Кери за израелско-палестинскиот судир, порача дека не смее да се дозволи Израел да биде „третиран со таков презир и непочитување“. „Имаа (Израел, н.з) голем пријател во САД, но не повеќе. Почетокот на крајот беше ужасниот договор со Иран и сега ова (Обединетите нации)! Остани силен Израел,...

Советот за безбедност на ОН го осуди нападот во Берлин

Советот за безбедност на ОН го осуди „варварскиот и малодушен терористички напад“ на божиќниот панаѓур во Берлин и апелира изврштелите да бидат изведени пред лицето на правдата. „Секој акт на тероризам претставуваа кривичен чин за кој нема оправдување, без разлика кои се мотивите, на тоа каде, кога и кој го извршил“, соопштија од Советот за безбедност. Одговорноста за нападот со камион...

Советот за безбедност на ОН треба да гласа за помош за Алепо

Советот за безбедност на ОН денеска треба да гласа за резолуција со која се бара итен и безусловен пристап на претставниците на Обединетите нации во деловите на Алепо што се под опсада, како и во Сирија за да се овозможи испорака на хуманитарна помош. Советот на безбедност претпладне ќе одржи консултации за резолуцијата што ја подготви Франција, а потоа ќе биде одржан и...

Франција и Германија повикаа на итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Алепо

Франција и Германија вечерва повикаа на одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за ситуацијата во сирискиот град Алепо, јавуваат светските агенции. Амбасадорот на Франција во ОН, Франсоа Делатр, предупреди дека доколку не се постигне договор за безбедна евакуација на цивилите и не им се овозможи пристап на хуманитарните работници и меѓународните набљудувачи во Алепо,...

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на ОН за Алепо

Русија и Кина синоќа ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за седумдневен прекин на огнот во сирискиот град Алепо. Русија во образложението за ветото рече дека прекинот на огнот ќе им овозможи на бунтовниците да се прегрупираат и оти на Вашингтон и на Москва им е потребно време за да разговораат за идните чекори во...

Франција бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Алепо

Шефот на француската дипломатија, Жан Марк Еро, денеска побара да се свика итен состанок на Советот за безбедност на Обединетоте нации поради ситуацијата во сирискиот град Алепо, кој е уништен во борбите. Еро во соопштението апелира дека е неопходно да се дозволи доставување хуманитарна помош за загрозените. Сириската војска и нејзините сојузници од вчера се во голема офанзива за освојување на...

Меѓународен тим на ОН го обвини режимот на Асад за употреба на хемиско оружје

Силите на сирискиот режим во март минатата година извршиле и трет напад со хемиско оружје, било наведено во извештајот, кој меѓународен тим на експерти синоќа му го доставил на Советот за безбедност на Обединетите нации, јавува „Би-би-си“. Во доверливиот извештај, кој протекол во медиумите, било наведено дека има доволно докази дека сириските сили се одговорни за нападот со хемиско...

Србија ќе побара заседавање на Советот за безбедност на ОН поради законот за Трепча

Директорот на канцеларијата за Косово на владата на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска изјавил дека не го признава законот за Трепча, кој синоќа го усвои собранието на Косово, и дека ќе предложи српската влада итно да побара заседавање на Советот за безбедност на ОН, поради кршење на Резолуцијата 1244. Имено, законот за Трепча предвидува овој рударско-металуршки комбинат да стане акционерско друштво...

ООН повика да се ограничи правото на вето во Советот за безбедност

Врховниот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ел Хусеин, го повика Советот за безбедност на ОН да го ограничи правото на вето на своите постојани членови за решавање на проблемот во Алепо. - Цврсто верувам дека дојде време за силно раководење и за смели акции, а Советот за безбедност на ОН би требало без одложување да ги усвои...

ОН најавија нови санкции кон Пјонгјанг по нуклеарната проба

Советот за безбедност на Обединетите нации се согласи да изрече нови санкции кон Северна Кореја, откако Пјонгјанг вчера ја изведе петтата и најсилна досега нуклеарна проба, јавуваат светските медиуми. Одлуката е донесена на вонредниот состанок на 15-члениот совет, јавува „Би-би-си“. Јужнокорејската претседателка, Парк Гуен Хје, вчера жестоко ја осуди нуклеарната проба и изјави дека „провокациите на Северна Кореја го забрзуваат нејзиното...

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...