fbpx
Таг: Совет за безбедност на ОН

таг: Совет за безбедност на ОН

Две години војна во Украина: Министрите за надворешни работи се обратија на Советот за безбедност на ОН

По повод одбележувањето на две годишнината од руската инвазија врз Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации одржа брифинг за Украина, каде се обратија голем број Министри за надворешни работи и други високи функционери. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк се обрати на брифингот. „Две години од инвазијата на Руската Федерација на...

САД подготвени да гласаат за ублажена резолуција во ОН за војната во Газа

Денеска се очекува конечно да се гласа за резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за безбеден пристап до хуманитарна помош и обезбедување на условите за примирје во појасот Газа, известува Гардијан. Сегашното барање е значајно помало од првичната верзија на резолуцијата, која бараше итно примирје. Оваа недела интензивно се работеше на тоа да се промени резолуцијата така...

Бројот на убиени во Газа од почетокот на војната надмина 20.000

Како што хуманитарната состојба во Газа континуирано се влошува, така и преговорите за примирје во регионот континуирано се комплицираат. Според Министерството за здравство во Газа, бројот на жртви во Газа надминал 20.000, известува Би-би-си. Советот за безбедност на Обединетите нации повторно го одложи гласањето за примирје во Газа, со цел реформулирање на резолуцијата за да биде прифатлива за САД. Претставници...

Лидерот на Хамас пристигна на преговори во Египет

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех пристигна во Египет за да се сретне со египетски посредници во преговорите со Израел. Се смета оти ќе се преговара околу воведување примирје во Газа, известува Би-би-си. Ханијех, инаку, живее во Катар. Според Гардијан, средби меѓу премиерот на Катар и високо рангирани членови на ЦИА поминале „позитивно“. Сепак, еден од присутните на средбите рекол дека...

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за резолуција за примирје во Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе гласа за резолуција за примирје во Газа. Се очекуваше вчера да се одржи гласањето, но истото беше одложено за да се допрецизира формулацијата на барањето на резолуцијата, известува Би-би-си. Конкретно, се ублажува барањето на „прекин на огнот“ во „суспензија на огнот“, со цел да се добие поддршка и од Соединетите...

Израел бомбардираше камп за бегалци во Газа, најмалку 90 загинати

Синоќа израелските одбранбени сили го бомбардираа кампот за бегалци Џабалија, кој се наоѓа на северот на појасот Газа. Според Mинистерството за здравство на Газа, во нападот има најмалку 90 загинати, известува Гардијан. Ова не е првпат кампот Џабалија да биде бомбардиран од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Газа, кој започна на 7 октомври. Џабалија беше таргетиран на 31 октомври. Дополнително,...

Советот за безбедност на ОН ќе заседава за Газа, ОН предупредува на нови раселувања

Откако генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш се повика на членот 99 од Повелбата на ОН, Советот за безбедност денеска ќе треба да заседава за состојбата на Блискиот Исток, јавува весникот Гардијан. Гутереш бара хуманитарен прекин на огнот во Газа за да се спречи катастрофа со потенцијално неповратни импликации за Палестинците, но и за целиот Блиски Исток. Тој го...

Рама го замолчи рускиот амбасадор во ОН: Прекинете ја војната во Украина и Зеленски нема да зборува

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја синоќа беше замолчен од албанскиот премиер Еди Рама на почетокот од состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации. Небензја му се спротивстави на Рама, кој претседаваше со состанокот, во моментот кога Рама му даде збор на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во однос на давањето збор на Зеленски, рускиот амбасадор ја укори Албанија,...

Русија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН, за Украина ова е „најлошата првоаприлска шега“

Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и покрај тоа што Украина ги повика членките да го блокираат потегот. Секоја од петнаесетте земји-членки на Советот за безбедност го презема претседателството на еден месец, по ротирачки модел. Последен пат кога Русија претседаваше, во февруари 2022 година, земјата започна целосна инвазија на Украина. Тоа значи дека Советот за...

Османи пред Советот за безбедност на ОН: Итно повлекување на руските сили од Украина

На една година од руската инвазија врз Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право“, информираат од Министерството за надворешни работи. Оваа отворена дебата доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на...

ОН бара итен прекин на борбите и пристап до нуклеарната електрана во Запорожје

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) одржа итен состанок во врска со ситуацијата во нуклеарната електрана во Запорожје, која од пролетва се наоѓа под руска окупација. Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, рече дека е екстремно критична. Откако неколку пати беше гранатирана нуклеарната електрана деновиве, еден реактор е...

Гутереш до Путин: Во име на човештвото, вратете ги вашите сили назад во Русија

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) Антонио Гутереш апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ги запре своите сили, додавајќи дека рускиот напад на Украина е најтажниот момент во неговиот петогодишен мандат. „Претседателу Путин, запрете ги вашите сили од нападот на Украина. Дајте му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе загинаа“, изјави тој отворајќи ја итната седница на Советот за...

Русија ги призна двете пара-држави отцепени од Украина, Западот воведува санкции

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја потпиша одлуката за признавање на независноста на двете пара-држави - Народните републики Луганск и Донецк и со тоа отвори ново поглавје од украинскиот конфликт започнат во 2014 година. Тој го потпиша и декретот за испраќање на руски војници таму. Русија за денеска го најави потпишувањето на договорите за соработка со лидерите на двата...

Советот за безбедност на ОН има шест нови земји-членки

Советот за безбедност на Обединетите Нации има шест нови членки Екваторска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Кувајт, Перу и Полска. Знамињата на овие земји, денеска беа поставени пред седиштето на ОН во Њујорк. Египет, Јапонија, Сенегал, Украина и Уругвај го завршија својот мандат минатата година. Советот за безбедност на ОН има 15 членки помеѓу кои и постојаните Кина, Франција, Русија,...

Дипломатските средства за Северна Кореја се при крај, вели амбасадорката на САД во ОН

Доколку САД ги исцрпат дипломатските опции за да ја убедат Северна Кореја да ја запре нуклеарната програма, тогаш најверојатно работите во свои раце ќе ги преземе Пентагон, вели амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, за „Си-ен-ен“. - Ние сакавме да бидеме одговорни и да ги искористиме сите дипломатски средства за да го привлечеме нивното внимание. Ако тоа не...

Ракетниот тест е подготовка за воени акции во Пацификот, порача Пјонгјанг

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го оценил вчерашното тестирање на балистичката ракета како успешно и го опишал како подготовка за напад на американскиот остров Гуам во Пацификот, се наведува во соопштението што го пренесе државната новинска агенција на Северна Кореја - КЦНА. Во соопштението се наведува дека Ким Џонг-ун изразил големо задоволство поради успешниот тест и наредил уште неколку слични тестирања во...

Северна Кореја истрела ракета преку Јапонија, итна седница на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе одржи итна седница на барање на САД, Јапонија и на Јужна Кореја, откако Пјонгјанг истрела балистичка ракета што ја прелета територијата на Јапонија пред да падне во Тихиот Океан. Како што јавуваат светските медиуми, сирените за тревога се активирале во северниот дел на Јапанија, предупредувајќи ги луѓето да побараат засолниште, а железничкиот...

Северна Кореја е непосредна воена закана, смета министерот за одбрана на САД

Северна Кореја забрзано развива ракета со нуклеарна боева глава која може да претставува закана за Соединетите Американски Држави и за други земји, изјави денеска американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, говорејќи на меѓународна конференција во Сингапур. Министерот за одбрана на САД ја нарекол Северна Кореја „непосредна воена закана“, јавуваат светските агенции. Матис истакнал дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп...

Советот за безбедност на ОН се закани со нови санкции кон Пјонгјанг

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ја усвои резолуцијата со која остро се осудуваат последните тестирања на ракети од страна на Северена Кореја и се закани со нови санкции кон Пјонгјанг, јавуваат светските агенции. Со резолуцијата, која е усвоена едногласно, се осудува однесувањето и „илегалните активности“ на властите во Пјонгјанг, кои се повикуваат повеќе да не изведуваат нуклеарни проби...

Русија ја блокираше осудата на Северна Кореја во СБ на ОН

Русија ја блокираше осудата на Северна Кореја во Советот за безбедност на ОН, која ја предложија САД, а беше поддржана и од Кина, по неуспешниот обид на Пјонгјанг за лансирање ракети, велат дипломатите. Во предложената декларација, во која АФП имале увид, се бара Пјонгјанг да се воздржи од спроведување нуклеарен тест или балистички проектили, по неуспешните лансирања во неделата. Во декларацијата,...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...