fbpx
Таг: Совет на Европа

таг: Совет на Европа

Moneyval: Македонските власти да ја зајакнат борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот

Властите во Северна Македонија дополнително да ги зајакнат мерките за борба против перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата, особено во областите на истрагата и обвинителството, се повикува во новиот извештај на MONEYVAL - телото на Советот на Европа за борба против перењето пари, кој беше објавен денеска. MONEYVAL подготвува сеопфатна проценка за нивото на усогласеност на земјата...

Ковачевски: Дискурсот што го користи Бугарија кон Северна Македонија е многу сличен на дискурсот на Русија кон Украина

Дискурсот што Бугарија го користи кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот на Руската Федерација кон Украина, рече премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на Генералната дебата на Самитот на Советот на Европа, што денеска се одржува во Рејкјавик, Исланд. Ковачевски ова го кажа откако претходно на тркалезната маса „Обединети за Европа“, како што јави бугарската агенција...

Грозоморното обезглавување на украински војник осудено од меѓународната заедница

Безмилосното обезглавување на украински воен заробеник, снимено на видео од руски војници, предизвика лавина реакции од меѓународната заедница, којашто побара истрага за грозоморното убиство и изведување на виновниците на суд. Марија Пејчиновиќ - Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа, во кој членуваат 46 држави, ја осуди бруталната егзекуција на украинските војници од страна на руските сили. „Ужасната сум од видеото...

Грковска – Роутанен: Младите се наши партнери во креирањето политики за добро владеење

Младите се важен партнер во креирањето политики за добро владеење, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на средбата со генералниот директор за демократија и човечко достоинство во Советот на Европа, Марја Роутанен. На состанокот што се одржа во Анталија, Турција на маргините на 17-тиот конгрес на Советот на Европа, на кој учествуваа министрите задолжени за спорт,...

Отворена порта: И десетгодишни деца се жртви на трговија со луѓе

Ако пред десетина години возрасната граница на децата – жртви на трговија со луѓе била од 16 години нагоре, сега таа се намалува и жртвите се од 10 до 17 години. Најмалата жртва на трговија со луѓе кај нас, според податоците на Отворена порта, во критичниот момент имала само 10 години. Ова беше истакнато денеска по повод Европскиот ден...

Не постои активен механизам за промовирање на недискриминација и еднаквост

Во моментот во земјава не постои активен механизам за промовирање на недискриминација и еднаквост со фокус на говорот на омраза и кривичните дела од омраза, се вели во Анализата за состојбата со говорот на омраза која беше промовирана вчера. Според заклучоците од оваа анализа, оваа состојба се должи на недостаток на нова стратегија што создава несигурност и недоследност во...

Основен граѓански суд: „Од нас за нас“ е одговорна за сторена клевета против ХЕРА

Граѓанскиот суд Скопје, на 3 февруари пресуди дека Здружението „Од нас за нас“ сторило клевета против ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација, поради континуирано изнесување невистинити факти за самата организација и за сеопфатното сексуално образование преку неговата Фејсбук-страница. Како што велат во асоцијацијата, Граѓанскиот суд потврдил дека невистините изнесени од страна на „Од нас за нас“ се штетни за угледот...

Гутереш до Путин: Во име на човештвото, вратете ги вашите сили назад во Русија

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) Антонио Гутереш апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ги запре своите сили, додавајќи дека рускиот напад на Украина е најтажниот момент во неговиот петогодишен мандат. „Претседателу Путин, запрете ги вашите сили од нападот на Украина. Дајте му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе загинаа“, изјави тој отворајќи ја итната седница на Советот за...

(ВИДЕО) „Дубиоза Колектив“ настапи во Советот на Европа во Стразбур

Популарната музичка група „Дубиоза Колектив“ од Босна и Херцеговина свиреше за време на собирот во седиштето на Советот на Европа во Стразбур на Светскиот форум за демократија. Како што пишува „Радио Сараево“, босанските музичари ги распеале учесниците на форумот, активистите и бирократите. Членовите на „Дубиоза Колектив“, освен настапот, упатија и порака до Советот на Европа дека голем број на луѓе ја...

ЕУ и Совет на Европа: Ковид пандемијата ја зголеми трговијата со деца во земјите од Западен Балкан

Трговијата со деца во земјите од Западен Балкан е во пораст. Пандемијата на ковид-19 направи децата да бидат уште поизложени на трговија поради растечката економска несигурност, невработеноста и ограничувањата на движењето. Тие се предмет на трговија поради различни причини на експлоатација: сексуална, вклучително и продуцирање и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба, присилни бракови, питачење и криминални активности, како...

Граѓаните можат да побараат бесплатна правна помош преку нова веб-страница

Во организација на Советот на Европа и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, денеска се одржа официјална онлајн-промоција на веб-страницата www.pravnapomos.mk, преку која граѓаните може да се информираат за правото кое државата им го дава во вид на бесплатна правна помош, информираат од Министерството за правда. Свое обраќање на промоцијата имаше и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој...

Пандемијата не е изговор за ограничување на слободата на говорот

Советот на Европа ги предупредува земјите членки да не ја користат пандемијата со корона-вирусот за замолчување на медиумите, свиркачите или политичките противници. Ваков апел Советот упати на почетокот на април преку документ, со кој им дава насоки на земјите членки како поуспешно да се справат со падемијата на корона-вирусот и во исто време да ги почитуваат основните човекови права...

Граѓанските организации во Албанија остро протестираат против „Пакетот против клевета“

Десетина граѓански организации, институти, центри и медиуми од Албанија денеска ја повикаа албанската влада да ги повлече двата предлог-закони доставени во парламентот популарно наречени „Пакет против клевета“. Доколку владата не ги повлече законите, парламентот да не ги усвојува законите, побараа иницијаторите, пренесува Faktoje.al. „Важноста на слободата на изразување во едно демократско општество се рефлектира во широко распространетата заштита што му...

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја освои наградата за човекови права „Одисеј“

Наградата за човекови права на Советот на Европа - „Одисеј“ вчера ѝ беше доделена на македонската режисерка Теона Стругар Митевска за својот последен филм: „Господ постои, името ѝ е Петрунија“. Како што соопштија од продукцијата „Сестри и Брат Митевски Продукција Македонија“, наградата била доделена во рамки на настанот „Европски кино звезди и платно“. Во состав на жирито биле 10 амбасадори...

Медиумско-преведувачка конфузија: Мешање на Советот на Европа со Европскиот Совет

При известувањето за неодамнешните случувања поврзани со не/добивањето датум за почеток на преговори за приклучување на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, низа медиуми погрешно ги пренесоа имињата на клучните европски институции.  Анализата објавена од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - Критинк“ документира конфузна и погрешна употреба на имињата на институциите во вестите за средбата на Советот на министри на...

Советот на Европа го врати правото на глас на Русија

Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) денеска изгласа враќање на правото на глас на Русија, кое ѝ беше одземено пред пет години, кога Крим со референдум ја поврати укинатата автономија и изгласа присоединување кон Руската Федерација. Русија потоа го припои Крим на својата територија, што беше карактеризирано како анексија на украинска територија. Собранието на седницата во Стразбур враќајќи го...

Првиот круг беше мирен и транспарентен, велат меѓународните набљудувачи

Претседателските избори во Северна Македонија се добро спроведени, но на законската рамка сѐ уште ѝ треба подобрување, велат меѓународните набљудувачи, кои вчера ги презентираа првичните наоди. - Фундаменталните слободи на собир и изразување беа почитувани и денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен. Меѓутоа, сѐ уште има голема потреба од широка изборна реформа - порачаа тие. Според Серин Моборн, специјална...

Советот на Европа алармира за рестриктивните измени за медиумите во Изборниот законик

Советот на Европа вчера на својата платформа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите објави јавно предупредување за измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои можат да имаат негативно влијание врз слободата на медиумите во Македонија. Во предупредувањето стои дека македонската држава е изворот на ваквото загрозување на слободата на медиумите, информираат од Здружението на новинари на Македонија, Предупредување...

ГРЕКО: Македонија не напреднала во спречувањето корупција на пратениците и судиите

Во својот втор извештај за усогласеност, објавен денеска, ГРЕКО (Група на земји против корупцијата), организација што функционира во рамките на Советот на Европа порача дека „Поранешна југословенска република Македонија не направила суштински напредок во спроведување на препораките за спречување корупција меѓу пратениците, судиите и обвинителите.“ Извештајот за усогласеност е направен според Ситуацискиот извештај со дополнителни информации за спроведувањето на 19-те...

Јагланд: Договорот покажува дека зборувањето за најтешките проблеми, овозможува решенија

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд го поздрави договорот за спорот за името постигнат помеѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. – Овој договор доаѓа долго време. Покажува дека зборувањето, слушањето и разбирањето на меѓусебните загрижености ни овозможува да најдеме решенија дури и за најтешките проблеми. Лидерите на двете земји членки поставија пример за...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...