!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Европскиот суд пресуди: Нема социјална помош за секого


Луксембург, 11 ноември, 2014 - 13:58 (META) 

Европскиот суд за правда во Луксембург денеска објави пресуда со која невработени европски граѓани нема повеќе да можат да уживаат социјална помош во земја-членка на Европска Унија каде немаат работен стаж или не бараат активно работа.

Одлуката е донесена откако германски суд одбил да ѝ даде социјална помош за Романка, Елизабета Дано, која се преселила во Германија заедно со својот син, Флорин.

Судот не гледа дискриминаторски однос на германските власти во овој случај, потсетувајќи дека според европското право, земјите-членки на ЕУ немаат обврска да пружаат социјална помош за невработени во првите три месеци престој на граѓани од други земји-членки на Унијата.

Европската Комисија ја поздрави одлуката на судот, истакнувајќи дека таа ќе помогне да се разграничат слободата на движење во ЕУ и злоупотреба на европските социјални системи.