fbpx
Таг: социјална заштита

таг: социјална заштита

Законот за социјална заштита и понатаму ги спречува дипломираните семејнолози да се вработат во државни институции

Дипломираните студенти семејнолози на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје и понатаму не можат да се вработат во јавните установи за социјална заштита. За разлика од нивните колеги – психолози, педагози, логопеди и воспитувачи, профилот семејнолог отсуствува во Законот за социјална заштита каде што се предвидени категориите на работни места на вработените во државните институции. Факултетот...

Вистиномер: Центрите за социјална работа активно работат, документацијата за давање помош е намалена

Центрите за социјална работа функционираат согласно измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита од мај 2019 година. Принципот на менаџирање на случаи се имплементира, менаџерите на случаи ги водат истите според територијален принцип семејствата кои остваруваат права од областа на социјалната заштита и заштитата на децата, но исто така и услуги согласно законот, велат од Министерството за труд...

Високи 75 отсто од младите во земјава живеат заедно со своите родители [Инфографик]

Република Северна Македонија е меѓу првите земји во Европа каде процентот на млади од 18 до 34 години што живеат заедно со своите родители е загрижувачки голем. Според податоците произведени од Европската Комисија, Македонија се искачува на четвртото место на листата европски земји веднаш по Црна Гора, Хрватска и Албанија. !function(e,i,n,s){var t="InfogramEmbeds",d=e.getElementsByTagName("script");if(window&&window.initialized)window.process&&window.process();else if(!e.getElementById(n)){var o=e.createElement("script");o.async=1,o.id=n,o.src="https://e.infogram.com/js/dist/embed-loader-min.js",d.parentNode.insertBefore(o,d)}}(document,0,"infogram-async"); Инфоргафик - млади лица во Европа на возраст...

Студентите и дипломираните семејнолози преку онлајн петиција бараат да бидат вметнати во Законот за социјална заштита

Дипломираните семејнолози од Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет на УКИМ со години се соочуваат со проблеми при вработување во јавните установи за социјална заштита. За разлика од нивните колеги – психолози, педагози, логопеди и воспитувачи, профилот семејнолог отсуствува во Законот за социјална заштита, каде што се наведени категориите на работни места на вработените во државните институции. Дипломираните и...

Потпишани 10 нови договори за грант со општините за пружање услуги на стари лица и лица со попреченост

Општините Чучер Сандево, Бутел, Јегуновце, Теарце, Желино, Крива Паланка, Кичево, Македонски Брод, Центар Жупа, Струга, Демир Хисар, Кавадарци и Струмица се новите локални самоуправи кои потпишаа 10 нови договори за грант за развој на социјалните услуги со Министерството за труд и социјална политика. Со нив, тие се обврзуваат на давање услуги на старите лица и на лицата со попреченост,...

Од понеделник етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита во банките

Корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита од од понеделник (4 мај) ќе можат да ги подигнат своите месечни средства. Од Министерството за труд и социјална политика известуваат дека исплатата на паричната помош во банките ќе се врши етапно, по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето и тоа: - 04.05.2020 (понеделник) исплата...

Светска банка со позитивна оцена за реформите на системите за социјална и детска заштита

Светска банка дава позитивна оценка за реформите на системите за социјална и детска заштита, предложени од Министерството за труд и социјална политика, со кои се очекува трајно да се намали сиромаштијата во Македонија и да се обезбедат еднакви услови за раст и развој за секое дете, информираат од МТСП. Во рамките на извештајот се препорачува и поддржува трансформација на програмата...

СДС да престане со манипулации и лаги за стечајците, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Крајно лицемерно е СДС да зборува за социјална заштита и грижа за функционирањето на социјалните работници, кога додека беа на власт, со прст не мрднаа за подобрување на системот на социјална заштита, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за стечајните работници. Во него се додава дека „СДС остави на улица 200.000 работници и стави клуч на 684 фабрики оставајќи без...

Кај Царовска стигнале само две забелешки за стратегијата за бегалците

Само две забелешки стигнале во Министерството за труд и социјална политика денеска, на последниот ден кога организациите или граѓаните може да даваат предлози или забелешки за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. До вчера немаше стигнато ниту една реакција, иако уште пред 18 дена, кога...

Стратегијата на Царовска за интеграција на бегалците била само „необврзувачки патоказ“

Министерството за труд и социјална политика на својата веб-страница објави нацрт-верзија на нова стратегија за интеграција на бегалци и на странци и национален акциски предлог-план за период од 10 години, односно за периодот од 2017 година до 2027 година и истовремено посочи дека почнува јавна дебата за мерките предвидени во двата документа, која ќе трае до 8 август годинава....

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги пропушти шансите да ја унапреди социјалната грижа

СДСМ имаше неколку шанси да реализира проекти за граѓаните од областа на социјалата, вклучително и кога Фросина Ременски беше министер за труд и социјала, но, за жал, тие само водеа гола политика и не спроведоа ниту еден проект, порача ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на  Мила Царовска, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ. „Ваквите ветувања...

Царовска: Новата влада на СДСМ ќе воведе семеен социјален работник

Новата влада на СДСМ планира да го измени Законот за социјална заштита и да воведе семеен социјален работник, кој ќе помага на сите граѓани кои имаат одреден проблем што не можат самостојно да го решат, како различни партнерски односи, конфликти и комуникација со деца, развојни проблеми кај децата, недоразбирања со семејствата и заедницата, порача денеска Мила Царовска, претседателка на...

Грција побарала заем од Светската банка

Грција побарала заем од Светската банка, пренесува американскиот интернет-магазин „Политико“. Сумата засега не е јавно позната, а како што пишува „Политико“, извор од банката изјавил дека грчката влада побарала финансиска помош за да се справи со проблеми како долгогодишната невработеност и потребата за економски развој и социјална заштита. Според „Политико“ и грчкиот весник „Катимерини“, грчката влада официјално не го потврдува барањето...

Македонски и руски експерти почнаа преговори за договор за социјална сигурност

Македонски и руски експерти, минатата недела, во Москва, го одржале првиот круг преговори за склучување договор меѓу двете земји за социјална сигурност, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. На преговорите, кои се одржале од 18 до 20 октомври, двете страни размениле информации за правните прописи во областа на пензиското и на здравственото осигурување, права при невработеност, повреда при работа,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...