fbpx
Таг: Социјална помош

таг: Социјална помош

Во Бугарија од денеска минималната плата повисока за 153 лева, се искачи на 477 евра

Од 1 јануари 2024 година, минималната плата во Бугарија изнесува 933 лева (477 евра, според курсот на Централната банка на Бугарија). До вчера минималната плата изнесуваше 780 лева, извести бугарскиот онлајн медиум mediapool.bg. Зголемувањето од 19,6 отсто беше донесено од бугарската влада во октомври минатата година, според формулата предвидена во Законот за труд. Таа предвидува дека минималната плата за следната...

Порталб: Болните со месеци немаат добиено пари за туѓа нега, МТСП не дава објаснување

Лицата на кои им е потребна помош и нега од друго лице не добиле парична помош веќе 7 - 8 месеци, пишува Порталб.мк. Повеќето од овие лица имаат неизлечиви болести и ним им е потребна постојана помош, лекови и грижа. Новинарите на Порталб се обратија до Министерството за труд и социјална политика и прашаа зошто овие лица не добиваат...

МТСП: Почна исплатата на парите за социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за август 2022 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5...

МТСП: Додатокот од 1.000 денари за енергетска помош ќе продолжи од октомври до март

По одредени информации изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1.000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош (ГМП), Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се огласи со демант на таквите шпекулации. Министерството објаснува дека дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП во период на вонредна состојба во државата како своевидна...

Расте бројот на социјално ранливите лица меѓу невработените во земјава [инфографик]

Поминаа речиси две години од имплементирањето на проектот „Активација на ранливите групи на пазарот на трудот“, и оттогаш до денес, согласно податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), изработени се 3.075 индивидуални планови за активација на граѓани. Проектот го спроведува Агенцијата за вработување во соработка со центрите за социјална работа и центрите за вработување во општините на...

Народниот правобранител бара социјалните центри да примаат документи без комисиски извештај

Граѓаните кои користат разни социјални услуги, меѓу кои и правото на паричен надомест за помош и нега од друго лице, не можат да си ги остварат овие права поради административни пречки во актуелната ситуација на ковид пандемија, посочуваат од канцеларијата на Народниот правобранител на РСМ. Документите кои се доставуваат во Центарот за социјална работа во Скопје и во општинските одделенија...

Социјалната помош од следната година трипати повисока

Трипати поголема социјална помош за најголем дел од семејствата во социјален ризик, преквалификација и доквалификација на работоспособните приматели со цел да можат да се вратат на пазарот на труд и да излезат од сиромаштија, како и олеснување на пристапот до детски додаток, предвидува реформата на социјалниот систем што треба да почне да се применува од 1 јануари наредната година,...

Повик до граѓаните да пријавуваат лица или семејства на кои им е потребна помош

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје (МЦРСР) апелира до граѓаните да го контактираат секогаш кога ќе добијат информација дека е потребна помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик. Пријавите ги разгледува специјализиран тим формиран минатата година. Тимот постапува по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги во надлежност на  Меѓуопштинскиот центар. Специјализираниот...

Царовска: Ќе побараме стан за семејството со трите деца што настрадаа во пожар

На семејството чии три деца минатата седмица загинаа во пожар во нивниот субстандарден дом во Велес, социјалните работници му нуделе сместување под кирија уште пред да се случи трагедијата, но, одбивало. Дали постои евентуален пропуст во нивната работа, испитува социјална испекција која во петокот и денеска е во велешкиот Центар, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа...

Центарот за социјални работи и Општина Велес ќе го организираат погребот на трите деца

Центарот за социјална работа во Велес и Општина Велес денеска се ангажираат за организирање на погребот на трите деца, две сестри и еден брат, на возраст од 1,2 и 4 години, кои вчера ги загубија животите во пожарот во нивниот дом под ридот Вршник во Велес, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Од министерството појаснуваат дека семејството било...

Бесплатно лекување и за лица до 18 години од семејства корисници на социјална помош

На денешната 68. седница на Владата, е донесена програмата за измени и дополнувања на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) која што покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18 годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош за 2018 година. Исто така, на денешната седница на предлог на Министерството за транспорт...

Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Македонија денеска потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата приматели на социјална помош. Извршителите ќе имаат пристап до посебен електронски регистар, така што веднаш ќе имаат увид дека станува збор за луѓе од ранлива категорија. -Со овој меморандум ние веднаш ќе можеме да...

ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемуваат ставки за договорни услуги, се крати за граѓаните

Владата на СДС спроведе ребаланс на буџет од кој јавноста виде дека ќе се зголемуваат ставки за договорни услуги, ќе се отвора простор за партиски вработувања, но затоа ќе се кратат средства за градинки, пензионерски домови и за дневни центри за згрижување на деца со посебни потреби, изјави на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма...

Царовска: Ако сте загубиле социјална помош поради брз трансфер на пари, конкурирајте пак

Корисниците на социјална парична помош што го загубиле правото поради пари добиени по брз трансфер во текот на претходната власт, да се обратат до центрите за социјална работа во градовите низ Македонија и повторно да побараат социјална парична помош, порача министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Таа појасни дека во целата земја има 910 такви случаи. – И...

Царовска: Пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно, социјалната помош ќе се зголеми

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средба во општинската организација на СДСМ во Центар, порача дека СДСМ како чинител на власта ќе најде начин да ги направи пензиите одржливи, како и двапати годишно тие да се усогласуваат со трошоците за живот. Според Царовска, во план е социјалната помош да се зголеми, но тоа ќе се случи следната...

Струмичани уценувале гласач дека ќе му ја укинат социјалната помош

На 10 декември, во 16 часот, во СВР Струмица, Г.К. (46) од Ново Село, Струмичко, пријавил повреда на слобода на определување на избирачите од страна на лицата С.М. и П.Г. од истото село. Имено, на 5 декември, С.М. и П.Г дошле во неговиот дом и му се заканувале дека ќе му ја укинат социјалната помош и дека ќе го убијат доколку...

Ременски нареди да не се подготвуваат решенија за права од социјална заштита

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска упати писмена наредба до директорите на меѓуопштинските центри за социјална работа за итно запирање на подготвувањето на секаков вид решенија поврзани со правата од социјалната заштита, соопшти кабинетот на министерката. Во наредбата, како што стои во соопштението, министерката побарала центрите за социјална работа итно да достават информации за бројот на подготвени...

Германија вработила 30.000 бегалци, а 130.000 добиваат социјална помош

Германската сојузна агенција за вработување соопшти дека најмалку 30.000 бегалци биле вработени од минатата година досега. Но, германската влада и понатаму се обидува голем број од невработените да ги натера да најдат работа по пат на интеграциски мерки и курсеви за учење јазици. - Бегалците, главно, се вработуваат во сектори каде што има недостиг од соодветни кандидати – изјавил претставникот од Сојузната агенција...

Протест на кочанчани поради укината социјална помош

Поголема група приматели на социјална помош од Кочани денеска излегоа на протест пред Центарот за социјални работи, откако им беше укината социјалната помош. На досега редовните примања од државата, им пресудиле исплатените 300 денари приход од собраните и предадени пластични шишиња, се пожалија насобраните. Еден од нив го покажа документот со кој му се исплатени 350 денари за предадени шишиња. -...

Ременски: Бројот на невработени во ПИОМ и во ДЗС се разликува за 160.000

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, во интервју за граѓанското здружение „Цивил“, го покренува прашањето за тоа колку е реална стапката за намалената невработеност, имајќи предвид дека постои разлика во статистиката на државните институции за бројот на невработените. - Имаме и голема дилема во делот на бројките, особено ако се има предвид дека Фондот за пензиско и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...