fbpx
Таг: состојба

таг: состојба

Костовска: Има 15.800 лица заболени од грип, но бројката сигурно е поголема

Вкупно 15.800 лица заболени од грип побарале помош во здравствените установи заклучно со минатиот петок, информираше на прес-конференција државниот советник во Министерството за здравство, Јованка Костовска. - Од податоците што ги имаме во Институтот за јавно здравје, до минатата недела се пријавиле околу 9.500 заболени од грип. Сигурно оваа бројка е многу поголема бидејќи има и такви кои не биле на лекар и се...

Улиците во Стајковци под вода, но засега нема вода во подрумите и во куќите

Улиците во скопско Стајковци се полни со вода, но опасност од поплава барем засега нема, велат жителите од ова село. Тие додаваат дека состојбата со водата низ улиците не е алармантна, но ако дождот продолжи и понатаму засилено да врне, стравуваат да не се случи истото како летото, кога во силното невреме голем број од домовите беа уништени, а имаше...

Заев – Барнет: Кризата може да се реши со фер и демократски избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членката на извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска, попладнево се сретнал со потпретседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Дорис Барнет. Тема на состанокот била актуелната политичка ситуација и неопходноста од одржување на слободни и регуларни избори. - Кризата кулминираше поради криминално спроведени и одржани избори, што се покажа дека се случувале во повеќе изборни...

Атанасов: Состојбата во образованието е катастрофална

„Образованието во Македонија е во катастрофална состојба. Владата и министрите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ носеа лоши закони, остваруваа погрешни цели и трошеа многу пари на промашени проекти. Ја понижија просветата, особено со екстерното тестирање, кое, веднаш да кажам, ќе биде укинато“, изјави претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов. Тој додаде дека СДСМ ќе создаде образовен систем...

Македонските тур-оператори продолжуваат со организација на аранжмани за Турција

Тур-операторите и туристичките агенции, членки на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, кои имаат веќе договорени туристички аранжмани за Турција, продолжуваат да ги организираат патувањата до понудените дестинации. Ваква одлука синоќа донеле тур-операторите и туристичките агенции членки на Здружението при Комората, откако во Турција на 21 јули беше прогласена вонредна состојба која ќе трае три месеци. Во...

Компаниите полошо ја оценуваат економската состојба за годинава во споредба со лани

Компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение, состојбата во стопанството за 2016 година ја оценуваат како малку полоша во однос на минатата година. При оценување на клучните фактори, компаниите се жалат на дефицит на правна сигурност, политичка и социјална стабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата и непредвидливоста во политиката од која се води стопанството. Проценката за општата...

Дождовите отсекоа село во Кочанско

Надојдените води од околните ниви го отсекоа од општината Чешиново – Облешево селото Теранци. Водата, според Општината, го поплави патот и влезот во мостот што води до селото, па сега жителите го користат подолгиот пат преку Зрновци. Водата полека се повлекува, но патот сè уште е затворен. Како што соопшти портпаролката на Општината Чешиново – Облешево, Катерина Постолова, Министерството за земјоделство,...

Кочовски: Состојбата во металургијата е драматично влошена

Состојбата во металургијата драматично е влошена од крајот на 2015 година. Ова денеска го истакна претседателот на Здржението на металургија, Митко Кочовски. Причината за ова, како што вели тој, се глобалните пазарни (не)прилики, но и одредени системски недоследности во рамките на националната економија, кои продолжиле и на почетокот од оваа година. - Најголемите индустриски капацитети работат со преполовен капацитет. На пример, во „Фени индустри“,...

Намалена ликвидноста на банките

Во текот на четвртиот квартал на 2015 година, ликвидноста на банките се намали за 1.934 милиони денари во однос на крајот на третиот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај. Со тоа, состојбата на сметките на банките кај НБРМ во декември изнесуваше 15.960 милиони денари. На крајот на годината, примарните пари на годишна основа се повисоки за 0,6 отсто за разлика...

Македонија е последна во регионот во справувањето со клиентелизмот во медиумите

Македонија е најлошо рангирана кога станува збор за способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство е индикатор за постоење клиентелизам во институционалните процеси, клиентелистички практики поврзани со медиумската сопственост и постоење на висок ризик од клиентелизам според индикаторите што се однесуваат на медиумскиот пазар, беше речено на денешната конференција „Индекс на клиентелизам...

Иванов: Состојбата на јужната граница е високоризична

„Во моментов има 110 македонски граѓани кои се во Сирија, 69 се вратени, а досега 25 го загубиле животот. Наместо полицијата да ги користи ресурсите за следење и за превенирање на можни непосакувани акти од такви лица, нашите ресурси се на границата, да се справуваат со мигрантската и бегалска криза“, изјави претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во синоќешното интервју...

МВР: Состојбата со мигрантите на јужната и на северната граница е стабилна

Ситуацијата со протекот на мигранти на северната граница, во прифаниот центар Табановце, е мирна, а во последните 24 часа на границата пристигнале и заминале во Србија вкупно 2.715 мигранти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Од ноќеска на полноќ до 8 часот утринава, како што информираат од МВР, на северната граница кај Табановце пристигнале 45 лица и биле издадени...

По вчерашните обилни врнежи од дожд, во Прилеп ситуацијата е стабилна

По вчерашните обилни врнежи од дожд, проследени со силен ветер, кои го зафатија Прилеп, одржана е седница на Кризниот штаб и интервенирано е од екипите од надлежните институции. Како што истакна претседателот на Кризниот штаб, Никола Димески, поднесени се околу 50 пријави, од кои 25 се однесуваат на поплавени подрумски простории, поплавени улици и проблеми со канализациската мрежа. Екипи од надлежните...

Могерини и Коѕиас изразија загриженост за случувањата во Македонија

Инцидентите и случувањата во Македонија се најдоа на агендата на разговори на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини. Коѕиас и Могерини се сретнаа на маргините на редовниот состаник на министри за надворешни работи на НАТО во Анталија. Од грчкото министерство за надворешни работи информираат дека на средбата...

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...