fbpx
Таг: состојба на патиштата

таг: состојба на патиштата

Делови од земјава под снег, врнежите од снег и дожд ќе продолжат и денеска

Доаѓањето на пролетта годинава донесе врнежи од снег во делови од земјава. Од ЈП „Македонијапат“ утрово информираат дека врнежи од снег со променлив интензитет има речиси низ целата земја, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а остатоци од кашест снег има на планинските премини. АМСМ информира дека поради врнежи од снег на патот Кичево - Охрид, од 9:30 часот утрово...

АМСМ: Патот кон Танушевци тешко прооден поради врнежи од снег

Патот за селото Танушевци на Скопска Црна Гора е тешко прооден поради големи наноси од снег, соопшти попладнево Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози, а на повисоките места во западните и во североисточните делови од земјава на места има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија...

Сообраќајот на патот Прилеп – Битола – Ресен и понатаму во прекин поради свлечиште

Сообраќајот на патниот правец А3, односно Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница кај Битола, и понатаму е во прекин поради свлечиште. Сообраќајот се пренасочува преку градот Битола, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по на места влажни коловози, а снег со слаб интензитет провејува во Битола, Ресен и на планинските...

Сообраќајот се одвива отежнато, без забрани за тешки возила

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од „Македонија пат“, но без забрани за тешки товарни возила, информира Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Патниот правец Скопје - Македонски Брод, преку природниот резерват Јасен и понатаму е непрооден. Во клисурите и во засеците е можна...

Забрана за камиони на кракот Маврово – Дебар, патот преку Јасен и понатаму непрооден

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила утрово има само на кракот Маврово - Дебар, информира Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), а патниот правец Скопје - Македонски Брод, преку природниот резерват Јасен и понатаму е непрооден. Сообраќајот на државните патишта, според АМСМ, се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи...

Забрани за камиони на повеќе патни правци, сообраќајот се одвива отежнато и во зимски услови

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Ѓавато, како и на Маврово и на патниот правец Валандово - Дојран, а од 8 часот утрово затворен за сообраќај на тешки возила е и магистралниот пат Скопје - граничен премин Долно Блаце, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Од 9.30, односно од 10 часот, укинати се...

Сообраќајот се одвива во зимски услови, забрани за камиони и блокирани патишта

Поради врнежите од снег, забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена на планинските превои Плетвар, Стража, Пресека и на патниот правец од Маврово кон Дебар и обратно, а патниот правец Македонски Брод - село Здуње, на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид возила, соопшти утрово Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се...

Поради лошото време, забранет e влезот на камиони во Грција на преминот Евзони

На тешките товарни возила кои транзитираат меѓу Македонија и Грција, преку граничните премини Богородица и Евзони не им се дозволува влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата. Вакво известување утрово добиле македонските полициски служби на граничниот премин Богородица од своите колеги на преминот Евзони, од грчката страна на границата. Поради забрната за влез, како што информираат...

Сообраќајот и понатаму во зимски услови, забрани за тешки возила на неколку патишта

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Маврово - Дебар, Кочани - Делчево - граничен премин Делчево и Берово - Виница - Кочани, а за другите возила задолжително е користење на зимска опрема, соопшти утрово Автомото-сојузот на Македонија. Оттаму информираат дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец од Дојранска раскрсница - Дојран од...

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, се препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по претежно влажни коловози. Во Маврово, Крива Паланка и на планинскиот премин Ѓавато има врнежи од слаб снег, додека во источните делови од земјава дува засилен ветер од северен правец, информираат утрово од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на магистралниот пат А3, односно Ресен - Битола - Прилеп, кај населбата Баир, кој беше...

Поради одрони, затворен патот Ресен – Битола

Поради одрони, затворен за сообраќај е магистралниот пат А-3, Ресен - Битола - Прилеп, кај Битола, а возилата се пренасочуваат низ градот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму соопштуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Обиколницата кај Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени,...

АМСМ: Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладне во прекин поради минирање

Поради изведување работи на пат, односно минирање, денеска во периодот од 13 до 15 часот, во интервали од 15 минути, во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец Кичево - Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Според АМСМ, интензитетот...

АМСМ: Влажни коловози, наноси од снег и опасност од одрони – возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозите, по интервенцијата на дежурните екипи од „Македонија пат“, а слаб снег провејува во Крива Паланка, Гостивар, Маврово, Кула, на планинскиот превој Стража и на граничниот премин Блаце, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ известуваат дека од 7.30 часот, сообраќајот на граничниот...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...