fbpx
Таг: сослушување

таг: сослушување

Адвокатите на САД негираат дека обвинувањата против Џулијан Асанж се политички мотивирани

Кривичната пријава е поднесена против Џулијан Асанж бидејќи го открил идентитетот на изворите и поттикнувал кражби и хакирање, а не поради политички причини, рекоа адвокатите што ја застапуваат владата на САД, која бара екстрадиција на основачот на WikiLeaks (Викиликс) на денешното сослушување во судот во Лондон, извести „Гардијан“. Асанж би можел да биде екстрадиран во САД за неколку дена. Таму...

Директорот на ТикТок пет часа во Конгресот зборуваше за врските со Кина

Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју беше принуден да ги брани односите на неговата компанија со Кина, како и заштитата на најмладите корисници, на вчерашното тензично сослушување во американскиот Конгрес. Сослушувањето доаѓа во време кога и двете политички партии во САД притискаат целосно да се забрани кинеската апликација, поради загриженост за националната безбедност. Ова е прво појавување пред американските...

Извршниот директор на ТикТок денеска ќе биде сослушан во американскиот Конгрес

Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју денеска за првпат ќе сведочи во Конгресот на САД и ќе се соочи со американските законодавци. Политичката бура околу видео платформата се интензивира, а ТикТок се соочува со закана од администрацијата на Бајден дека ќе биде целосно забранета на територијата на САД. ТикТок, која е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“, долго време...

Трамп со часови го гледал на ТВ нападот на Капитол одбивајќи да повика на прекин на насилството

Доналд Трамп со часови го гледал во живо на телевизија нападот на Капитол на САД на 6 јануари, игнорирајќи ги молбите на неговите деца и другите блиски советници да ги повика неговите поддржувачи да го прекинат насилството, изјавија сведоци на сослушувањето во Конгресот во четвртокот, пренесе Ројтерс. Избраната комисија на Претставничкиот дом го искористи осмото сослушување летово за да го...

Сослушување за нападот на Капитол: Трамп го запали фитилот

По повеќе од 18 месеци од нападот на американскиот Капитол, на 6 јануари 2021 година, во четвртокот се одржа долгоочекуваното сослушување водено од Комитетот што го истражува инцидентот. Тоа е првото сослушување во серијата која се очекува овој месец, што треба да ги открие деталите од истрагите во кои се вклучени и интервјуа со повеќе од 1.000 луѓе за...

Редит заедницата и платформата „Робинхуд“ во фокус на сослушувањето за случајот „Гејмстоп“

Берзанската сага што започна со луди промени во цената на акциите на „Гејмстоп“ минатиот месец дојде до ново поглавје – сослушување на Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом, кој ги испрашува најважните играчи вклучени во приказната. Претседателката на Комитетот, Максин Вотерс, сослушувањето го наслови „Играта запре (Game Stopped) – Кој победува и кој губи кога се судираат кратките продавачи,...

Груевски со капче, очила за сонце и палто врз рацете се појави на суд во Будимпешта

Поранешниот премиер на Македонија и сегашен бегалец од правдата и азилант во Унгарија, Никола Груевски, се појави денеска во судот во Будимпешта, кој одлучува по барањето за негова екстрадиција од македонските власти, објавуваат унгарските медиуми. Груевски, како што може да се види од видеото, доаѓа во прiдружба на неколку непознати лица, со т.н. безбол капче, очила за сонце и палто...

Рочиштето за жалбите на Грујевски и Бошковски во Атина одложено за 2 март

Врховниот суд во Атина го одложи за 2 март рочиштето на кое треба да се разгледува жалбата на одлуката на Судот во Солун за екстрадиција на поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Грујевски и Бошковски биле денеска во судот во Атина заедно со нивните адвокати. Советот на судии во Солун на...

Судот подготвен да одлучува за притворот на шестемина пратеници за 27 април

Кривичниот суд во Скопје го добил известувањето од Собранието за одзeмениот имунитет на шестемина пратеници, за кои Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бара притвор, и го доставил до надлежните судии на претходна постапка, соопштија за „Мета“ од судот. „Известувањето од Собранието на Република Македонија поврзано со барањето на судот околу имунитетот на пратениците за кои е поднесен предлог...

Шпанското обвинителство бара од судот да издаде европски налог за апсење на Пучдемон

Шпанското обвинителство денеска побарало од судот да издаде европски налог за апсење на разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, и на уште четворица членови на неговата влада, откако не се појавија на сослушувањето во Мадрид, јавуваат светските медиуми. Судот сè уште не донел одлука по барањето на обвинителството. Пучдемон и 14 членови на каталонската влада беа разрешение на 27 октомври, откако еднострано...

Притворот на Кочан утре повторно на суд по барање на СЈО

Кривичниот суд во Скопје, односно судија на претходна постапка, утре ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, дознава „Мета“. Од СЈО потврдуваат дека сослушувањето е закажано за утре во 10 часот и на него, како и претходниот пат, ќе присуствуваат обвинител на СЈО и адвокатите на Кочан, кои треба...

Обвинителството сослушува полицајци за насилството во Собрание

Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека досега се идентификувани 15 лица инволвирани во нередите што се случија во Собранието на Република Македонија и дека се сослушани поголем број припадници на полицијата. „До Обвинителството во врска со овој настан е поднесена кривична пријава од страна на МВР и по неа интензивно се постапува. Во Основното јавно обвинителство Скопје досега се сослушани поголем...

Зетот на Трамп денеска ќе сведочи пред Конгресот за улогата на Русија во изборите

Зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска ќе биде сослушан од претставничкиот дом на Конгресот, во рамките на истрагата за евентуална вмешаност на Русија во претседателските избори во САД, соопшти Белата куќа. Како што јавуваат светските медиуми, за денеска е предвиден нов состанок на Комисијата за безбедност на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој го...

Обвинетите во „Диво насеље“ в петок ќе дадат искази пред судот

Во големата сала на Врховниот суд денеска продолжи судењето против 37 обвинети за настаните во Диво насеље, во Куманово од 9 и 10 мај 2015 година. По рочиштата, кои неколку месеци се одвиваа зад затворени врати, поради сослушување на заштитетни сведоци на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и докази од посебни истражни мерки, денеска судењето повторно...

Јеремиќ: Интензивно размислувам за кандидатура за претседателските избори

Претседателот на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој и поранешен министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, денеска изјави дека интензивно размислува и ја разгледува можност да се кандидира на претседателските избори во Србија, кои треба да се одржат следната година. „Кога би се кандидирал, тоа би била најважната одлука во мојата кариера и поради тоа многу сериозно...

Јеремиќ сослушан поради убиството на војниците на Топчидер пред 12 години

Претседателот на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој, поранешниот шеф на дипломатијата на Србија, Вук Јеремиќ, се појави утринава во седиштето на службата за борба против организиран криминал (СБПОК) во Белград да даде изјава во својство на граѓанин за случајот со убиството на двајцата војници во Топчидер пред 12 години, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Јеремиќ, кој беше...

Кривичен суд: Се прават спектакли со канењето на сослушување на осомничени од СЈО

Во врска со повикувањето на сослушување на лица опфатени во истражни постапки на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во јавноста се прават спектакли, во кои судот, „респектирајќи го дигнитетот на судската власт“, нема да учествува, велат од Основниот суд Скопје 1. „Во однос на повеќе новинарски прашања што беа упатени до судот во врска со повикување на сослушување на лица опфатени во...

Кривичен суд денеска ќе ги сослушува осомничените од „Трезор“

Основниот суд Скопје 1 денеска испратил покани за сослушување до лицата осомничени во предметот „Трезор“, кој во средата го отвори Специјалното јавно обвинителство. „Судии од одделот на претходна постапка, постапувајќи по двата предлози – предлогот за определување мерка притвор против едно лице и предлогот за определување мерки на претпазливост против три лица, на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои...

Раичевиќ: Забраната за работа на осомничените во „Еразмус“ е заради заштита на студентите

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, која го води случајот „Еразмус“, денеска изјави дека побарала од судот на осомничените да им биде забрането да одат на работа, токму во овој момент, односно извесно време откако е отворена истражната постапка, бидејќи тоа ѝ го дозволува Законот за кривична постапка и дека е заради заштита на студентите. Во случајот „Еразмус“ се обвинети шест лица,...

Тачи и Бонева пристигнаа во СЈО

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, и претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија, поранешната пратеничка Силвана Бонева, денеска во 11 часот пристигнаа во Специјалното јавно обвинителство, каде се повикани да дадат исказ за еден од случаите што ги води СЈО. Тачи и Бонева не дадоа изјава пред да влезат во просториите на СЈО и не се знае дали...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...