fbpx
Таг: соработка

таг: соработка

Студенти на УКИМ ќе одат на обуки за дезинформации и односи со јавност

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе имаат можност да се стекнат со практично искуство посетувајќи обукина еден од Регионалните центри за справување со дезинформации и односи со јавност кој наскоро се очекува да ја добие НАТО акредитација. Ова, меѓудругото, е предвидено со меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа ректорката Биљана Агелова и министерката за одбрана Славјанка...

Грковска: Сајбер безбедноста носи исти предизвици за сите земји, неопходна е соработка

Со предизвиците на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста не може ниту една земја да се справува самостојно и изолирано, независно од тоа колку една земја е развиена или не. Ова го порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во своето обраќање на Глобалната конференција за градење сајбер капацитети „Сајбер отпорност за развој“ која се одржува во...

Стара вест злоупотребена за ширење невистини дека „цело Косово е запишано во нашиот пензиски систем“

Уште од 2014 година, има договор меѓу С. Македонија и Косово со кој двете земји се обврзани да го признаат стажот на граѓаните од двете држави сè до стекнување на минималната пензија. Како што беше тогаш објавено, станува збор за околу 2.500 македонски граѓани кои ќе можат да се стекнат со право на пензија доколку им се признае стажот...

Адеми: Регионалната соработка не може да ја замени интеграцијата во ЕУ

Иако инклузивната регионална соработка е важна на нашиот пат кон членство во ЕУ и е во насока на градење на меѓусебни односи, базирани на толку посакуваните европски вредности, таа не може да го замени нашето зачленување во европското семејство, порача претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“. На...

Зеленски во Бугарија, Украина ќе ја добие опремата за атомската централа „Белене“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска беше во посета на Софија, каде потпиша меморандум за енергетиката, со кој опремата на неизградената атомска централа „Белене“, Бугарија би можела да ја продаде на Украина. Се предвидува преговорите да траат два месеца, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Истовремено, Европскиот Совет денеска појасни дека ќе нема пречка Украина со пари подарени од ЕУ да ги купи...

Пендаровски го потврди ставот на поддршка за евроатлантските аспирации на Косово

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, ја потврди својата поддршка кон евроатлантските аспирации на Косово. Тој изрази спремност Северна Македонија да ги сподели своите искуства во врска со реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО. Пендаровски исто така изрази поддршка кон одлуката на Европската Унија...

ЕУ и САД се обврзаа за засилена соработка во кибер безбедноста

На 8-от ЕУ-САД Кибер-дијалог што вчера и денеска се одржа во Вашингтон, двете страни ги изразија своите заложби за засилување на кибербезбедноста и за засилена двострана соработка на тој план, соопшти дипломатската служба на ЕУ, односно Надворешна акција на ЕУ. Притоа, двете страни нагласија дека во тоа целосно ќе ги вклучат своите партнери, со акцент на Украина и Западен...

Гостување на Народниот театар од Белград, балетот „Жизел“ в среда во Националната опера и балет

На 21 декември со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет во Скопје, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам. Овој настап се случува во рамките на неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија „Open Balkan Theatre / Театар Отворен Балкан“, кој е во насока...

Македонија ќе го зајакне партнерството со УНОПС за справување со историските “жешки” точки

Земјава сака да ја интензивира и прошири соработката со Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки. За ова се разговарало на работната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги (УНОПС), Јенс Вандел,...

Ковачевски и Донев разговарале за зголемување на капацитетот на гасоводот

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, на денешната билатерална средба, поврзана со почетокот на рехабилитацијата и целосната изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија, разговарале и за зголемување на капацитетот на засега единствениот гасовод во земјава, кој е продолжение на бугарскиот гасовод. „На билатералната средба помеѓу премиерите Ковачевски и Донев се говореше...

Креативен конкурс за млади на тема – Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?

Младите на возраст од 15 до 29 години кои создаваат дизајни и други креативни содржини на социјалните мрежи ќе имаат можност да учествуваат на конкурс на тема тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката. Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), распиша конкурс на кој младите...

Шахпаска – Галовеј: Ја интензивираме соработката со Велика Британија, положбата на Ромите е приоритет

Министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј. На средбата министерката и амбасадорката разговараа за тековните проекти на Министерството, со посебен акцент на проектите кои се однесуваат за помош и реинтеграција на Ромите во време на ковид-криза. „Успешно ја реализираме втората фаза на Програмата РОМАКТЕД, 2021-2024 година. Зајакнување...

Заев-Варвициотис: Стратешка цел на двете земји е поскоро да се започнат пристапните преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска го прими алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, кој е во работна посета на нашата земја, информираат од Владата на РСМ. Премиерот Заев им посакал добредојде на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Варвициотис и на членовите на неговата делегација и истакнал дека нивната...

Склучен Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Економскиот факултет – Скопје при УКИМ

Народната банка и Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја засилуваат соработката со заеднички вложувања во истражувањата и во натамошен квалитетен кадар во економската сфера, подготвен за предизвиците на новото ковид и пост-ковид време, информираат од Народна банка. Соработката ќе се остварува и при конципирањето нови студиски програми, со активна вклученост на Народната банка...

Османи на средба со Чавушоглу на маргините од состанокот на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Анталија, Турција. Министрите заклучија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници...

Царовска: Договорена е соработка за средно стручно образование со училишта од Истанбул

Министерката за образование и наука Мила Царовска и другите претставници на делегацијата како дел од официјалната посета на Турција денеска посетија неколку средни стручни училишта во Истанбул, како и природно математичката гимназија која е една од најдобрите училишта во државата. При посетата, договорена е соработка во делот на јакнење на средното стручно образование преку обука на наставен кадар, размена на...

По и пред бугарските избори: Повеќе реализам и внимателност

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Веќе е извесно дека мартовските парламентарни избори во Бугарија нема да донесат политичка влада. Во новиот фрагментиран парламент значајно ослабеа позициите на владејачката ГЕРБ на премиерот Борисов (иако сѐ уште прва) и опозициската Бугарската социјалистичка партија (БСП), која падна на трето место. Новата анти-естаблишмент партија „Има таков народ“ изненадувачки го доби второто место, а во парламентот влезе и сличната по...

Филипче: Институтот „Торлак“ ќе биде наш стратешки партнер на набавка на вакцини идниот период

Министерот за здравство Венко Филипче денеска е во посета на Србија каде што се сретна со српскиот министер за здравство Златибор Лончар. На средбата било разговарано за повеќе прашања поврзани со пандемијата, како и взаемната соработка помеѓу двете држави при процесот на надминување на коронавирусот во двете земји. „Дозволете да изразам благодарност на тоа што Србија ширум ни ги отвори...

НАТО ќе ја зајакнува македонската отпорност на сајбер закани

Постојана размена на информации и искуства, помош и поддршка, но и можност за координиран одговор од НАТО сојузниците на сајбер напад предвидува Меморандумот за разбирање за сајбер одбрана што го потпишале министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и помошникот на генералниот секретар на Алијансата Давид ван Веел, претседавач на Одборот за управување со сајбер-одбраната. НАТО има такви договори со...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судско-медиумскиот совет и ЗНМ

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити и претседателот на Судско-медиумскиот совет, Иван Џолев денеска потпишаа меморандум за соработка. Целта на овој меморандум е подобрување на меѓусебната соработка помеѓу новинарската и судска фела и унапредување на соработката во областа на судската транспарентност. Судско-медиумскиот совет и ЗНМ во иднина ќе соработуваат...

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...