fbpx
Таг: соопштение

таг: соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Ескалира деструктивното сценарио на СДСМ

„Ескалира деструктивното сценарио на СДСМ, кој преку општинската организација од Кавадарци најави дека ќе го запали Уставниот суд. Вчера Заев и СДСМ и официјално признаа дека се организатори на хајката и на агресивните протести насочени кон Уставниот суд на Република Македонија. Ниту Шилегов ниту СДСМ се оградија од заканите дека ќе ги влечат за уши судиите и дека ќе ги креваат...

Наумов: За оваа власт, повратот на ДДВ секогаш бил само алатка за репресија

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не можат да се договорат сами со себе, што ја подигнува конкурентноста на македонската економија. Дали е тоа намалувањето на прагот за регистрирање на обврзник на данок на додадена вредност (ДДВ) како што изјавија во 2010 година или зголемување на истиот како што се премислија во 2014 година. Слободно нека си ги отворат...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не одговараше за криминал благодарение на Црвенковски

„Аболираниот мултимилионер Зоран Заев се круниса во крал на лагите, контрадикциите и на манипулациите. Аболираниот мултимилионер Зоран Заев тврди дека немало демократија, а самиот во сопствена изјава дадена пред камера, не знае точно дали заработил 5 или 6 милиони евра во времето додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на претседателот на СДСМ дадена...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека нашата партија стои зад одлуките на Уставен суд

ВМРО-ДПМНЕ стои зад измените во Законот за помилување што беа усвоени во 2009 година, а со кои е предвидено да не може да има помилување за одредени категории осуденици, како тие на кои им е одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично, но не стои  зад одлуките на Уставниот суд, се вели во соопштението на владејачката партија. „СДСМ во...

Вајгл, Ховит и Кукан го поздравија новиот датум за избори

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои беа медијатори за постигнување на Договорот од Пржино, по разговорите со партиите во Скопје, го поздравија гласањето на Собранието да постави нов датум за одржување на парламентарните избори на 5 јуни 2016, но инсистираат договорот на сите партии да остане од суштинско значење и да се исполнат сите елементи со кои...

СДСМ: Груевски ги сотре домашните фирми со срамни 120 денари државна помош

„Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ, 10 години им даваа на домашните претпријатија срамни 120 денари државна помош годишно. Затоа 10 години ниту една домашна компанија не инвестираше во технолошко-индустриска развојна зона“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се вели дека граѓаните секое работно место во виртуелните странски инвестиции во технолошкоиндустриските зони го плаќаат 21.454 евра. - Овие виртуелни странски...

Клиничката болница од Тетово ги отфрли обвинувањата од СДСМ

Благодарение на политиките на Владата и на Министерството за здравство, во последните неколку години направени се значајни чекори за подобрување на квалитетот на здравствената заштита и на здравствените услуги во Клиничка болница Тетово, се вели во писмената реакција на болницата по одржаната прес-конференција на СДСМ Тетово. „На најтранспарентен начин, во согласност со Законот за јавни набавки, набавена е следната медицинска опрема: најмодерен...

ВМРО-ДПМНЕ за „Титаник“: Нема да поддржиме незаконско и неуставно работење

„ВМРО-ДПМНЕ ја добива довербата од граѓаните во изминативе 10 години врз база на проекти и на мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и со фабрикувани афери. Напротив, таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните избори“, се вели во реакцијата на владејачката партија по денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, кое соопшти...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ користи нечовечки тактики за злоупотреба на туѓите трагедии

Кога не може да ги користи во црните некрофилски кампањи, за СДСМ луѓето со проблеми и со трагични судбини не постојат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДММ, Стефан Богоев. „Единствен проект на СДСМ во здравството кој се памети е јувелирницата на Владо Димов, од која бисерни ниски си добиваа неговите колешки. Во време на СДСМ...

СДСМ: Никола Груевски не е Македонија

Преку интервју за грчкиот весник „То вима“, Никола Груевски неуспешно се обиде да ја покрие паниката од соочувањето со граѓаните на слободни, фер и демократски избори. Зад „благите термини“ на Груевски се крие стравот од соочување со одговорноста за тоа што им украде на граѓаните 10 години од нивниот живот, стои во реакцијата на СДСМ по интервјуто на Груевски за грчкиот...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да ги оспорува успесите во здравството

Од СДСМ сакаат здравствениот систем во земјава да биде ист како оној пустош што тие го оставија во наследство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „СДСМ е против изградба на нови болници и клиники. СДСМ е против тоа граѓаните на Македонија да се лечат со помош на нови современи апарати. СДСМ е против тоа граѓаните да бидат третирани од доктори што ги...

МИА: Станува збор за технички пропуст, работиме професионално и одговорно

Еден технички пропуст од технологијата на секојдневното работење на МИА е повод за грст тешки и навредливи зборови срочени во соопштение на СДСМ, стои во реакцијата на државната информативна агенција на соопштението во кое опозициската партија обвинува за цензура. „Македонската информативна агенција нема волја и потреба да влегува во расправи со политички партии, но, пред сè, заради јавноста, чуствува потреба да...

СДСМ: Власта во заминување безобразно ги задолжува граѓаните

Власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување продолжува безобразно да ги задолжува граѓаните со нови долгови, обвинува СДСМ преку соопштение. „Во текот на вчерашниот ден, избегнувајќи ја контролата од СДСМ, Зоран Ставрески на најбезобразен начин ги задолжи граѓаните на Македонија со нови 13 милиони евра. Ставрески го направи најочајниот потег и ги зголеми каматните стапки на државните записи и обврзници, само за...

Хан: Претпочитам консензуално решение од сите партии за датумот на избори

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во соопштение до јавноста, вели дека претпочита консензуално решение за датумот на изборите од сите политички партии. „Ја забележав одлуката донесена денеска да се спроведат предвремени парламентарни избори на 24 април, како што е предвидено во Договорот од Пржино. Но, како што наведов претходно, јас претпочитам консензуално решение од сите партии. Сега е критично...

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да си ги преиспита реториката и однесувањето

Владејачката партија реагира на соопштението на СДСМ во кое опозицијата обвинува дека на ВМРО-ДПМНЕ не му одговара да оди на избори со прочистен избирачи список и со слободни медиуми. „СДСМ се бори единствено за унапредување на сопругот на Ременски и за подолго останување во фотелјите на технички назначените министри и нивни заменици. СДСМ не се бори за излез од кризата...

ФРОДЕМ со забелешки и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон СДСМ

„Никола Груевски не треба поради својот досегашен манупулативен и нечесен начин на владеење и понатаму да ја води во ќор-сокак ВМРО-ДПМНЕ. Треба да престане да се крие зад колективната одговорност и партијата да ја става за негов заложник за на крајот членството да ги плати сите негови сметки и гревови“, порачаа од Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ). Од ФРОДЕМ, со порака...

Груевски: Со случајот „Фабрика за афери“, опозицијата го проби дното

„Додека ние мислиме на отворање нови работни места, на куќи за младите, на градење фабрики, патишта, нови болници, факултети, додека мислиме како да реализираме проекти од интерес за народот, некој мислел на фалсификати, деструкција, сценарија, местенки, лажни конструкции и на гнасни потези. Тоа не е политика. Ова веќе не е политика. Нашиот народ не го заслужил ова. Некој се...

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Спасовски е на сликите заедно со криминалците што работеле во „Фабриката за афери“

СДСМ се фатени во криминал до гуша, од ракав ја вадат истата стратегија: бегање од одговорност и нови лаги и манипулации за прикривање на аферите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Наместо да одговори на крајно сериозните обвинувања за случајот „Фабрика за афери“, стои во соопштението на партијата, Спасовски денеска одлучи да настапи како портпарол...

Заев: Груевски призна пораз на неговите економски политики

„Никола Груевски официјално призна целосен пораз на сите негови политики во изманативе десет години. Неговите расипнички и недомаќински политики без економски концепт и без визија за развој на земјата ја доведоа државата во ситуација да мора да се задолжува да обезбеди пари за плати, пензии и за социјална помош и друго“, обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната...

СДСМ: Дека тоа што го зборуваше опозицијата е вистина, се потврди со посетата на Заев во Израел

Разбирлива е нервозата кај Груевски од официјалната посета на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Израел, каде што беше пречекан на највисоко државно и владино ниво, реагираат од СДСМ. „Оттаму се нарачаните манипулации околу разговараното на остварените средби. Многу прецизна е изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од Израел. Израел, како и многу други земји, донациите ги дава, пред сè, во знаење...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...