fbpx
Таг: сообраќање

таг: сообраќање

Автобусите на ЈСП утре ќе возат до 15 часот, потоа од понеделник од пет

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат до 15 часот, а потоа од понеделник од 5 часот. Ваквиот режим е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Термините за поаѓањето на автобусите може да се видат на веб-страницата www.jsp.com.mk. Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче...

Патници се гушеа во автобусот Скопје-Гостивар, полицијата интервенираше поради преоптовареност

Околу 20 прекубројни патници се транспортирале од Скопје до Гостивар, по што граѓаните се жалеле дека се гушат, а полицијата на влезот на Тетово ги симнала од автобусот „Еуро турист“, кој во петокот во 18 часот тргнал од Скопје за Гостивар, пренесува Порталб.мк. Поради големиот интерес, возачот дозволил да се превезуваат 20 патници повеќе, со билети што ги купиле во...

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред

Од денеска, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред, независно од продолжувањето на училишниот зимски распуст, поради кој во изминативе три недели возниот ред беше редуциран, информираат од таму. Од вчера од 12 часот користењето на јавниот превоз е бесплатно. „Одлуката за бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и приватните превозници е дел од итните мерки на Град...

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај се во прекин, поради штрајк на работниците

Железничкиот товарен и патнички сообраќај се во целосен прекин, бидејќи вработените штрајкуваат и си го бараат вториот дел од платите за октомври. Вчера, од „МЖ-Транспорт“ информираа дека најпрво беше прекинат товарниот сообраќај, а патничкиот, од синоќа на полноќ. Нема информација до кога возовите нема да сообраќаат и дали барањето на вработените ќе биде исполнето, што е услов за прекин на штрајкот.

Железничкиот товарен сообраќај е во прекин, патничкиот ќе се одвива до полноќ

Железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин од 07.30 часот утрово, а  железничкиот патнички сообраќај ќе се одвива само до полноќ, соопшти попладнево „МЖ-Транспорт“. Како што информираат од компанијата, група вработени од машинскиот и извршен персонал во „МЖ-Транспорт“, еднострано и ненајавено, решиле да прекинат со извршување на своите работни обврски, поради неисплатен втор дел од платата за октомври. „Железничкиот патнички...

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладне, а патничките – утре

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладнево, во 16 часот, а од утре ќе се воспостави и патничкиот возен сообраќај, најави претставникот на машинскиот персонал во „Македонски железници - Транспорт“, Душко Чакароски. Вработените денеска се сретнале со в.д. директорот на „МЖ – Транспорт“, Игор Коруноски, и било договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората половина да биде исплатена во...

Штрајкот на вработените во МЖ продолжува, возовите и денеска не сообраќаат

Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат поради штрајкот на вработените, информираат од „Македонски железници - Транспорт“. Оттаму велат дека компанијата до крајот на овој месец ќе најде начин да го исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата. - Дополнително би сакале да упатиме еден апел до сите вработени кои не дозволуваат нормално...

Лондонското метро ќе сообраќа и навечер, но само за викенди

Лондонското метро почна да сообраќа и навечер, но засега само за време на викенди. За почеток се воведуваат две ноќни линии, една во должина од 74 километри, а другата 21 километар, и ќе работат петок и сабота. Лондонскиот градоначалник Садик Кан на „Твитер“ напиша дека, повторното воведување на вечерни линии ќе им помогне на илјадници работници кои одат и се враќаат...

Железничката линија Скопје – Белград ќе биде во прекин до јуни

Меѓународните возови на релација Скопје - Белград и обратно, од утре до 18 јуни нема да сообраќаат, соопшти „Македонски железници - Транспорт“. Како што известуваат од компанијата, двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување на градежни работи на пругата на територијата на Србија, на делницата Ниш - Прешево - државна граница на Република Македонија.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...