fbpx
Таг: сообраќајнанесреќа

таг: сообраќајнанесреќа

Во сообраќајна несреќа во Франција загинаа 42 лица

Најмалку 42 лица загинаа во директен судар на камион и на автобус на југоистокот на Франција во Лилбурн, во областа Жиронд, а властите наведуваат дека е можно бројот на жртвите да се зголеми. Според најновите податоци, во несреќата има осум преживеани, од кои пет се полесно повредени. Како што наведуваат локалните медиуми, двете возила се запалиле веднаш по сударот. На местото се наоѓаат...

Работници повредени во сообраќајка на патот Кичево – Осломеј

Дваесет лица се повредени во тешка сообраќајна незгода што утрово, околу 6.45 часот, се случи на регионалниот пат Кичево - Осломеј, во близина на селото Мамудовци, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Во тешката сообраќајна незгода учествувале мини-бус марка „мерцедес“ и комби марка „фолксваген“ кои се движеле од Кичево кон Осломеј и товарно возило марка „форд“. Сообраќајката се случила во...

Поднесен обвинителен предлог за сообраќајката што во мај се случи кај патарината Градско

Основното јавно обвинителство Велес ја завршило истражната постапка за сообраќајната несреќа што во мај годинава се случи кај патарината Градско и до судот поднела обвинителен предлог против едно лице, кое се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици, соопшти Јавното обвинителство. Во сообраќајната несреќа, која се случи на 26 мај, загинаа сопругата и...

Пет години затвор за возачот што ја прегази новинарката кај „Зебра“

Затворска казна од пет години му одреди судот на возачот кој на 7 јули ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, во непосредна близина на трговскиот центар „Зебра“, во населбата Капиштец, пренесуваат медиумите. Според обвинението, осудениот Бојан Блажевски, го управувал возилото со кое удрил во Тодорвска-Павловска под дејство на алкохол и на наркотици. По несреќата, кај него во крвта беа констатирани 1,52...

20-годишен охриѓанец загина во сообраќајка кај Лагадин

Дваесетгодишен охриѓанец го загубил животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, кај населбата Лагадин. Според полициските информации, сообраќајката се случила околу 15 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „форд мондео“ со охридски регистарски ознаки, управуван од П.П. (30) од селото Косел и моторцикл „хонда“, што го управувал Б.С. (17), кому сопатник...

Возач загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Четириесет и тригодишен жител на селото Издеглавје го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Охрид - Кичево. Како што информираат од полицијата, Лазо Н.(43), кој управувал автомобил, марка „застава 101“, во еден момент изгубил контрола над возилото и првин преминал на левата страна од коловозот, а потоа удрил во бетонски sид од шахта...

Два мотоцикли се судрија кај Клубот на пратеници во Скопје

Необична сообраќајна несреќа предмалку се случи на раскрсницата кај Клубот на пратеници во Скопје. Имено два мотоцикли се судриле на пешачкиот премин, а во несреќата нема повредени. Полицијата врши увид на самото место.

Косовски државјанин загинал во сообраќајка во Чаир

Државјанин на Косово го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата Лазо Трповски во скопската населба Чаир, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 16.10 часот, кога автомобил, марка „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Ф.(55) удрил во косовскиот државјанин Ариан Р. кој се движел пеш. Ариан Р. со...

Светиниколчанец загина во сообраќајна несреќа

Четириесет и двегодишен жител на Свети Николе го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случи синоќа по 20 часот кај Овче Поле. Горан С. загинал на самото место при судир на мопедот на кој се возел, а кој го управувал С.Ѓ.(38), со возило, марка „пежо“ управувано од С.С.(51) од Куманово. Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди,...

Прегазено тригодишно дете во селото Туралево

Тригодишно дете го загубило животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во кратовското село Туралево, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 20.30 часот, автомобил, марка „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, што го управувал М.С.(45) од Крива Паланка, удрил во тригодишното дете, кое од сериозноста на повредите починало на самото место. Надлежните извршиле увид на местото и работат на утврдување...

70-годишен пешак загина во сообраќајка во Кисела Вода

Седумдесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово околу 7 часот се случила на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода. Според полициските информации, товарно возило, марка „фолксваген кеди“, со скопски регистрски таблички, удрил во Живојин К. кој се движел пеш. Тој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде по кратко време им подлегнал на повредите. Екипи на Секторот...

Поднесено обвинение за сообраќајката кај трговскиот центар „Зебра“

Скопското јавно обвинителство ја звршило истрагата за сообраќајната несреќа што се случи минатиот месец, а во која животот го загуби Сузана Тодоровска-Павловска, новинарка во Македонското радио, и поднело обвинителен акт против, сега веќе, обвинетиот за несреќата, соопшти Јавното обвинителство. „По завршената истрага, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Возило излета на автопатот Скопје – Тетово, шестмина повредени

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што денеска точно напладне се случи на автопатот Скопје - Тетово. Според информациите, станува збор за автомобил со неготински регистарски таблички, кој излетал од патот, а го управувал 30-годишен жител на селото Долно Количани. Во возилото во кое се превезувале шестмина патници, имало и две деца. Петмина од нив по укажаната лекарска помош во...

Тројца српски државјани загинаа во сообраќајка кај Гевгелија

Тројца српски државјани ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа што утринава околу 7 часот се случила кај Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. „Во тешката сообраќајна несреќа учествувале две возила, при што едно од возилата удрило во метален столб за вертикална сигнализација. При тоа од настанатите повреди починаа три лица“, стои во соопштението на Јавното обвинителство. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно...

Прегазен пешак на патот Кичево – Гостивар

Шеесетгодишен жител на кичевското село Трапчин Дол го загубил животот во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Кичево - Гостивар, во близина на селото, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 1.15 часот по полноќ, автомобил, марка „опел астра“ со охридски регистарски таблички, што го управувал А.С. (64) од селото Букојчани, удрил во пешакот Шукри А. (60),...

Мотоциклист загина на влезот во Прилеп

Триесет и тригодишен прилепчанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово се случила на влезот во градот, кај бензинската на „Лукоил“. Како што соопштуваат од надлежното јавно обвинителство, станува збор за Влатко Т., кој во моментот на несреќата управувал мотоцикл. Според информациите, мотоциклистот, од засега непознати причини, удрил во пано на бензиската пумпа, излетал од моторот и починал на самото...

Двегодишно дете загина во сообраќајка кај скопско Рашче

Двегодишно дете го загубило животот во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила во скопското село Рашче, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 11.40 часот и во неа учествувале возило, марка „форд транзит“, што го управувал М.И. (57) и автомобил „опел корса“, зад чиј волан бил Б.С. (28) од селото Рашче. Двегодишното дете, кое било сопатник во...

Четири лица, меѓу нив бебе и тригодишно дете, загинаа во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Четири лица, од кои едно бебе и едно тригодишно дете, ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што вчера вечерта, околу 18 часот, се случила на магистралниот пат Кичево - Охрид. Несреќата се случила во близина на селото Колари, а во неа учествувале автомобил, марка „волво“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А. (28) од селото Зајас, и товарно возило...

Градоначалникот на Прилеп со џипот удрил мотоциклист

Синоќа, околу 22 часот, во центарот на Прилеп, се случи сообраќајна несреќа во која градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, со својот џип, марка „киа спорт“, удрил во мотор што го управувало повозрасно лице. Според очевидци на сообраќајката, вртејќи полукружно на булеварот, Ристески со своето возило удрил во веспата, а веднаш потоа го качил возачот на моторот во својот џип и...

Прегазен 74-годишен пешак во Крива Паланка

Седумдесет и четиригодишен жител на Крива Паланка го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила кај местото Лијаков мост. Според полицијата, сообраќајката се случила околу 14 часот, кога возило, марка „даеву“, кое го управувал Н.Д. (20), удрил во Мијалко С. (74), кој пеш се движел по коловозот. Поради тешките повреди, Мијалко С. починал на пат кон Ургетниот центар...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...