fbpx
Таг: сообраќајна незгода

таг: сообраќајна незгода

Еден загинат и еден тешко повреден пешак во сообраќајки вчеравечер

Во две сообраќајни несреќи што се случиле вчеравечер, еден пешак го загубил животот, а жена задобила тешки телесни повреди, соопшти МВР. Сообраќајката со смртни последици се случила во Нов Дојран. Како што пренесува полицискиот билтен, на улицата „Маршал Тито“ патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. На местото...

Во сообраќајни несреќи на македонските патишта годинава до август починале 85 лица

Во светот годишно околу 1,35 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Во Северна Македонија, минатата година 124 лица го загубиле животот во сообраќајна несреќа, додека 3.834 биле повредени, информираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни...

Пешак згазен на „Партизанска“ во Скопје, возачот побегнал

Во Скопје вчера вечер се случила сообраќајна несреќа, при што возило удрило во пешак, а возачот го напуштил местото на сообраќајната незгода, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). 21-годишниот пешак со тешки телесни повреди е на лекување во скопскиот Клинички центар, а полицијата допрва треба да го најде возачот на автомобилот. „На 17.11.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје...

Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот што ја прегази Викторија кај „Сити мол“

Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот Јордан Ѓоргиев кој на 20 јануари со БМВ џип ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“. Судот образложи дека висината на казната за тешки дела во сообраќајот е помала од законски предвидениот минимум од 4 години за ова дело, затоа што се земени предвид и олеснителните...

Прегазен велосипедист на пешачки среде Скопје, од МВР нема казни за узурпација на вело инфраструктура

На пешачки премин во центарот на Скопје, на булеварот Кочо Рацин, вчера загина велосипедистот Б.Љ. (54) по ударот од страна на патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (20) од селото Батинци, се наведува во билтенот на МВР. По судирот, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му била констатирана...

Полицијата вчера во Скопје казнила 210 возачи, повреден полицаец при вршење контрола

Еден полицаец ноќеска околу 1 часот по полноќ бил повреден додека вршел сообраќајна контрола на булеварот „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода. Како што информираат од МВР, додека полицискиот службеник мерел со радар брзина на движење на возилата, А.Д. (19) со возило „цитроен берлинго“ го удрил и повредил полицаецот, по што заедно со неговиот сопатник побегнале од местото на...

На автопатот Штип – Миладиновци уште се гради, а веќе има потреба од поправки

Поставената заштитна ограда на новиот автопат Штип – Миладиновци се покажа како недоволна заштита за возачот, кој завчера буквално прелета од едната коловозна лента на автопатот за Скопје и премина во спротивен правец. Очевидци на несреќата тврдат дека само среќа ги спасила од посериозна незгода возилата кои сообраќале во правецот од Миладиновци кон Штип.   Автопатот од пуштањето во употреба од...

Мотоциклист загинал во судир со автомобил и друг мотоцикл

Во тешка сообраќајна нессреќа вчера на патот Штип - Кочани животот го загубил 39-годишен жител на Свети Николе, откако мотоциклот со кој управувал се судрил со друг мотоцикл и со автомобил. Според полицијата, во сообраќајната незгода која се случила пред 17 часот учествувале автомобил „фолксваген голф“ управувано од 19-годишна жителка на Кочани,  мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки управуван од...

Таксист загинал во судир со камион на патот Градско – Прилеп

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во 10.10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, загинал таксист кој управувал со автомобил „мерцедес“ со скопски таблички. Како што извести полицијата, се судриле „волво“ камион со приколка управуван од Ј.Г.(30) од Велес и такси возилото со кое управувал К.Л.(35) од Скопје. Таксистот го загубил животот веднаш, додека сопатничките во возилото,...

Маж од скопско Марино загинал во сообраќајка во Скопје

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 23.30 часот на булеварот„Александар Македонски“ во Скопје, животот го загубил 36-годишниот Г.С. од скопското село Марино, соопшти СВР Скопје. Загинатиот управувал со автомобил „мерцедес“ со скопски таблички кога загубил контрола над возилото, по што автомобилот удрил во метални столпчиња, а потоа во дрво и во метална канделабра. Од повредите возачот го загубил...

Двајца загинати во две сообраќајки близу Македонска Каменица

Маж и жена загинале во две одвоени сообраќајки близу Македонска Каменица денеска. Според СВР Штип, на магистралниот пат на потегот од селото Истибања до Македонска Каменица, на свиокот во близина на рибникот „Саваро“, загинал 51-годишен маж од селото Облешево. Возилото „махиндра“ со кое управувал, претпладнево излетало од коловозот и тој на местото на несреќата починал од добиените повреди. Три часа подоцна...

Во несреќи вчера загинале двајца мажи од Кумановско

Во две несреќи вчера попладнето, животите ги загубиле двајца мажи од Кумановско. Во првиот случај, како што извести МВР, околу 16.30 часот, Н.Ф.(49) од кумановското село Лопате, собирајќи слама во сопствената нива, паднал од тракторска приколка на која бил качен и бил прегазен од тркалото од приколката. Подоцна лекарите од кумановската болница, каде бил однесен, констатирале смрт. Увид на местото...

Жена почина од повреди од сообраќајка кај Кадрифаково

Од тешките повреди стекнати при превртување на автомобилот во кој се возела, вчера починала 75-годишната С.Д., соопшти МВР. Сообраќајката се случила на патот Штип - Велес, кај селото Кадрифаково. Автомобил „дачија логан“ со скопски регистерски таблички, управуван од 51-годишниот скопанец Д.Д., во еден момент излетал од коловозот, при што и возачот и жената добиле тешки телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Клиничкиот...

Богоевски и Васиљ бараат Спасов да си поднесе оставка, а МВР да го расветли случајот

Граѓанските активисти Павле Богоевски и Влатко Васиљ денеска на прес-конференција го повикаа дополнителниот заменик-министер за социјална политика, Диме Спасов, да си поднесе оставка поради вчерашните случувања. Богоевски рече дека Спасов мора да одговара за своите постапки, како и лицата што му помогнале да го прикрие делото. - Нашиот систем не смее да продолжи да толерира прекршување на законите од тие што треба да ги...

Диме Спасов направил сообраќајка и избегал од местото додека траел увидот?

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, ноќеска направил сообраќајка, пишуваат медиумите. Според пишувањата, сообраќајната незгода се случила во населбата Тафталиџе, а Спасов избегал од местото на настанот додека траел увидот. Спасов со џип, што според првичните сознанија е сопственост на Агенцијата за вработување, околу полноќ удрил две паркирани возила. Додека екипата земала изјави од сведоците, во близина дошло...

Двајца повредени во сообраќајка во Кочани

Двајца се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 11.30 часот во Кочани, на улицата Димитар Влахов. Возило „сеат леон“ со кочански регистарски таблички, управувано од К.П. (28) од Кочани, се судрило со „пежо 406“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј. (66) од селото Чешиново и со „форд ескорт“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Т....

Еден загинат и четворица тешко повредени во сообраќајна незгода во Куманово

Едно лице го загубило животот, а четири биле тешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила на булеварот Трета македонска ударна бригада, во Куманово. Како што информираат од полицијата, сообраќајната несреќа се случила кога автомобил, марка „субару импреза“, што го управувал Роби П.(40) од Куманово, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Од здобиените...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...