fbpx
Таг: сообраќајна несреќа

таг: сообраќајна несреќа

ОЈО на увид по тешката сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“ во која БМВ џип прегази пешак

Во центарот на Скопје денеска се случи уште една тешка сообраќајна несреќа. Нешто по 11 часот пешак почина на мостот „Гоце Делчев“ откако беше прегазен од БМВ џип. Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека јавен обвинител изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа. „Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ...

ФОТОВЕСТ: Возило на Итна помош „настрада“ на раскрсница во центарот на Скопје

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и возило за Итна помош се случи попладнево во центарот на Скопје. На раскрсницата на булеварот Свети Климент Охридски и улиците Димитрија Чуповски и Митрополит Теодосиј Гологанов автомобил удрил во брзата помош која му го пресекла патот. Полициска екипа е на терен и засега нема информации за повредени лица. Инаку, една од првите работи што кандидатите...

Обвинителството ја истражува сообраќајката кај „Сити Мол“ во која загина 24 годишна девојка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Скопје (ОЈО Скопје) синоќа извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби 24-годишна девојка, а нејзиниот врсник што ја придружувал беше повреден, соопшти ОЈО Скопје. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од 22-годишник удрил...

Судир на македонски камион со автомобил по исклучување од автопатот „Струма“ однесе човечки живот

Речиси два месеца по тешката трагедија на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога во пожарот на автобусот на скопската агенција „Беса Транс“ загинаа 45 патници, овој автопат повторно е во вестите поради тешка сообраќајка во која згасна еден човечки живот. Како што јави Бугарската национална телевизија (БНТ), синоќа околу 20 часот во непосредна близина на клучка на овој автопат кај Благоевград,...

Одземена туристичката лиценца на компанијата „Беса травел“

Министерството за економија по 50 дена од автобуската несреќа во Бугарија денеска соопшти дека ја одзело Б-лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса травел“, која што беше подружница за туристичка дејност на „Беса транс“. Нивниот автобус учествуваше во сообраќајната несреќа во која животот го загубија 45 лица во Бугарија. Претходно, Министерството за транспорт и врски на фирмата „Беса транс“...

Такси компанија од Париз ги исклучи од сообраќај возилата на „Тесла“ поради сообраќајка

Најголемата такси компанија во Париз „Г7“ ги исклучи од сообраќај автомобилите од марката „Тесла модел 3“ откако во саботата едно од нивните возила учествуваше во сообраќајна несреќа, јавува весникот „Гардијан“. Во сообраќајката едно лице го загуби животот, а 20 лица биле повредени. Обвинителството во Париз отвори истрага за несреќата, додека такси компанијата објави дека ќе прекине со користење на...

Пристигнаа посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигнаа двата воени авиони со посмртните останки на 45-те жртви кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија. По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром, организиран е државен пречек на кој присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир...

По барање на семејствата на загинатите поворката низ Скопје е откажана

Денес посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе пристигнат со два воено-транспортни авиони. Поворката која требаше да помине низ главниот град е откажана по барање на семејствата на загинатите со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. Сепак, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит со положување цвеќе на плоштадот Скендербег во периодот...

Автобуската несреќа на „Беса транс“ со 45 жртви главна вест во светските медиуми

Несреќата во соседна Бугарија ноќеска, кога во пожарот на автобус на „Беса транс“ од Рашче, Скопје, животите ги загубија 45 лица е во главните вести на најпознатите и највлијателните светски медиуми и на новинските агенции. Ројтерс, АФП, Дојче Веле, Си-Ен-Ен, Би-Би-Си во сервисите на англиски јазик известуваат за големата несреќа, изнесувајќи ги фактите и наводите за несреќата пласирани преку медиумите...

Две деца се тешко повредени при судар на автомобил со локомотива во Битола

Две деца на возраст од 2 и 5 се тешко повредени при судар на автомобил марка Пежо 206 и локомотива (работна машина) на железнички премин во близина на училиштето „Коле Канински“ во Битола, потврдија од Министерството за внатрешни работи за Мета.мк. Несреќата се случила вчера во 8 часот наутро, а мајката која управувала со автомобил марка пежо минала со...

Синоќа се случи сообраќајна несреќа кај Соборниот храм, потешко повредено 20-годишно момче

Во сударот кој синоќа се случи околу 21 часот помеѓу булеварите Партизански одреди и Свети Климент Охридски во центарот на Скопје учествувале повеќе возила. Едно од возилата удрило и во споменикот на Свети Климент Охридски. Повредени се неколку луѓе, од кои едно 20-годишно момче имало потешки повреди. Покрај полицијата, интервенирала и Итната помош. Автомобил по судирот се удрил во споменикот на...

Спасовски: МВР истражува кој е виновен во сообраќајката во која учествуваше Зоран Милески-Кичеец

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека ќе се утврди  кој е виновен и кој ќе сноси одговорност во сообраќајната несреќа во која учествуваше Зоран Милески-Кичеец, кој е осуден на затворска казна, а викендов беше еден од учесниците во сообраќајката кај Стража. „Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има починато лице, тоа е најголемата...

Обвинителката Фетаи полесно повредена во сообраќајна несреќа

Обвинителката Фатиме Фетаи била учесник во сообраќајна нерсеќа која на полноќ се случила во Чаир. „На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген...

Кривична пријава за 25 годишниот возач кој ја предизвика смртоносната сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Јавното обвинителство Скопје го сомничи 25 годишниот возач од с. Батинци дека во сообраќајната несреќа која се случи ноќта на 8 јуни, а во која загинаа двајца и се повредени седуммина, сторил кривично дело - тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. ОЈО поднело предлог, а судот прифатил мерки за претпазливост: одземање на патна исправа, возачка...

Во сообраќајна несреќа во Кисела Вода загинаа две лица, седуммина повредени

Во сообраќајната несреќа која синоќа се случи на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“, загинале две лица а седуммина се повредени. МВР информира дека станува збор за „фолксваген пасат“ управуван од Р.А.(50) од Студеничани,  „мерцедес“  управуван од Х.С.(28) од Скопје, „фолксваген шаран“  управуван од З.И.(30) од с.Студеничани,  „хјундаи аксент“ управуван од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат...

Вистиномер: Немало четворица мртви во вооружена пресметка во Ченто, туку сообраќајка

Вистиномер.мк рецензира пост објавен на Фејсбук во кој е линкуван напис чиј наслов гласи: Неофицијално: Престрелка во Ченто, има ранети и убиени Во меѓувреме, линкуваниот напис од порталот Булевар е избришан. За забележување е и дека лажната информација е споделувана во групи за купи продај каде членуваат и над 150 илјади луѓе, но и таму потоа е избришана. Какви се фактите? Дезинформација е дека во Ченто вечерта на објавата имало...

Двајца повредени во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес

Две лица се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес. Автомобил „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблички се превртел на коловозот, што во доцните попладневни часови предизвика долги колони возила да чекаат за да ја поминат локацијата на несреќата. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во СВР Скопје во 16:50 часот било пријавено за автомобил кој удрил...

Возачот во сообраќајката на „Рузвелтова“ не бил пијан, туку му се слошило

Информацијата пласирана во дел од медиумите, а потоа и споделена со линк на Фејсбук, во која се тврди дека возачот во сообраќајката на улицата „Рузвелтова“ бил пијан, е погрешна. Подоцна се покажа дека нему му се слошило и со автомобилот удрил првин во друго возило во движење, а потоа и во дрво на улицата. По сообраќајната несреќа, тој со...

За несреќата кај Ласкарци поднесени обвиненија против седум лица

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека поднело обвинителен акт за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, годинава, во која, а и потоа во болница, 16 луѓе ги загубија животите, а 38 беа повредени. Автобусот не бил технички исправен, а тоа се забошотило, и не се почитувало работното време, соопштија од обвинителството. За возачот на автобусот, сопственикот, одговорниот...

Петмина загинати во судир на „рено 5“ и камион за ѓубре кај Драчево

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на Драчево 15-тина минути пред полноќ, загинале пет лица кои биле во автомобил што удрил во камион за ѓубре. Како што соопшти Основното јавно обвинителство Скопје, дежурен јавен обвинител извршил увид и според првичните сознанија, автомобилот „рено 5“ со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите од непознати причини преминал...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...