fbpx
Таг: сообраќаен хаос

таг: сообраќаен хаос

Општина Охрид со угостителите бараат автопатот Подмоље-Охрид да се гради од септември

Изградбата на автопатот од Подмоље до Охрид и пренасочувањето на сообраќајот на стариот пат Охрид-Струга денеска ги собра на состанок охридскиот градоначалник Кирил Пецаков со претставници на Хотелската асоцијација на Македонија, угостителскиот еснаф од Охрид, туроператори, туристички агенции, СВР Охрид и стручните служби при Општина Охрид. Сите учесници на состанокот, со исклучок на СВР Охрид, го потпишаа барањето до Владата...

Во „Шорткат“ вечерва го третираме развојот на алтернативен туризам во Малешевијата

Во најновата епизода на „Шорткат“ како главна тема ги третираме можностите што ги нуди алтернативниот туризам во Малешевијата, од каде имаме снимки и изјави на ентузијасти кои основале свои зелени бизниси во овој регион и се обидуваат да ги привлечат младите кон нивен развој. Во „Шорткат“ вечерва ќе информираме и за одржаната дебата за млади на тема „Сајбер насилство: Последици...

Приватните превозници со блокади пред Град Скопје, сообраќајниот метеж се префрли во Карпош

Сообраќајниот метеж во Скопје, утрово се префрли на територијата на Општина Карпош, поради протестот на приватните превозници пред бараките на Град Скопје. Булеварот „Илинден“ остана и денеска блокиран на потегот од кај Зоолошката градина до раскрсницата кај фонтаната во Градски парк. Утрово колони возила се појавија на улицата „Франклин Рузвелт“, на булеварот „Илинден“ и на улиците низ Дебар Маало. Приватните...

Нема решение за хаосот на струшката улица „Туристичка“, ветување на Мерко уште од претходниот мандат

До денес направени се минимални чекори за реализација на предизборното ветување на првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко, за реконструкција на улицата „Туристичка“, пишува Порталб.мк. Ова ветување останува неостварено уште од минатиот мандат на Мерко. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Сѐ уште нема решение за урбаниот хаос во една од главните улици во центарот на градот Струга, позната како...

Хаос со паркирањето во скопскиот Клинички центар, молк од надлежните власти

Сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје станува секојдневие за граѓаните кои се обидуваат да пронајдат паркинг место, а гужвите се и многу опасна ситуација за пациентите кои се доведуваат со брза помош и на кои им е итно потребна лекарска помош. Мета.мк веќе две недели се обидува да добие одговори за проблемот со паркирањето од ЈП...

Скопје утрово во сообраќаен колапс поради блокадата на „Слобода превоз“

Речиси сите пристапи кон центарот на градот утрово беа блокирани поради штрајкот на превозниците на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Поради блокадата на една од најфрекфентните крстосници, стотици возила беа заглавени и чекаа во колони, па возачите не можеа на време да стасаат на своите работни места. „Живеам во Чаир. Се качив утрово во автобус со број 19. Поради метежот,...

„Градски паркинг“ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места [инфографик]

Наместо да се решава проблемот со паркирање во Градот Скопје, главниот град од година во година се соочува со поголем проблем поради хаосот во паркирањето. Градската администрација и јавното претпријатие „Градски паркинг“ се насочени кон издавање на нови бесплатни дозволи за паркирање, но не и кон изградба и инвестирање во монтажни гаражи, катни гаражи и други јавни површини кои...

Молк од градските власти за идејата за воведување на градска железница во Скопје

Четиридецениската идеја за воведување на градско-приградска железница како надополнување на јавниот превоз во Скопје не наидува на воодушевување кај новата градска власт. Скопскиот регион располага со 95 километри железничка пруга која што е недоволно искористена во моментов, наспроти преоптовареноста на патната инфраструктура. Уште во 1982 година, скопските градски власти пробале да го воведат јавниот превоз со возови на релациите...

Освен поевтин паркинг од март, Град Скопје нема решение за проблемот со паркирањето

Расте бројот на возила по скопските улици, а со тоа и недостигот на паркинг места. Граѓаните од различни делови на Скопје секојдневно се жалат дека по десетина минути кружат за да најдат слободно паркинг место, а најизразен е проблемот во скопските општини Центар и Карпош. Градот Скопје донесе одлука од 1 март да се намали цената на паркирање на...

[Фото] На Водно и викендов хаос со паркирањето, градските власти молчат

И викендов хаос на Средно Водно со преголемиот број на возила што непрописно се паркираат. Најголем дел од граѓаните одат на Водно со автомобили, коишто надвор од секакви правила ги паркираат на патните правци меѓу Долно и Средно Водно и меѓу Средно Водно и Нерези. Поради ова, автобусите 25, 25А и 25Б вчера едвај се разминуваа од паркираните возила,...

[Фото] Викендов на Средно Водно сообраќаен хаос, паркира кој каде ќе стигне

Бесплатните автобуси за викенди и празници до Средно Водно проработеа, функционален е и бесплатниот паркинг кај „Дом на печат“, но граѓаните на Водно за викенди продолжуваат да одат со автомобили. Мета.мк вчера беше на Водно и забележа хаос со паркирањето. Возила се паркираат на секоја можна слободна површина на патот меѓу Долно и Средно Водно, но и на патот...

Порталб: Велосипедската лента што ја отстрани општина Тетово е претворена во паркинг

Советниците на општина Тетово од три политички субјекти и независната листа не се согласуваат со одлуката на градоначалникот Билал Касами за отстранување на велосипедските патеки, коишто истовремено се единствени од ваков вид во градот. Денеска го посетивме булеварот каде беше оневозможена велосипедската патека со отстранувањето на заштитните столбови и можевме да се увериме дека истата е претворена во паркинг,...

Европската недела на мобилност ја “пречекавме” со милион патници помалку во јавниот превоз

Активности за одбележување на Европската недела на мобилност деновиве се редат во Скопје, но заедно со нив и поразителните податоци за тоа колку навистина граѓаните ја практикуваат одржливата урбана мобилност во своите секојдневни патувања. Според последните податоци на ЈСП-Скопје, јавниот превоз во главниот град во првото полугодие од годинава успеал да превезе речиси милион патници помалку во споредба со периодот...

Наместо да опаѓа, проблемот со недостиг на паркинг места во Скопје расте [инфографик]

Недостигот на паркинг места во Скопје станува хроничен проблем. Бројот на автомобили на скопските улици од година во година расте, а ваквиот тренд не доведува и до отворање на доволно нови локации за паркирање на овие превозни средства. Статистичките податоци покажуваат дека градските власти не можат да постигнат во отворањето на дополнителни паркиралишта, кои би биле доволни за сместување...

За брз и квалитетен јавен превоз, на Скопје му се потребни итни инвестиции [видео+фото]

Македонскиот главен град веќе три и пол децении чека и не може никако да ја дочека изградбата на трамвајот. Годините минуваат, новите технологии забрзано се воведуваат во системите за масовен превоз низ градовите во светот, а идејата за изградба на класичен трамвај во Скопје замина неславно во историјата. Додека експертите, невладините организации, политичарите и граѓаните се расправаат за тоа дали...

Во сообраќајниот хаос, јавниот превоз во Скопје секоја година ја намалува брзината на движење [инфографик]

Со околу 150.000 автомобили и десетици илјади други возила што секојдневно се движат по скопските улици, јавниот превоз во главниот град од година во година станува сè побавен за патниците. Набавката на нови возила од граѓаните низ годините и непрописното паркирање на автомобили на улиците го зголемува сообраќајниот метеж, кој пак предизвикува намалување на комерцијалната брзина на движење на...

Прво нов ГУП, потоа изведба на Park & Ride терминали за решавање на паркирањето во Скопје

Изградбата на патничките транспортни терминали во Скопје ќе ја чека изработката на новиот Генерален урбанистички план за периодот 2022-2032 година. Популарните Park & Ride терминали во македонскиот главен град се ветија пред една деценија, но до денешен ден не се изградија на влезовите во Скопје, каде би можело да се паркира возилото и од таа точка да се продолжи...

Порталб: Во Тетово сообраќајниот хаос останува проблематичен, загрозени се и учениците

Припадници на неколку јавни институции и невладини организации вчера одржаа состанок во Тетово за да разговараат за безбедноста на учениците во училиштата. Еден од најголемите проблеми кој беше посебно истакнат е густиот сообраќај во градот, што според еден од присутните директори „го загрозува животот на учениците“. За ова, припадникот на полицијата рече дека проблемот не лежи само во полицијата,...

Денот без автомобили го одбележуваме симболично, стапката на моторизација незапирливо расте (инфографик)

Светскиот ден без автомобили, 22 Септември, и годинава со симболични настани се одбележува од страна на државните институции и општините низ земјава. Функционерите по правило токму денешниот ден го користат за фотографирање како се движат пешки до работа или како возат велосипеди. Сепак, официјалните статистички податоци покажуваат дека стапката на моторизација на населението во земјава незапирливо расте од година...

Скопските велосипедски патеки ги нема на Гугл мапс, Град Скопје вели тоа зависело од Гугл

Компанијата Гугл кон крајот на јули преку Гугл мапс ја воведе можноста за корисниците да пронајдат најсоодветни насоки за движење по велосипедските патеки во градовите низ светот. Сепак, еден месец подоцна, скопските велосипедски патеки не се внесени во Гугл мапс и скопјани не можат да ја користат оваа алатка за подобро да го испланираат нивното патување со велосипед во...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...