!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Сончево време со температура до 20 степени


Скопје, 29 октомври, 2017 - 9:35 (META) 

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со утринска температура од минус 3 до 6 Целзиусови степени, а дневна од 12 до 20 степени.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен ветер, а во северните и во западните делови од земјава ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево, а попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремени слаби врнежи од дожд и ќе почне да дува засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 18 Целзиусови степени.


Сончево време со температура до 27 степени


Скопје, 13 октомври, 2017 - 9:10 (META) 

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Утрото ќе биде свежо со температура од нула до 8 Целзиусови степени, а дневната највисока температура ќе биде од 21 до 27 степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 25 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст.


Претпладне сончево, попладне промена на времето


Скопје, 6 октомври, 2017 - 9:04 (META) 

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност, а во вечерните часови во западните и во северните делови од земјава ќе има локален дожд.

Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират кон централните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен и од југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе се засили.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Врнежите во текот на ноќта ќе бидат почести. Ќе дува умерен ветер кој кон крајот на денот ќе преминува во северен. Температурата ќе се движи од 8 до 26 Целзиусови степени.

Врнежите утре повремено ќе бидат пообилни.


Времето денеска сончево, со умерена облачност


Скопје, 4 октомври, 2017 - 9:44 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во источните делови, умерен северозападен ветер.

Утринската температура се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до  24 Целзиусови степени.

До петок ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност.


Сончево време со умерена облачност и со температура до 23 степени


Скопје, 1 октомври, 2017 - 9:55 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во текот на денот во западните и крајните источни делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура се движеше од -3 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 16 и 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура достигна до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло, со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Услови за слаб локален дожд ќе има в среда, кога ќе дува и умерен северен ветер.


Времето променливо облачно со сончеви периоди


Скопје, 30 септември, 2017 - 9:57 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а утрото свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 12 до 22 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.

Следува период на посончево и малку потопло времен преку денот, но со ниски утрински температури. Преодно наоблачување со услови за повремен дожд се очекува од средината на следната работна седмица.


Облачно и свежо време со температура до 18 степени


Скопје, 29 септември, 2017 - 9:28 (META) 

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо, на западот и на југот од земјава со повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од седум до 15 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Утре ќе биде посончево и малку потопло преку денот, но со пониска утринска температура. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната недела.


Облачно време со повремени сончеви периоди


Скопје, 24 септември, 2017 - 10:14 (META) 

Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во вечерните часови, во крајните западни делови од земјава ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Од утре следува период на променливо облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.


Сончево време со температура до 27 степени


Скопје, 23 септември, 2017 - 10:06 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен и западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 19 до 27 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура од пет до 24 Целзиусови степени.

За викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и потопло преку ден.


Сончево и топло време со слаб ветер и температура до 36 степени


Скопје, 18 септември, 2017 - 9:12 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со температура до 36 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време, со утринска температура од 13 Целзиусови степени и максимална дневна од 32 степени.

Топлото време ќе се задржи и во вторник, а в среда ќе дува засилен југозападен ветер со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи.