fbpx
Таг: СОНК

таг: СОНК

Контраспин: Зголемувањето на платите во образованието најмногу е резултат на притисоци од синдикатите

Од она што може да се види низ архивите на медиумите и на синдикатите, како и на МОН, сосема е јасно дека имало зголемување на платите во основното и средното образование во изминатите неколку години. Но, кога подетално ќе се навлезе во материјата станува јасно дека тоа зголемување е резултат на малку желба од Владата (СДСМ+ДУИ), а многу повеќе...

Платите на наставниците од месецов се зголемуваат за 15 отсто

Платите на наставниците и на другите вработени во основните и средните училишта од месецов ќе се зголемат за 15 отсто. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков потпишаа спогодба која предвидува зголемување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15 отсто, почнувајќи од...

Шаќири: Со интеграцијата на предмети, ниту еден наставник нема да остане без работа

Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе добива помала плата поради интеграцијата на предмети која е предвидена со реформите, рекол министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба меѓу највисоките претставници на МОН, Бирото за развој на образованието (БРО) и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), како и претставници на...

Наставниците ќе добиваат за 10 отсто повисоки плати, но неизвесно е од кога

Вработените во основно и средно образование во земјава треба да добијат повисоки плати за околу 10 отсто, но засега е неизвесно од кога би започнала исплатата. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), за Мета.мк вели дека всушност се работи за спогодба која летово треба да ја потпишат СОНК и Министерството за образование и наука...

НАкС и СОНК: Колективниот договор е најдоброто системско и сеопфатно решение

Покачување на платите на наставниот кадар во просек за 40 отсто и на ненаставниот кадар во просек од 15 до 50 отсто во последната една и пол година, како и континуиран пораст на платите, се дел од најважните права за кои Независниот академски синдикат (НАкС) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) рекоа дека се избориле со Колективниот...

Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари

За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование. Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари. Септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели...

Со договореното покачување, наставникот што сега има 26.000 денари плата, би имал 29.900

Во посредство на помирувач, поминаа 19 дена од процесот на помирување и преговори, во кој Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги приближија ставовите околу висината на платите на вработените во образование. По последната синоќешна средба, министерот Јетон Шаќири соопшти дека почнувајќи со исплата од септември, платите ќе бидат зголемени за...

Владата одлучи дека нема да има продолжување на учебната година

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 44 редовна седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта. На седницата беше утврден бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта да изнесува 146 наставни денови, односно беше донесена одлуката да нема продолжување на учебната година. Во последниов период пошироката...

По штрајкот во образованието – наставниците чекаат плати, општините ја чекаат Владата

Засега не се знае дали на наставниците и воспитувачите ќе им се исплатат плати или дневници за деновите додека штрајкуваа или ќе им бидат исплатени само придонесите. Од Владата велат дека исплатата на плати во случај на штрајк се врши според закон и дека општините треба да постапат според законските прописи. Општините, пак, ја префрлуваат одговорноста на Владата, која,...

УНИЦЕФ ја поздрави одлуката за продолжување на наставата додека траат преговорите меѓу СОНК и Владата

УНИЦЕФ ја поздрави заедничката одлука на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) за продолжување на наставата додека трае процесот на преговори во наредните недели. Голема е веројатноста дека загубите во учењето ќе имаат негативно влијание врз децата денес, но ќе се одразат и на нивната иднина и социо-економскиот развој на земјата, велат...

Од утре учениците ќе одат на училиште, СОНК го стави штрајкот во мирување

Штрајкот во училиштата е ставен во мирување и од утре учениците ќе одат во училиште, соопшти попладнево претседателот на СОНК Јаким Неделков на прес-конференција. Неделков истакна дека ваквата одлука на Советот на синдикатот доаѓа по добиеното известување од Министерството за образование и наука со кое отпочнува постапка за помирување. Советот на СОНК ги анализирал законските одредби согласно законот за мирно решавање...

УНИЦЕФ загрижен поради прекинот на наставата на учениците, ќе мора да се надомести изгубеното

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште, се наведува во денешното соопштение од УНИЦЕФ, откако постана јасно дека штрајкот на наставниците продолжува низ училиштата во земјава. Од УНИЦЕФ велат...

Владата и СОНК постигнаа договор, од среда ќе продолжи наставата и работата на градинките

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот...

Попладнево средба на СОНК и Владата, ако нема договор, штрајкот ќе продолжи и утре

Во владата попладнево ќе се одржи нова средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) како уште еден обид да се постигне договор за завршување на штрајкот во училиштата и градинките во земјава. Покрај претседателот на СОНК Јаким Неделков, на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе биде и...

Контраспин: Исплатата само на придонеси е, сепак, притисок – СОНК спинува, платите растеле и досега

Анализирајќи ги изјавите на главните актери во штрајкот во образованието (претшколско, основно и средно) кој трае цели две недели, со неизвесност кога ќе прекине, може да се идентификуваат два спина. Еден спин кој доаѓа од Владата и еден спин кој доаѓа од СОНК. Изјавата дека нема да им исплатат дневници за време на штрајкот, туку само придонесите, иако се...

Штрајкувачите ќе добијат само пари за придонеси, штрајкот продолжува и утре

Mинистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска изјави дека на оние кои штрајкуваат во училиштата и во градинките, ќе им бидат исплатени само придонеси. Таа кажа дека тоа не значи дека врз вработените се прави притисок да го прекинат штрајкот, туку, според неа, тоа е само почитување на законите и колективниот договор. Согласно последната одлука на Советот...

Народен правобранител: Образовниот процес на децата не треба да трпи последици од штрајкот

Правото на штрајк и правото на образование се две уставно загарантирани права, но во ситуација при судир на овие две права, според сите меѓународни документи и според Конвенцијата за правата на детето, предност се дава на правата на децата, што значи дека воспитно - образовниот процес не треба да трпи последици. Ова денеска го изјави Народниот правобранител Насер Зибери. Тој...

Учениците и денеска немаат настава, штрајкувачите одбија зголемување на платата за 2.500 денари

Синдикатот за образование, наука и култура одлучи да го продолжи штрајкот во дејноста образование и детска заштита откако не ја прифатија понудата на Владата да им се зголемат платите на наставниците и воспитувачите за 10 отсто. Мнозинството ученици во државата, шести ден по ред не се на настава, а по последната одлука за продолжување на штрајкот реагираа од Владата,...

УНИЦЕФ: Тоа што нема настава ја продлабочува образовната криза

УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение што ќе ги стави децата на прво место и што нема да доведе до дополнителен продолжен прекин на наставата во училиштата, соопштија од  од организацијата. Претставничката Патриција ДиЏовани смета дека вработените во образовниот сектор,...

МОН е подготвено да пренамени дел од средствата за покачување на платите во образованието

Министерот за обрзование и наука Јетон Шаќири во вчерашното гостување на Телевизија Алсат-М истакна дека МОН е подготвено да пренамени дел од буџетските средства со цел доближување до процентот на покачување на платите кој го бара Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). „Како министер за образование и наука, подготвен сум да направам отстапки од повеќе инвестициски и други активности...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...