fbpx
Таг: Сомалија

таг: Сомалија

Ал шабаб зазеде град во Сомалија на границата со Кенија

Исламистичката организација Ал Шабаб утринава го зазеде сомалискиот град Балад Хаво, во близина на границата со Кенија, откако бомбаш самоубиец детонираше експлозив во автомобил, а исламистите упаднаа во околната воена база, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на неименуван портпарол на организација која се поврзува со Ал каеда. Портпаролот соопштил дека во нападот се убиени 24 сомалиски војници, но засега нема...

Најмалку 15 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Могадишу

Најмалку 15 лица загинале во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во главниот град на Сомалија, Могадишу. Одговорноста за нападот ја презела исламистичката група Ал шабаб, јавуваат светските агенции. Во експлозијата повредени биле уште 18 лица, меѓу кои и седум жени. Повеќето настрадани во нападот се цивили. Сомалиското министерство за безбедност соопштило дека нападот се случил кога маж со комби,...

Во напад на екстремистите убиени се 70 лица во Сомалија

Седумдесет лица загинаа, а најмалку 40 се повредени откако терористичката група Ал шабаб нападна воена база во автономната држава Пунтланд во Сомалија, соопштија сомалиските власти. Жителите на Пунтланд тврдат дека многу цивили, вклучувајќи и жени, се обезглавени. Властите велат дека нападот во Пунтланд е најсмртоносниот во последните неколку години. Високиот воен претставник, Ахмед Мухамед рече дека нападот почнал со експлозија во зафрлениот...

СЗО: Во Сомалија 25.000 лица се заболени од колера

Повеќе од 25.000 лица во Сомалија се погодени од колера, односно од акутна водена дијареја, а се очекува бројот на заболените двојно да се зголеми во претстојните месеци од летото, соопшти Светската здравствена организација. Стапката на смртност предизвикана од болести поради загадената вода или храна изнесува 2,1 отсто во Сомалија, додека смртноста предизвикана од колера достигнува и до 14,1 отсто...

Убиен сомалиски владин претставник во Могадишу

Претставник на владата на Сомалија загина во експлозија на бомба подметната под неговото возило во главниот град Могадишу, соопштија официјални претставници. Според портпаролот на градоначалникот на Могадишу, во експлозијата на бомба подметната под автомобил, загина владин претставник од понизок ранг. Засега никој не ја презел одговорноста, но исламската милитантна група Ал шабаб во последно време почна да врши почесто напади во...

Седум повредени при експлозија на автомобил бомба во Могадишу

Сомалиската полиција соопшти дека во експлозија на автомобил бомба во Могадишу загинаа седум лица, а неколку се повредени. Автомобил бомба експлодира пред еден ресторан во престолнината на Сомалија, во близина на Министерството за внатрешни работи, младина и спорт. Засега никој не ја презема одговорноста за бомбашкиот напад, но познато е дека терористичката група Ал шабаб, која е блиска до Ал каеда,...

Сомалиски пирати киднапирале индиски комерцијален брод

Пирати киднапирале индиски комерцијален брод, соопшти денеска сомалиски претставник од Агенцијата за борба против пиратите, Абдиризак Мохамад Дирир. - Сфативме дека сомалиски пирати киднапирале индиски брод и дека се движи кон сомалискиот брег – јави Дирир. Бродот и 11-члениот екипаж се киднапирани во саботата, изјави Грејмем Гибсон-Брукс од британската поморска организација за безбедност. Минатиот месец пиратите киднапираа танкер, но подоцна го ослободија.

Шест загинати во експлозија во Могадишу

Во експлозија на автомобил бомба во близина на хотел во сомалискиот главен град Могадишу, утринава загинаа шест лица, а повредени се четири, соопштија полициски претставници. Бомбата е активирана во близина на хотелот „Вехелије“, кој се наоѓа на прометната улица Мака Алмукарамах во Могадишу, наведоа властите. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но екстремистичката организација Ал шабаб, која е поврзана...

Генералниот секретар на ОН во итна посета на Сомалија поради гладот во земјата

Генералниот секретар на Обединтетите нации, Антонио Гутереш, ја почна итната посета на Сомалија, која изминатите неколку недели е зафатена од глад поради суша, јавуваат светските медиуми. „Луѓето умираат. Светот мора да дејствува за да се спречи тоа. За ова мораме да зборуваме најгласно што можеме. Конфликтите, сушата, болестите, климатските промени... Оваа комбинација е кошмар“, изјавил Гутереш во пресрет на посетата на...

За два дена повеќе од 100 лица починале од глад во Сомалија

Премиерот на Сомалија, Хасан Али Каире, денеска соопшти дека во последните 48 часа 110 лица умреле од глад само во регионот Бај и дека ваква опасност им се заканува на милиони луѓе во земјата, јавуваат светските агенции. Станува збор за прв извештај за луѓе починати од глад, откако во вторникот Сомалија прогласи национална катастрофа поради сушата што им се заканува на...

Напад на хотел во Могадишу

Вооружени лица утринава упаднале во хотел во сомалискиот главен град Могадишу, по експлозија на автомобил бомба на влезот од зградата, соопшти сомалиски полициски претставник. Капетанот Мохамед Хусеин соопшти дека според досегашните податоци, во моментот на нападот, во хотелот Даја во Могадишу имало десетици лица, меѓу кои и дел од вработените. Тој додаде дека од хотелот и понатаму се слушаат истрели од огнено...

Пет војници убиени во експлозија во Могадишу

Експлозијата на автомобил-бомба која одекна пред резиденцијата на претседателот на Сомалија усмрти пет војници, јавуваат локалните медиуми. - Засега знаеме дека пет сомалиски војници загинаа во експлозијата, која се случи пред хотелот „Сомалиска младинска лига“, кој се наоѓа пред претседателската палата. Веруваме дека цел на нападот бил хотелот, во кој често престојуваат локални функционери. Бројот на жртви би можел да...

Десет загинати во напад на ресторан во Могадишу

Најмалку 10 лица се убиени во напад на исламистичките екстремисти на ресторан на плажа во Могадишу, главниот град на Сомалија, соопштија денеска властите. Полицискиот претставник Али Абдулахи рече дека меѓу жртвите има шест цивили, двајца припадници на безбедносните сили и двајца напаѓачи. Нападот е изведен синоќа, а драмата е окончана во три часот по локално време. Одговорноста за нападот ја презеде...

Поранешен пратеник е еден од напаѓачите во Могадишу

Еден од двајцата бомбаши што го изведоа двојниот напад во главниот сомалиски град Могадишу е поранешен пратеник кој им се приклучил на припадниците на екстремистичката група Ал шабаб. „Салах Нух Исмаил, познат под името Салах Бадбадо, е еден од најхрабрите борци што го изведоа нападот на воената база Халана“, стои во соопштението на џихадиститите од Ал шабаб, што го пренесе нивната радиостаница „Андалус“. Исмаил...

Седум загинати во експлозијата во Могадишу

Најмалку седум лица загинаа во двете експлозии што одекнаа на главниот влез на аеродромот во Могадишу, соопшти сомалиската полиција. Како што јавува „Би-би-си“, над тоа подрачје, каде се наоѓа и базата на мировните сили на Африканската унија се издигнува густ чад. Локалните медиуми јавуваат дека барем една од бомбите ја активирал бомбаш самоубиец во возило, во близина на контролниот пункт на аеродромот.

Сомалија: Експлозија во близина на аеродромот во Могадишу

Силна експлозија одекнала во близина на аеродромот на главниот сомалиски град Могадишу, јавуваат локалните медиуми. Густ чад се издигнува над подрачјето каде се наоѓа базата на мировните сили на Африканската унија. Како што јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на локалните медиуми, во околината на аеродромот експлодирале две бомби. Засега нема информации за жртви.

Најмалку 14 загинати во терористички напад во Сомалија

Најмалку 14 лица загинале во силна експлозија што вчера се случила во близина на хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите се и тројца припадници на обезбедувањето на хотелот. Полицијата соопштила дека бомбаш самоубиец активирал возило полно со експлозив пред влезот на хотелот, по што вооружени лица влегле во објектот и отвориле оган. Безбедносните сили успеале да убијат...

Во Сомалија погубен новинар близок со Ал шабаб

Сомалиски новинар кој бил поврзан со исламистичките екстремисти од Ал шабаб е погуден денеска во Могадишу, соопштија правосудните власти. Хасан Ханафи е осуден за организирање убиство на пет свои колеги во периодот од 2007 до 2010 година. Повеќе новинари присуствувале на неговото погубување. Ханафи е уапсен во август 2014 година во Кенија и истата година е испорачан на Сомалија. Терористичката организација Ал шабаб...

Во Сомалија 150 загинати при напад со дрон

Повеќе од 150 луѓе се убиени во напад на американско беспилотно летало на упориште на Ал шабаб во Сомалија, наведуваат официјални лица на САД. Сите убиени се членови на терористичката група. Портпаролот на министерството за одбрана на САД, Џеф Дејвис, изјави дека е нападнат камп за обука во кој се подготвувал „голем напад“. - Знаеме дека имале намера да го напуштат кампот и да...

Експлозија го исфрлила напаѓачот од авион

Неидентификуван маж е исфрлен од авион на висина од околу 3.600 до 4.200 метри по експлозија, пишува британскиот весник „Дејли маил“, повикувајќи се на изјава на сведоци. Патничкиот авион „ербас А321“, кој летал од Сомалија во Џибути, вчера принудно слетал на аеродромот „Аден Аде“ откако неколку минути по полетувањето експлозија одекнала во леталото. Авионот го спуштил пилотот Владимир Водопивец (64) од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...