fbpx
Таг: солзавец

таг: солзавец

Вистиномер: Сатирична објава за кражба во полициски магацин споделена како вистинска вест

Во овој пост што се споделува на Фејсбук не е наведено дека станува збор за сатира, нема линк до оригиналниот напис, па е оставена е отворена можноста информацијата да биде погрешно протолкувана како вистинита. Наместо како исмевање за кражбата на солзавец, шок бомби и други предмети од  полициски магацин во Охрид, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Демонстрации во Бејрут, полицијата ги растеруваше граѓаните со солзавец

Денеска околу 5.000 демонстранти се собраа на Плоштадот во центарот на Бејрут, обидувајќи се да ја пробијат оградата и да стигнат до зградата на Парламентот. Тие побараа „режимот да падне“ и Владата ја сметаат за одговорна за експлозијата со катастрофални последици, поради недоволната грижа за складиштето со 2.700 тони амониум нитрат. Во тек е истрага за причините за несреќата, но...

Демонстрантите во Тирана се обидоа да влезат во парламентот

Опозициските демонстранти синоќа се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во Тирана и да упаднат во зградата на парламентот. Полицијата одговори со солзавец, па поддржувачите на опозицијата фрлаа разни предмети и петарди кон полицискиот кордон. Синоќа демонстрантите, по третпат во последните две седмици, повторно се собраа пред парламентот во главниот град на Албанија и палеа автомобилски гуми и фрлаа факли,...

Полицијата со солзавец против демонтрантите, а пратеници избркани од унгарската телевизија

Двајцата независни пратеници во унгарскиот парламент, претпладнево од страна на обезбедувањето беа избркани од објектот на унгарската државна телевизија, каде сакаа да прочитаат петиција. Инцидентот се случи неколку часа по синоќешните големи протести против режимот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, на кои во Будимпешта полицијата фрлаше солзавец. Двајцата пратеници со опозициска ориентација беа дел од групата од десет пратеници кои ноќта...

Обвинителството почнува со расветлување на вчерашните немири пред Собранието

Основното јавно обвинителство - Скопје соопшти дека по работниот состанок со претставници од МВР, кој се одржал утрово, почнува со расветлување на вчерашните немири пред Собранието. Според обвинителството, уапсени биле 26 лица, од кои пет малолетници. Децата по утврдување на идентитетот и возраста, согласно Законот за правда на децата, се пуштени на слобода. Повредени биле десетмина полицајци, од кои еден...

МВР: Приведени се 26 лица, демонстрантите фрлија солзавец во угостителски објект

Седум лица побарале лекарска помош, повредени се 10 полициски службеници, а приведени се 26 лица, соопштуваат денеска од МВР за ескалацијата на вчерашните протести пред Собранието, против Договорот постигнат помеѓу Македонија и Грција. Од МВР велат дека дел од демонстрантите, од кои голем број биле маскирани, насилно ја турнале заштитната ограда и почнале да фрлаат камења и пиротехнички средства и...

СДСМ го осудува насилството пред Собранието и повикува на смиреност

СДСМ се огласи со осуда на „вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците коишто се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието“. „Секој има право да протестира и да го искаже својот став и мислење, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, кон новинари,...

На протестот „Македонија е грчка“ учествувале 140.000 граѓани, дел се судрија со анархистите

Грчката полиција соопшти дека на протестот „Македонија е грчка“ во центарот на Атина, учествувале 140 илјади граѓани, кои од цела Грција дошле со 283 автобуси, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Паралелно со протестот на плоштадот Синтагма, на оддалеченост од околу 800 метри, анархистички и антифашистички организации одржале контра-протест, по што дошло до судири, а полицијата реагирала со солзавец. На протестот говорел грчкиот композитор Микис...

Приведен граѓанин кој се обидел да го испрска Груевски со солзавец на митингот во Центар

Скопската полиција привела граѓанин кој испрскал спреј-солзавец кон бината на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, за време на говорот на лидерот на партијата, Никола Груевски. МВР го потврди инцидентот и оттаму велат дека околу 21.55 часот е приведен 36-годишен маж со иницијали Р.Р. Дваесетина минути подоцна, во полициската станица Центар дошол 29-годишниот Д.Г., кој пријавил дека додека присуствувал на митингот...

Илјадници демонстранти побараа затворање на Златна зора и апсење на нејзините членови

Околу 3.000 левичарски активисти и мигранти вчера маршираа низ центарот на Атина во знак на сеќавање на рапертот и активист Павлос Фисас, кој пред четири години беше убиен од симпатизери на неонацистичката партија Златна зора. Полицијата го спречи обидот на учесниците на маршот да стигнат до седиштето на партијата, поради што дел од демонстрантите почнаа да фрлаат молотови коктели врз...

Шест повредени на аеродромот во Франкфурт

Најмалку шест лица се повредени во инцидент на аеродромот во Франкфурт откако на еден терминал бил фрлен солзавец, јавуваат германските медиуми. Полицијата соопшти дека шест лица се хоспитализирани поради проблеми со дишење. - Причината за активацијата на солзавецот не е позната. Истрагата е во тек – соопшти портпаролот на полицијата. Засега нема информации дали инцидентот е поврзан со тероризам, а германскиот весник...

Осум лица загинаа кога се урна ѕид при стампедо на фудбалски стадион во Сенегал

Осум лица загинаа, а околу 40 се сериозно повредени вчера, кога се урна ѕид на фудбалскиот стадион „Демпа диоп“ во главниот град на Сенегал, Дакар. На уривањето на ѕидот му претходела тепачка, а потоа стампедо предизвикано од фрлениот солзавец од полицијата, при што бил урнат и ѕидот. На финалето во кое играа клубовите „УС Оукам“ и „Стаде де Мбоур“, навивачите...

Судир меѓу полицијата и демонстрантите пред почетокот на самитот на Г20 во Хамбург

Германската полиција и група демонстранти денеска се судрија на улиците на Хамбург во пресрет на самитот на Г20, кој почнува утре, јавуваат агенциите. Најмалку едно лице било сериозно повредено во насилствата, а на неколку им била укажана помош на самото место, пренесува „Би-би-си“. Полицијата интервенирала со водени топови кон групата демонстранти, кои фрлале шишиња и камења кон полициските екипи. Мерките за безбедност во...

Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Атина

Атина повторно преживеа сцени на насилни судири и хаос на вчерашните протести за одбележување на годишнината од убиството на младиот Александрос Григоропулос, кој беше жртва на полициско насилство. Полицијата уапси 25 и приведе 26 лица во немирите кои траеја со часови во центарот на градот и во бунтовната населба Ексархија. Ексархија наликуваше на бојно поле. Демонстрантите напаѓаа со стотици молотови...

Судири меѓу демонстранти и полиција во Северна Дакота поради изградбата на нафтовод

Синоќа избувнал судир меѓу полицијата и демонстрантите во близина на нафтовод во изградба во американската сојузна држава Северна Дакота, во моментот кога демонстрантите се обидувале да го поминат мостот на државниот пат кој е блокиран од октомври годинава. Според процените на канцеларијата на шерифот на округот Мортон, околу 400 демонстранти се обиделе да го поминат мостот, јавуваат светските агенции. Полицијата...

Немири во Атина на протестите против Барак Обама

Мали немири избија во центарот на Атина на протестот на дел од синдикатите, левичарските партии и анархистите против американскиот претседател Барак Обама. На протестите учествуваат неколку илјади грчки граѓани, синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија и поддржувачите на Народно единство, партијата на поранешниот соработник на Алексис Ципрас и министер во владата на СИРИЗА, Панајотис Лафазанис, кои се бунтуваат против политиката на...

Солзавец повторно фрлен во косовскиот Парламент

Косовската опозициско движење „Самоопределување“ денеска фрли солзавец во косовскиот Парламент, за време додека Комисијата за надворешни работи го разгледуваше предлог документот за демаркација на границата со Црна Гора. Полицијата трага по Дритон Кауши од „Самоопределување“, кој со солзавец се обидел да го спречи усвојувањето на документот. Како што јавуваат косовските медиуми, документот сепак е усвоен со шест гласови, а на...

26 лица се повредени на денешните протести на синдикатите во Париз

На денешните протести на синдикатите во Париз повредени се 26, а уапсени се 11 лица. Десетици илјади луѓе протестираа во Франција поради најавените реформи во законот за труд, а полицијата морала да употреби солзавец бидејќи групата демонстранти фрлала камења кон полицијата. Протестот беше организиран од синдикатите и од студентските организации, кои повикаа на демонстрации поради законот кој ќе го олесни отпуштањето...

Уапсени 12 лица по протестите во Париз

Во судир помеѓу полицијата и антивладините демонстранти на протестот на младите наречен „Будни цела ноќ“ во Париз, уапсени се 12 лица, соопшти полицијата. Полицијата испукала солзавец за да ја растера групата од стотина луѓе, кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу плоштадот Република, каде демонстрантите веќе три недели одржуваат протести секоја ноќ. Во нередите што се случиле нешто по полноќ,...

Продолжуваат немирите на Идомени

Веќе три часа траат тензиите на граничната линија во кампот Идомени. Наместо да се смират, немирите се разгореа. Бегалците скандираат да се отвори границата и фрлаат со камења кон македонската полиција, која возвраќа со солзавец, димни бомби, а повторно има употреба и на гумени куршуми. Инцидентите се разгореа откако група бегалци се обидоа одново да направат дупка во оградата и...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...