fbpx
Таг: сојузници

таг: сојузници

Ковачевски: САД се наш стратешки партнер, чија поддршка е исклучително ценета

САД се наш стратешки партнер, чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на нашата држава, порача премиерот Димитар Ковачевски во својата честитка по повод Денот на независноста на САД - 4 Јули. Во честитката премиерот Ковачевски истакна дека земјава имала стратешки партнер во САД во сите предизвици од нејзиното осамостојување до денес. „Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер,...

Трамп планира да воведе царина на челикот и алуминиумот од земјите-членки на ЕУ

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп планира да воведе царина на увозот на европски челик и алуминиум, бидејќи не се добиени отстапки од Европската унија, пренесуваат светските агенции. Дополнителниот рок за воведување на царинска казна на челик и алуминиум истекува утре, бидејќи САД претходно ги продолжија преговорите со ЕУ за 30 дена. Американскиот претседател во март најави дека САД ќе воведат царина од...

Сирија: Бунтовниците го замрзнаа учеството во разговорите за решавање на конфликтот

Сириските бунтовнички групи соопштија дека одлучиле да ги замрзнат разговорите за нивно учество во мировните преговори за Сирија, кои треба да се одржат во Казахстан, сè додека сириските сили и нивните советници не престанат да го кршат примирјето. Бунтовничките групи, како што јавуваат светските агенции, во соопштението наведуваат дека територијалното напредување на војската и на милицијата, кои имаат поддршка од...

Германија усвои закон за шпионирање сојузници

Пратениците во Германија усвоија закон кој ѝ овозможува на разузнавачката агенција БНД да шпионира институции на Европската Унија и на други земји-членки на асоцијацијата. Ова е дел од пакетот закони што се однесуваат на мерките за унапредување на надзорните шпионски активности, јавуваат светските агенции. Со законот е предвидено воспоставување комисија од независни судии, која ќе мора да биде известена кога БНД ќе ги...

Најмалку 4 лица загинаа, а 12 се ранети во експлозија во Јемен

Најмалку четири лица загинаа, а 12 се ранети при експлозија која се случила за време на погреб во јеменскиот град Марибу, источно од главниот град Сана. Експлозијата се случила за време на оддавање на почест на починатиот Абдуралаб Шададиј, кој бил воен заповедник и бил убиен пред неколку дена во борбите против бунтовниците Хути. Непријателствата во Јемен се зголемија по неуспешните...

САД ја предупредија Русија дека ќе ги бранат своите сојузници

Американскиот министер за одбрана, Еш Картер, изјави дека НАТО ќе ги брани своите сојузници од „руска агресија“, но оти не сака од Русија да направи непријател. Картер, за време на именувањето на новиот шеф на европската команда на НАТО, истакна дека „вратата на Северноатлантската алијанса ќе биде и понатаму отворена кон Русија“ кога станува збор за прашања што претставуваат глобални безбедносни...

Хамза бин Ладен: Нападнете ги САД и сојузниците

Терористичката организација Ал Каеда објави аудио снимка со закана која на САД и сојузниците им ја упатува синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен. Како што пренесуваат светските медиуми, се верува дека тоа е прв доказ дека наследникот на убиениот терористички лидер, станал член на организацијатата која ја командувал неговиот татко. Во пораката која е споделена на социјалните мрежи, Хамза...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...