fbpx
Таг: Сојуз на синдикати на Македонија

таг: Сојуз на синдикати на Македонија

Вработените во ФЗО најавија штрајк против намалувањето на платите

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов најави дека вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе штајкуваат заради најавеното намалување на платите. Трендафилов, во интервју за Радио Слободна Европа, информираше дека одлуката за штрајк е веќе донесена и ќе стартува од утре. „Штрајкот е непопуларна мерка кон која прибегнуваат работниците и синдикатите само во ситуација во која...

Инспекторатот утврдил дека директорката на Комунална хигиена незаконски ги потпишала отказите на работниците

Државниот инспекторат за труд (ДИТ), по поднесената преставка од вработените во јавното претпријатие Комунална хигиена - Скопје, донел инспекциска мерка со која менаџментот на претпријатието се задолжува да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор, соопштија синдикатите ССМ и СУТКОЗ. „Соработката помеѓу ССМ и ДИТ...

Почина Дарко Димовски, претседател на ССМ

По кратко боледување на 45 годишна возраст, почина претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски. Од ССМ изразија длабоко сочувство до неговото семејство. „Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија“, изјавија од Сојузот на синдикатите. Димовски беше претседател на Синдикат на работниците...

Вжештена расправа за Законот за работни односи, ССМ вели дека се силуваат работничките права

Измените на Законот за работни односи на расправата на седницата во Собранието ги судри аргументите на партиите од владејачкото мнозинство и на опозицијата. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците рече дека власта на брза лента ги турка законите со европско знаменце кои се однесуваат на Коридорите 8 и 10д, а претходно реагираше и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од...

Ни требаат речиси 50.000 денари месечно за преживување, трошоците за живот повисоки за 13 отсто

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка. Според ССМ, над 19 илјади денари се потребни за храна и за пијалоци, и над 13 илјади денари за режиски трошоци. Според Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2023 година, во однос...

Синдикатите се закануваат со штрајк, ако не се усвои минимална плата од 18.000 денари

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска побара Владата да го поддржи предлогот за минималната плата од 18.000 денари и да го стави на гласање на Економско социјалниот совет. Синдикатите најавија дека доколку не се усвои ова решение, ќе организираат штрајк и блокади на фабрики, економски зони и патишта. Одлука за висината на минималната плата се уште не е донесена,...

ССМ: Нормата повеќе нема да биде основа за исплата на минималната плата

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека Уставниот суд минатиот месец ги укинал членовите од законот во делот за нормираниот учинок. Со ова, според ССМ, ќе се овозможи исплатата на минималната плата за сите работници во државата, без условување со остварување на нормата наметната од работодавачот. ССМ поведе постапка за оценка на уставноста на одредбите од Законот за...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...