fbpx
Таг: софтвер

таг: софтвер

„Адоби“ и „Фигма“ се откажаа од спојувањето

Компаниите „Адоби“ и „Фигма“, два главни играчи во светот на софтверите за дизајн, го откажаа планираното спојување. Компаниите ја објавија одлуката пред два дена, наведувајќи го како причина недостатокот на јасен пат до одобрување на спојувањето од регуларните органи во Европската Унија и Обединетото Кралство. Предложеното спојување, кое првпат беше објавено во септември 2022 година, ќе овозможеше „Адоби“ да ја...

Компанијата зад „ChatGPT“ лансираше алатка за откривање на текст генериран со вештачка интелигенција

Компанијата „ОпенАИ“, креатор на популарниот чет-бот ChatGPT, лансираше софтверска алатка која се обидува да направи разлика помеѓу текст напишан од човек и текст генериран од вештачка интелигенција (ВИ), меѓу кои и текстови произведени од нивните сопствени модели „ChatGPT“ и „GPT-3“. „Класификаторот за Вештачка интелигенција“ е јазичен модел обучен на база на податоци од парови текст на иста тема напишани од...

Скопска Апелација го укина притворот на Драги Рашковски и Трајко Вељаноски

Апелацискиот суд - Скопје вчера донесе одлука да ги укине куќните притвори на Драги Рашковски и на Трајко Вељаноски. Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ќе имаат обврска да се јавуваат во судот секој прв работен понеделник во месецот, а одземени им се и патните исправи и тие не смеат да ја...

Софтверот „Е-Инспектор“ ќе ја елиминира субјективноста при инспекциските надзори и контроли

Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, изјави на денешната прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Николовски посочи дека за ова дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата веќе се обезбедени лаптопи, неопходни за дигитално спроведување на надзорите и контролите за трите клучни инспекторати - Државниот пазарен инспекторат, Државниот...

Софтвер „лови“ политичари кои се занимаваат со мобилните телефони за време на седница

Софтвер
Најновиот изум на Дрис Депуртер, дигитален уметник од Белгија, предизвика бес и реакции во јавноста откако почна да ги „лови“ лошите политичари кои за време на седница, наместо да работат, се занимаваат со нивните мобилни телефони. Неговиот софтвер наречен „The Flemish Scrollers“ (Фламански прелистувачи) користи фацијално препознавање за автоматски да ги обележи политичарите во белгиската провинција Фландрија кои „дремат“ на...

Оливер Деркоски и уште тројца од ДИК добија обвинение за набавка на софтверот кој беше цел на хакерски напад

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, како и против тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор. Се товарат за незаконски набавки на софтверот на ДИК, кој потоа беше цел на хакерски напад и беше блокиран, со што се одложи...

Обвинителството влезе во ДИК, ќе утврдува дали имало криминал при набавката на софтверот

Во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска по допрен глас влезе Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за да утврди дали имало кривично дело при спроведувањето на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција. При извршениот претрес е одземена тендерската документација, со која треба да се утврди дали се почитувани законските постапки при изборот на фирмата која...

Според „ДУНА“, апликацијата функционирала беспрекорно, сајтот на ДИК бил предмет на напад

Од компанијата „ДУНА“, која што ја изработи апликацијата за следење на гласовите и изборните резултати, тврдат дека нивната апликација функционира најнормално и била подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на Државната изборна комисија (ДИК). - Таа беспрекорно даваше резултати за излезноста на секои пет минути. Но, страницата на...

„МАИКА“ – бесплатна алатка која гласовно чита текст на македонски јазик

МАИКА е бесплатна алатка која пишаниот текст на македонски јазик го претвора во говор. Алатката е изработена од тимот на „Emit Knowledge“. Инспирација за создавањето на оваа алатка, како што велат од тимот, е да се остави наследство за следните генерации, со цел да се зачува и збогати македонскиот јазик, но и да се помогне на лицата со попреченост, поконкретно...

Пентагон и во македонските безбедносни системи нашол докази за руски сајбер напади

Пентагон, односно американското министерство за одбрана, во 2018 година, во три земји – Украина, Црна Гора и Македонија - испратило тимови со експерти на сајбер безбедносната команда (Cyber Command teams), пишува „Вашингтон пост“. Според американскиот весник, тимовите влегле со дозвола на владите во тие земји и оперирале „внатре во нивните мрежи за да го пронајдат опасниот софтвер кој Русија го...

Компјутерска софтвер програма неселективно ќе им го враќа ДДВ на фирмите

ИТ Секторот на Управата за јавни приходи (УЈП) развил компјутерски софтвер кој автоматски ќе прави поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, соопшти денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски ја посетија Регионалната дирекција на УЈП во Скопје. Според министерот Тевдовски, со новиот систем ќе...

Рочиштето за „Тарифа“ прекинато, откако му се слоши на сведок, следното закажано за 1 март

Судијката Софче Гаврилова Ефремова го прекина денешното рочиште за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, откако на вториот сведок, Влатко Чакаровски, му се слоши во судницата додека даваше исказ. Тој рече дека и вчера не се чувствувал добро и бил советуван од лекар да земе боледување. Следното рочиште судијката го...

Судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО закажано за 19 декември

Почетокот на судскиот процес за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, Кривичниот суд во Скопје го закажа за 19 декември, соопштија од судот. Предметот ќе го суди судијката Верка Петковска, која го судеше случајот за настаните од кумановско Диво Насеље, од 9 и 10 мај 2015 година. „Предметот со КОК бр. 51/17 оформен по одобрување на обвинителниот акт на Јавното обвинителство...

„Метаморфозис“ и „Мајкрософт“ нудат можности за донации на софтвер за граѓанските организации

Во Конгресниот центар на Скопски саем утре ќе се одржи „Ден на Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор, на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“. „Денот на Мајкрософт“ посветен на НВО-секторот, организиран од Фондацијата „Метаморфозис“ со поддршка на „Мајкрософт“, ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да научат повеќе за можностите да добијат софтверски донации и донација во...

Германија почнува со тестирање на софтвер за препознавање на говорот на мигрантите

Германските власти почнуваат со тестирање на нов софтвер за препознавање на говор, со кој може да се одреди од која земја доаѓаат мигрантите кои немаат документи, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на властите во Берлин. Од заводот за бегалци и мигранти на Германија соопштиле дека новиот автоматизиран систем треба да почне да работи во рок од две...

Граѓанскиот сектор може да набави софтверски решенија преку платформата „Теchsoup Balkans“

Претставници на граѓанскиот сектор може да набават софтверски решенија преку платформата „Теchsoup Balkans“ која ја спроведува Фондацијата за интернет и општество„Метаморфозис“ која е партнерска организација на програмата за софтверски донации надлежна за Македонија, Косово и Албанија. За непрофитните организации да добијат софтверска донација преку оваа платформа прво мора да се регистрираат преку линкот https://www.techsoupbalkans.org/mk/user/register. Откако ќе се заврши регистрацијата, потребно е да се...

Дроновите во Македонија го чекаат новото Собрание за да летаат по правилник

Агенцијата за цивилно воздухопловство подготви правилник за регулирање на управувањето со беспилотни летала, односно дронови, и истиот е доставен до Министерството за транспорт и врски, информираше генералниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, на работилницата за авијација на „ТАВ Македонија“ во Струга. - Правилникот не може да биде донесен бидејќи Собранието е распуштено. Треба да почекаме за да се...

Николовски: Во Платежната агенција недостига софтвер од 778.000 евра

Ревизорскиот извештај открива дека софтвер од 778.000 евра, за потребите на Платежната агенција, не е сметководствено евидентиран! Ова значи дека на повидок е нов скандал со одлевање стотици илјади евра народни пари за софтвери во Министерството за земјоделство и во Агенцијата за земјоделство и рурален развој, обвини денеска на прес-конференција Љупчо Николовски од СДСМ. - Граѓаните слушнаа од ревизорскиот извештај...

„Фолксваген“ на Американците ќе им исплати 14,7 милијарди долари отштета

Германската компанија „Фолксваген“ постигна договор за исплата на 14,7 милијарди долари отштета на сопствениците на автомобили во САД, бидејќи призна дека користела софтвер за лажирање на контролата на издувните гасови. „Фолксваген“ се согласил да ги поправи или да ги откупи автомобилите во кои е вграден спорниот софтвер и на секој сопственик да му исплати до 10.000 долари. Договорот предвидува и уплата...

Малку жени работат во секторот за ИТ-услуги во Македонија

Врз основа на претходни истражувања од 2015 година, вo Македонија на развој на софтвер и во секторот ИТ-услуги има помалку жени (27 отсто), а и помалку вработени жени на раководни места (12 отсто) во споредба со мажите, и покрај поголемиот број на академски образувани жени. - Работењето на жени како професионалци во ИТ-индустријата, која е глобално најбрзорастечката индустрија, истовремено со најсилна...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...