fbpx
Таг: Софија

таг: Софија

Захариева: Се надеваме дека името Северна Македонија не носи територијални претензии

Се потпираме на гаранциите дека со името Република Северна Македонија нема територијални претензии, кои што ги дава Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, порача денеска бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиерка, Екатерина Захариева. Давајќи изјава за новинарите пред почетокот на денешната седница на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент, Захариева го поздрави чекорот на Македонија и Грција за...

Во Атина не се сигурни: Μακεδονία του Ίλιντεν или Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας

Грчките медиуми ги преземаат информациите од македонските портали околу новиот предлог за името. Во грчка транскрипција и превод, првичните верзии се „Македониа ту Илинден“ (Μακεδονία του Ίλιντεν – Илинденска Македонија) или „Димократиа тис Илинден Македониас“ (Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας – Република Илинденска Македонија). Информациите се главно околу историјатот на терминот и засега нема коментари колку тоа се вклопува во грчките црвени...

Ципрас: На чекор сме до договор, не чека тешка работа

Синоќа, во малку поопуштена атмосфера, по вечерата и речиси до утринските часови имавме многу суштински разговори и постигнавме суштински напредок. Требаше само да преспиеме и денеска да го потврдиме тоа што сме го договарале. Не чека тешка работа. Сè уште не сме во позиција да зборуваме за договор, но ќе се сретнеме пак на почетокот на следниот месец и...

Заев се сретна со Ципрас, Макрон зборува за реформи, а потоа приклучување кон ЕУ

Во Софија, пред почетокот на самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан, во Националниот дворец на културата, се сретнаа премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Според тоа што го објавија од македонската влада, а и од објавите на официјалната Фејсбук-страница на Заев, на денешната средба се разговара за спорот за името. „Македонија и Грција го зајакнуваат...

Заев: Не е можен исчекор во спорот за името до четврток

Премиерот Зоран Заев денеска порача оти пред четврток, кога во Софија ќе се најде со грчкиот колега Алексис Ципрас, не е можно да се постигне исчекор во процесот за решавање на спорот за името. - Се појавуваат информации дека е готово, сега на 17-ти сè ќе се реши... Не е така. Јас би сакал некаде пред Самитот на Советот на...

МАНУ на заедничко чествување со БАН на Свети Кирил и Методиј во Софија

Делегација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), предводена од претседателот Таки Фити, в четвток и петок ќе престојува во Софија во посета на Бугарската академија на науките (БАН). Двете академии ќе организираат заедничко чествување на празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Притоа, в четврток во Институтот за економски истражувања на БАН, ќе бидат претставени два научноистражувачки проекта...

Во Софија забранети градби повисоки од 75 метри

Бугарскиот парламент вчера ги прифати конечните промени во Законот за градење и урбанизам на Софија, со кои се ограничува височината на новите градби во Софија на 75 метри, а во центарот на најмногу 50 метри. Законот беше на иницијатива на софиската градоначалничка Софија Фандкова, и според него, во центарот на главниот град на Бугарија максималната височина ќе изнесува 50 метри,...

Борисов: Бугарската граница е најдобро чуван Шенген

Ако има подобра Шенгенска граница од нашата во Европа, самиот јас ќе кажам дека не сакам Бугарија да влезе во Шенген, порача денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција за медиумите во Софија денеска, по општата седница на Колегиумот на европските комесари и на бугарската влада, која се одржа еден ден по церемонијата почетокот на бугарското претседателство со ЕУ. Повторувајќи...

Туск во Софија на бугарски ги воспеа и им го направи ќеифот на Бугарите

Добро е што еден од приоритетите на бугарското претседателство е иднината на Западниот Балкан, порача вчера на бугарски јазик претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, говорејќи на церемонијата за бугарското претседавање со Советот на ЕУ, која се одржа во театарот „Иван Вазов“ во Софија, јавуваат бугарските медиуми. Говорот го одушеви и Џејмс Крисп, дописникот на лондонски „Телеграф“ од Брисел, кој...

Јункер и ЕК утре во Софија за отпочнувањето на бугарското претседателство со ЕУ

Членови на Европската комисија (ЕК) и нејзиниот претседател Жан Клод Јункер утре и задутре ќе престојуваат во Софија, поради отпочнувањето на бугарското претседателство со Советот на ЕУ. Церемонијата во главниот град на Бугарија ќе почне утре во 19 часот, по што ќе биде организирана свечена вечера. Утредента, в петок, членовите на ЕК ќе имаат средби со бугарските министри, на кои ќе...

Евакуиран аеродромот во Софија поради дојава за бомба

Аеродромот во Софија е евакуиран поради истрага која се спроведува откако била добиена дојава за поставена бомба, јавуваат светските медиуми. Евакуацијата ја наредил министерот за внатрешни работи по повикот кој пристигнал во 13 часот и 20 минути по локално време, пренесе бугарската новинска агенција „Бгнес“. На лице место веднаш пристигнале повеќе полициски единици, а на возилата не им е дозволен пристап до аеродромот.

Бугарија од денеска претседава со ЕУ

Бугарија од денеска е новиот претседавач со Советот на Европската Унија, односно официјално претседава со ЕУ, на која и се приклучи во 2007 година, заедно со Романија. „Земјата ќе бара баланс помеѓу специфичните приоритети на земјите - членки и стратешките приоритети на ЕУ за постигнување на реални, видливи резултати во активен дијалог со граѓаните за европските прашања и одговори на...

Божидар Димитров заминува во пензија

Божидар Димитров, директорот на Националниот историски музеј во Софија, познат по честото застапување на тезата за бугарското потекло на Македонците, си дал оставка и наскоро заминува во пензија, соопшти бугарското министерство за култура. Според министерството, Димитров ќе се пензионира на 1 ноември, бидејќи ги исполнува старосните услови. Тој првпат на таа функција стапи во декември 1994 година, но беше сменет...

ВМРО-ДПМНЕ: На еден месец од потпишувањето, Заев молчи за тоа што договори со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска нагласи дека почнува одбројувањето за најавеното потпишување на договорот помеѓу Бугарија и Македонија. Како што велат од партијата, договорот го склучил премиерот Заев во Софија „во процес целосно нетранспарентен, далеку од очите на македонската јавност“. „Помина еден месец од договорот кој Заев не ѝ го обелоденува на јавноста, а кој се однесува на македонската држава. Многу е јасно дека...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трет ден не кажува што договорил во Софија

„Заев трет ден молчи и бега од одговор, одбивајќи да ѝ каже на македонската јавност што точно договорил во Софија. Заев има обврска за транспарентно и инклузивно работење, особено кога станува збор за прашања од највисок национален интерес“, порача ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение. „Граѓаните на Република Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев во договорот...

Заев во Софија договара заеднички енергетски проекти и ново поврзување на гасоводите

Во наредните седмици Македонија и Бугарија ќе договараат меморандум за развој на енергетиката, а се разговара и за изградба на ново поврзување меѓу гасоводот на Бугарија и македонскиот гасовод. Тоа се две од побитните работи за кои во Софија денеска разговарале македонскиот премиер Зоран Заев и Теменушка Петкова, министерка за енергетика на Република Бугарија. На средбата, која се одржа на...

Османи: Усогласен текстот на договорот за добрососедство, останаа само технички детали

„Резултатите од посетата на Софија се одлични. Најважно е што делегациите на двете влади го договорија текстот на договорот за добрососедство, а остануваат само некои технички детали, кои би можеле да бидат усогласени до посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на Македонија на 2 август“, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, за бугарската новинска агенција БТА. Османи е дел од...

Националистот Каракачанов го славеше Денот на Македонија како министер

Бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, вчера во Софија пред споменикот на револуционерите од Македонија и Тракија, првпат го одбележа Денот на Македонија како владин министер, јави „Балкан инсајт“. Претходно Каракачанов, според бугарските медиуми, бил редовен учесник на одбележувањата, но првпат годинава го зеде под свое патронство ова празнување на...

Утре во Софија, промоција на изборот „Последните ракописи“ од Славе Ѓорѓо Димоски

Во Националниот дворец на културата во Софија, утре ќе се одржи промоција на новиот избор од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски на бугарски јазик, „Последните ракописи“, во превод на Роман Кисјов. Кисјов важи за еден од најдобрите преведувачи на македонската поезија на бугарски јазик. Досега ги има преведено Ацо Шопов, Анте Поповски, Радован Павловски, Влада Урошевиќ, Ефтим Клетников и други. Книгата „Последните...

Пукање во центарот на Софија, три лица ранети

Три лица се ранети кога непознати лица отвориле оган во близина на трговски центар во Софија, соопшти бугарското министерство за внатрешни работи. Околу 18 часот по локално време, полицијата добила телефонски повик за пукање, по што дошла на местото на настанот и го блокирала просторот. Тројцата ранети со возило на итна помош биле пренесени во една од софиските болници, а истрагата е...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...