fbpx
Таг: Собрание на РМ

таг: Собрание на РМ

ОЈО Скопје бара продолжување на притворот на Игор Југ за насилствата од 27 април

Основното јавно обвинителство Скопје вчера побарало од Кривичниот суд да му ја продолжи мерката притвор на Игор Југ, што му беше одредена поради учеството во насилствата во Собранието од 27 април оваа година. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителството, надлежниот обвинител побарал на Југ да му биде одреден притвор по сите три основи, односно поради опасност од бегство, попречување на...

Уапсен Игор Југ, еден од учесниците во насилствата од 27 април

Игор Југ, еден од учесниците во насилствата во Собранието од 27 април годинава, утрово е уапсен во стан во Куманово, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека 47-годишниот Југ е уапсен по претходна наредба од Основното јавно обвинителство Скопје од 16 мај оваа година. „На 21 септември 2017 година, од страна на овластени службени лица при Секторот за внатрешни...

Медениот месец на Владата заврши, препораките на Прибе останаа, порача Попоски

Корисно е практиките од првите 100 дена на Владата да се напуштат во пресрет на реформите за кои е неопходен национален консензус, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, на денешната седница на Националниот совет за европски прашања при Собранието на Република Македонија, на која беше конституиран новиот состав. - Владиниот меден месец заврши, препораките од извештајот на Прибе останаа. Европската...

Груевски: За пораз на избори најодговорен е лидерот на партијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не кажува експлицитно дали ќе си поднесе оставка од лидерската позиција доколку партијата изгуби на локалните избори, но, сепак, смета дека во таков случај „одговорноста на претседателот е најголема“. - Се разбира дека најголемата одговорност ја носи претседателот на партијата секогаш - рече Груевски, одговарајќи на прашањето дали ќе си поднесе оставка ако ВМРО-ДПМНЕ изгуби...

Собранието ја продолжува расправата за Законот за употреба на јазиците

Собранието денеска ќе ја продолжи 15. седница на која на дневен ред е законот за употреба на јазициите. Предлог-законот е со европско знаменце, односно треба да биде донесен по скратена постапка. Расправата по оваа точка на претходните продолженија на седницата се одвиваше во тензична атмосфера, бидејќи пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека законот е неуставен, дека е резулатат на политички...

Собранието ја укина радиодифузната такса

Собранието денеска го донесе законот за укинување на радиодифузната такса, кој беше предложен во скратена постапка. За измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги „за“ гласаа 70 пратеници, а „против“ и „воздражани“ немаше. Бидејќи овој закон се носи и со Бадентерово мнозинство, укинувањето на радиодифузната такса го поддржаа 20 пратеници од немнозинските заедници. Координаторот на пратеничката група на СДСМ,...

Објавен огласот за нов јавен обвинител, почнуваат да течат роковите за пријавување

Собранието на Република Македонија денеска го објави огласот за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски од оваа функција. Со ова и официјално почнува да тече рокот од 15 дена за пријавување на заинтересираните кандидати за оваа функција. „Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени со членот 44, ставови 1 и 2 од Законот за јавно обвинителство (да...

Џафери – Брглез: Словенија континуирано ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Словенија континуирано ја поддржува Македонија во процесот на евроатлантските интеграции, бидејќи целосната интеграција на регионот придонесува за зајакнувањето на стабилноста, мирот и на просперитетот. Ова било истакнато на денешната средба меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери, и неговиот колега - претседателот на Државниот збор на Словенија, Милан Брглез, кој е во посета на земјава. Како што соопштија собраниските служби, за време...

Интерпелација: Опозицијата го обвини Димитров за кариеризам

Собранието ја почна расправата за интерпелацијата што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесоа за министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Интепелацијата ја образложи пратеникот Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи, кој од собраниската говорница рече дека „единствената идеологија на Димитров е кариеризмот“. - Видете ја неговата биографија и ќе видете дека кариерата му била приоритет без разлика дали на власт бил...

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата откако не помина законот за зголемување на пензиите

Собраниското мнозинство на денешната пленарна седница го отфрли предлогот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за донесување закон за зголемување на пензиите за 5 отсто од 1 јануари следната година. По ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, во знак на револт, ја напуштија салата. Илија Димовски, координатор на една од пратеничките групи на опозициската партија, рече дека на претседателот на Собранието, Талат Џафери, му даваат...

Распоред на настани, свечености и прослави за Денот на независноста

Денеска и утре во Скопје ќе се одржат централните свечености по повод прославата на 8 Септември - Денот на незавиноста, кој годинава се одбележува под мотото „Македонија слободна, слободно живее“. Денеска: 13 часот:  Свечено менувањето на државното знаме пред кабинетот на претседателот на државата во Вила Водно;  17.30 часот:  Централната прослава почнува пред Владата, со изложби, театарски претстави и со настапи на гудачкиот...

Заврши расправата за огласот за нов јавен обвинител, ќе се гласа друг ден

Собранието попладнево ја заврши расправата по предлогот за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, откако и последниот пратеник од вкупно 24 пријавени за дискусии го кажа својот став околу ова прашање. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по говорот на Нола Исајлоска-Старова, констатираше дека е исцрпена листата на пријавени за збор и ја прекина седницата, а за тоа кога...

Димовски: Нема да бидеме лицемерни како СДСМ, ќе гласаме за трите социјални закони

Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска на прес-конференција во Собранието ги обвини пратениците на СДСМ за лицемерност и за глумење конструктивност бидејќи на вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет гласале против законот за издавање ваучери на студентите за набавка на компјутери, што го предложи опозициската партија. Димовски додаде дека имало најави дека СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ бара Законот за употреба на јазиците да не се носи во скратена постапка

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Илија Димовски, побараа да биде повлечен Законот за употреба на јазиците, кој денеска е на дневен ред на Комисијата за европски прашања во Собранието. Милошоски побара од законот да биде тргнато „европското знаменце“, бидејќи тоа се злоупотребува за да се забрза носењето закон кој е неуставен и спротивен на сите законски...

Почнува комисиската расправа за Законот за употреба на јазиците

Собраниската комисија за европски прашања денеска ја почнува расправата за Законот за употреба јазиците. Законот, кој предвидува проширена употреба на албанскиот јазик, е „со европско знаменце“, што значи дека ќе се носи по скратена постапка. Станува збор за еден од клучните закони на владејачката коалиција, чие донесување беше дел од преговорите меѓу СДСМ и коалиционите партнери од албанскиот блок. – По...

Почна и веднаш заглави расправата за распишување оглас за наследник на Зврлевски

Собранието ја почна расправата за предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на претходниот - Марко Зврлевски. Координаторите на десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, кои почнаа да се јавуваат за збор, еден по еден, обвинија дека постапката се води незаконски за време на распишани избори, идентично како и при разрешувањето на Зврлевски, бидејќи...

Жонглирања со дневниот ред и барања за конструктивност во Собранието

Собраниското мнозинство денеска не го поддржа предлогот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, одлучувањето за распишување оглас за нов државен јавен обвинител да биде отстрането од дневниот ред на 12. седница бидејќи, според пратениците на опозициската партија, се коси со Изборниот законик. Мнозинството гласаше и против предлогот на Илија Димовски од дневен ред да биде отстранет и изборот на потпретседатели на Собранието,...

Огласот за наследник на Зврлевски и трите социјални закони денеска пред пратениците

Денеска Собранието на Република Македонија ќе ја почне 12. пленарна седница, прва по двенеделниот одмор на пратениците. На дневен ред на седницата, чиј почеток е закажан за 11 часот, е и предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски. Зврлевски беше разрешен на последната седница пред одморите, односно на 17 август, а...

Џафери со европратеничката тројка: Политичкиот дијалог во Собранието мора да се унапредува

Претседателот на Собранието на Република Македонијa, Талат Џафери, денеска во Скопје имал средба со европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан, на која ги информирал за актуелната политичка состојба во земјава, активностите на Собранието и за реформските активности што ќе се преземат на планот на европската и на евроатлантската интеграција на Македонија. Џафери, како што соопштија од Собранието, укажал...

Пратениците побарале информации од УБК и од АР за 27 април и за случајот со Србија

Членовите на собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разунавање (АР) од редовите на СДСМ на денешната седница побарале информации од двете служби за насилствата од Собранието од 27 април и за дипломатскиот скандал со Србија. Пратенциите побарале информации за улогата на институциите во насилствата во Собранието, додека за случајот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...