fbpx
Таг: Собрание на РМ

таг: Собрание на РМ

Смилка Јанеска Саркањац: Неизборот на нов Надзорен одбор ќе предизвикаше блокада на работата на МРТ

По објавувањето на текстот на „Мета.мк“ „Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор“, во јавноста се разви дилема дали навистина е тоа така. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара повлекување на одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на конкурсот за избор на членови на Надзорниот одбор, додека од...

ЗНМ бара итна реконструкција во МРТ, а не кратење на средствата за јавниот сервис

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се јави со реакција по објавата на „Мета.мк“ за кратење на буџетските средства за 2020 година за јавниот радиодифузен сервис, во која укажува дека ваквата одлука на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е „опасен преседан'. „Со предвидениот буџет за 2020 година на МРТВ наместо 0,9 отсто од буџетот повторно ќе ѝ бидат...

Нема реформи, нема зголемен буџет – владата ѝ скрати на МРТ над 6 милиони евра

Раководството на Македонската - радио телевизија (МРТ) и владата имаат спротивни ставови околу околу висината на средствата што ќе ги добие јавниот радиодифузен сервис за 2020 година. А тоа, според МРТ ќе се одрази на платите на вработените. И покрај тоа што планираше од државата да добие околу 21 милиони евра, МРТ сега, преку новиот финансиски план објавен на...

ЗНМ бара да се поништи конкурсот за нови членови на Надзорниот одбор на МРТ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара да се повлече одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис во услови кога мандатот на членовите на овој совет е истечен. „Мета.мк“ вчера објави дека на 17 јануари на веб - страница на МРТ е објавен јавен конкурс...

Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор

Досегашните членови на Програмскиот совет на Македонската радио - телевизија (МРТ) распишаа јавен конкурс за избор членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис. Органот на МРТ што треба да врши надзор над материјално - финансиското работење треба да биде избран од Програмскиот совет, којшто во моментов е со истечен мандат. Конкурсот за изборот на членови на Надзорниот одбор е...

Без усвојување на Законот, нема да може да се средат правилниците за енергетска ефикасност

Власта и опозицијата во македонското собрание се договорија за усвојување на околу 40 - тина закони од 123 - тата седница, но предлог - Законот за енергетска ефикасност го оставија за разгледување и усвојување за продолжението на оваа седница по Нова Година. Овој закон пред пратениците е на прво читање, но и со „европско знаменце“, што укажува на важноста...

Нов кредит од 180 милиони долари за автопатот Кичево – Охрид и надеж дека ќе биде последен

По промената на подизведувачите и отпочнувањето со препроектирање на оние сегменти што се покажаа како изоставени или неизводливи за градба, автопатот Кичево - Охрид вчера од Собранието доби амин и за ново задолжување на државата од 180 милиони долари за завршување на делницата долга 57 километри. Пратениците од власта и опозицијата го поддржаа законот, со кој државата ќе гарантира...

Вклучувањето на политичките партии ја отвора можноста за менување на Законот за информации од јавен карактер

Одложувањето на изборот на директор на Агенцијата за информации од јавен карактер, според новинарите и експертите за транспарентност, ја отвора можноста за менување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова се случува поради тоа што со стапување во сила на овој закон, политичките партии ќе бидат исто така обврзани да објавуваат информации во случај граѓаните,...

Политиката го кочи спроведувањето на новиот Закон за пристап до информации

Заедно со државниот ревизор, заложник на политичките договарања е и изборот на директор на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер. Новиот закон ќе стапи на сила на 30 ноември, со што ќе престане да функционира Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, пишува „Порталб.мк“. Важноста на изборот на директор и функционирањето...

Опозицијата и власта се скараа за носењето закони по скратена постапка

Власта и опозицијата денеска се скараа околу предложените закони што се разгледуваа на 116 - та седница на Собранието. Од ВМРО - ДПМНЕ обвинија дека владејачкото мнозинство ја злоупотребува процедурата „скратена постапка“, со цел да се избегнат дебатите за законските решенија коишто се носат. Пратеничката од ВМРО - ДПМНЕ, Лилјана Затуроска рече дека се заобиколуваат процедурите кои едно законско...

Аеродромскиот воз нема да тргне во следните три години

Во Националната програма за железничка инфраструктура за периодот 2019 - 2021 година не е впишан проектот за воведување на воз од скопската железничка станица до Меѓународниот аеродром „Скопје“. Министерството за транспорт и врски го вклучи овој проект во Националната транспортна стратегија 2018 - 2030 година, но за негова конкретна реализација треба допрва да се изработи физибилити студија, како и...

Собранието го ратификуваше Договорот за добрососедство со Бугарија

Со 61 глас „за“ и еден воздржан Собранието го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Воздржан беше независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој пред гласањето најави дека ќе гласа воздржано. Пред гласањето на денешната 30. седница, зборуваа пратениците Никица Корубин, Артан Груби и Ферид Мухиќ. На седницата не присуствувaа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како и...

Џафери и Пацоли се заложиле за развивање на парламентарната соработка

Македонија и Косово придонесуваат соседските односи во регионот да се издигнат на највисоко можно ниво, истакнал претседателот на Собранието, Талат Џафери, на средбата со министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, кој е во официјална посета на земјава. „Претседателот Џафери, во име на Собранието, изрази целосна подготвеност за споделување на исуствата во процесот на евроинтеграциите со колегите од косовскиот...

Поради насилствата на 27 април, суспендирани четворица вработени во МНР

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека суспендирало четворица вработени кои биле во Собранието на Република Македонија при упадот и бруталните насилства на 27 април годинава. Како што се вели во соопштението, за ова Министерството за внатрешни работи (МВР) доставипо известување до Основното јавно обвинителство – Скопје. „Министерството цени дека со нивните дејствија односно нивното неовластено влегување и присуство во Собранието...

ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија за насилниците од 27 април

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара „итно и неодложно“ ослободување и амнестија на сите лица што „извршиле одредени законски прекршувања во инцидентите во Собранието на Република Македонија од 27 април“. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој чин ќе придонесе за помирување во Македонија и за релаксирање на политичките тензии. Ваков заклучок, како што информираат од партијата, бил донесен на последната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој бил...

30 дена притвор за четворица од уапсените за обидот за убиство на Зијадин Села

На барање на Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка им одредил притвор од 30 дена на четворица од петтемина уапсени за обидот за убиство на пратеникот и лидер на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април годинава, соопштија од Обвинителството. Обвинителството, како што информираат оттаму, побарало притвор и за петтиот осомничен,...

Брза и масовна била помошта од граѓаните за идентификување на тројцата насилници од 27 април

Брза и масовна била реакцијата на граѓаните што помогнале во идентификувањето и во пронаоѓањето на трите лица осомничени за учество во насилствата во Собранието, од 27 април, за кои МВР, по налог на Основното јавно обвинителство Скопје, вчера објави фотографии на својата интернет-страница и побара помош од граѓаните, дознава „Мета“ од извори во истрагата. Неофицијално, голем број граѓани експресно реагирале по објавувањето...

МВР бара помош од граѓаните за пронаоѓање на тројца насилници од 27 април

Министерството за внатрешни работи, по претходно одобрение на јавен обвинител, на својата интернет-страница јавно објави фотографии од три лица кои се бараат во врска со насилствата во Собранието од 27 април годинава. Од МВР наведуваат дека станува збор за лица кои се важни за постапката. „Ги повикуваме сите граѓани што имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да ја известат...

Иванов по изборите ќе предложи наследници на Габер и на Старова во Уставен суд

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, своите предлози за именување на двајца судии во Уставниот суд, на местата на Наташа Габер-Дамјановска и на Гзиме Старова, чиј деветгодишен мандат истекува в сабота, ќе ги достави до Собранието по локалните избори, велат за „Мета“ од кабинетот на Иванов. „Претседателот на Република Македонија ќе достави предлог до Собранието на Република Македонија по завршувањето на...

Судот му одреди уште 30 дена притвор на Игор Југ

Кривичниот суд му одреди 30 дена притвор на Игор Југ, за учеството во насилствата во Собранието од 27 април оваа година, соопштија од судот. На Југ вчера му истече осумдневниот притвор што првично му беше одреден, а Основното јавно обвинителство Скопје веднаш побара продолжување на мерката. Тој, како што пренесуваат дел од медиумите, по одлуката на судот е вратен во...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...