fbpx
Таг: Собрание на РМ

таг: Собрание на РМ

Собранието ја избра Добрила Кацарска за уставен судија

Со 61 глас „ЗА“, Собранието попладнево ја избра Добрила Кацарска за нов уставен судија. Кацарска е избрана за судија во Уставниот суд по предлог на Судскиот совет. Нејзиниот мандат ќе трае 9 години, а таа доаѓа на местото на досегашниот уставен судија Владимир Стојановски, чиј мандат му истече во април годинава. Со изборот на Кацарска, се комплетира составот на...

Пет години тапка во место реформата во МРТ

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, неделава писмено го известил претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Костадин Костадинов, дека постапката за избор на новите членови на Програмски совет на Националната радио-телевизија и на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиомедиумски услуги треба да се повтори од почеток од деловнички причини. Минатата недела Џафери за агенцијата...

Ќе спречуваме и заштитуваме од дискриминација, НО…

И конечно, и по втор пат – донесовме Закон за заштита и спречување од дискриминација. Во Извештајот во 2019 година Европската комисија нѐ пофали за донесувањето на новиот Закон и го сметаше за крупен исчекор во темелните права. Ама, „пу, пу, не важи“, излезе дека нашиот убав закон, што така грлато многумина го поздравија – меѓу другото и невладиниот...

ВМРО-ДПМНЕ бара консултации за пописот, во спротивно нема да го поддржат неговото одржување

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека власта ја нема консултирано опозицијата за спроведување на пописот, предупредувајќи дека нема да го поддржат одржувањето на најавениот попис во април 2021 година. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат пописот да биде статистичка, а не политичка операција, и да се спроведе со почитување на европските критериуми за попис пропишани од ЕУРОСТАТ, која е институција за вакви...

Извештај на ЕК: Државата да ги приоритизира реформите за финансиска стабилност и независност на МРТ

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година упатува забелешки за неспроведување на реформите во Македонската радио-телевизија (МРТ). Во делот за слобода на изразување, ЕК нотира дека минатогодишните препораки остануваат на сила. Прва на листата е токму приоритизирањето на реформите во МРТ преку обезбедување на нејзината финансиска одржливост и независност, заедно со назначувањето на...

На 13 декември ќе се одржат избори за градоначалник на општините Штип и Пласница

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип. Изборите на кои граѓаните ќе ги изберат двата нови градоначалника ќе се одржат на 13 декември 2020 година (недела), информираат од Собранието на РСМ. Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија...

Од кинеските кредити за автопатите да извлечеме поуки за да избегнеме идно должничко ропство

Доцнење на изградбата и пробивање на финансиската конструкција на проектите е крајниот епилог од изведбата на двата автопати Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, кои почнаа да се реализираат во 2014 година со кредитно задолжување на државава кај кинеската Ексим банка, направено од страна на владата на Никола Груевски. Автопатот Миладиновци-Штип беше пуштен во сообраќај минатата година, откако беше пробиен првично зададениот...

Судскиот совет предложи Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија

Судскиот совет на РСМ на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за избор на нов судија во Уставниот суд. Судскиот совет може да предложи двајца од вкупно девет судии колку што брои Уставниот суд. Судијката Кацарска е предложена на местото на досегашниот уставен судија Владимир Стојановски, чијшто мандат веќе е истечен. Предлогот на Судскиот совет за избор на...

Порталб анализа: Што ги соединува пратениците од ДУИ и ДПА – згради, по неколку куќи и штедни влогови

Дел од нив немаат ниту банкарски сметки, а други имаат високи штедни влогови, некои немаат сопствена куќа или стан, а други поседуваат и цели згради. „Порталб.мк“ објавува детали и за имотната состојба што ја пријавиле пратениците од ДУИ и Мендух Тачи, единствениот пратеник од ДПА. Демократска унија на Албанците Пратеникот Арбен Зибери поседува девизни сметки и недвижен имот, па така во Анкетниот лист пријавил...

Собраниска седница за избор на замениците-министри, опозицијата ќе гласа против

Во Собранието на РСМ денеска се одржува 13. седница, на која се избираат замениците-министри во Владата на РСМ. Премиерот Зоран Заев во својот говор пред пратениците ги претстави имињата на предложените кандидати за заменици-министри. „Убеден сум дека со еднакво силен ангажман замениците-министри ќе се посветат и на остварувањето на останатите приоритети како што се создавањето услови за нов циклус на...

Маричиќ: До Нова година да се донесе законот, за во април догодина да се спроведе попис

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска најави дека до крајот на годинава ќе се донесе Законот за попис за да се создадат услови за одржување на попис во земјава во текот на април 2021 година. Маричиќ тврди дека има мали измени во предложениот закон, во однос на минатогодишната верзија, со која опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше. - Постои цврста определба...

И Заев и Мицкоски очекуваат дека ќе обезбедат мнозинство за формирање влада

После денешната прва конститутивна седница на Собранието, на која се избра новиот парламентарен состав на 120 пратеници, следи наредниот чекор, а тоа се преговорите меѓу политичките партии за формирање на парламентарно мнозинство што ќе ја избере нова влада. Со свои „математики“ за тоа која партија ќе обезбеди мнозинство за составот на идната влада, во јавноста се огласија лидерите на...

Конституирано Собранието – потврдени мандатите на новите 120 пратеници

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се верификуваа мандатите на сите 120 пратеници, со што се избра новиот парламентарен состав. Во салата Голема купола на Собранието, со пеење на македонската химна, на пладне започна првата седница на новиот парламентарен состав, на која од вкупно 120, присутни беа 117 пратеници. Претседаваше спикерот во заминување,...

Неофицијални резултати на ДИК: СДСМ – 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2 и ДПА 1 (инфографик)

Според неофицијалните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), на предвремените парламентарни избори одржани вчера, 46 пратенички мандати има освоено коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Беса, по која следува опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ која освои 44 места во Парламентот. Потоа ДУИ имаат 15 пратеници, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12 пратеници, Левица два пратеника и ДПА еден пратеник во новиот...

Стапи на сила новиот Закон за енергетска ефикасност, подзаконските акти допрва ќе се работат

Имплементација на прописите за енергетска ефикасност на ЕУ, поголем обем на работа за енергетските контролори и отежнат начин за исклучување на граѓаните од системите за централно греење се главните предности што ги носи новиот Закон за енергетска ефикасност, којшто денес стапи на сила. Пратениците од Собранието го изгласаа овој закон како една од последните точки пред распуштањето на законодавниот...

Пратениците ги усвоија измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Со 68 гласови „за“, пратениците вчера ги усвоија предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Станува збор за осми по ред измени на овој закон од неговото донесување во 2013 година. Во изгласаниот член 1, на телекомските оператори им се овозможува да ги емитуваат домашните и странските телевизиски канали на начин и под услови регулирани со...

Избран старо-новиот Надзорен одбор на МРТ со пет години мандат и по 400 евра плата

Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 6 февруари го избрал новиот Надзорен одбор на МРТ со мандат од пет години. Како што се наведува во одлуката објавена на веб-страницата на МРТ, мандатот на членовите на Надзорниот одбор на МРТ започнува на 5 март. Дел од избраните членови на Надзорниот одбор и досега членуваа во органот на јавниот...

Приватните телевизии на Пендаровски му пренесоа дека се задоволни од измените во Законот за АВМУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со делегација на Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии, информираат од неговиот кабинет. Поводот за остварената средба се предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и странските радиодифузери од страна на операторите. Претставниците на националните телевизии на претседателот Пендаровски...

Операторите и националните ТВ на Пендаровски ќе му ги кажат несогласувањата околу измените на Законот за АВМУ

Осмите по ред измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес се најдоа на дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието. Со измените се регулира начинот на реемитување на програмските сервиси на домашните и странските радиодифузери од страна на операторите. Законските измени всушност овозможуваат операторите да ги емитуваат телевизиските канали на начин и...

Собранието го усвои Законот за енергетска ефикасност, власта и опозицијата се скараа кој помалку сработел во областа

Собранието на денешната 131 седница со 55 гласови „за“ го усвои Законот за енергетска ефикасност. Пратениците од власта и од опозицијата се испокараа околу тоа која власт подолго го одолговлекувала донесувањето на ваквото законско решение, со кое Македонија како една од последните земји во Европа добива посебен закон што ја регулира енергетската ефикасност. Пратеникот Зоран Илиоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ потенцираше...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...