fbpx
Таг: Собрание на Република Македонија

таг: Собрание на Република Македонија

Со 62 гласа против, Собранието не изгласа недоверба на Владата

По целодневната дебата исполнета со жестоки обвинувања на двете спротивставени страни, Собранието вчера не изгласа недоверба на Владата, на четвртото гласање од овој тип во самостојна Македонија. Со 62 гласа „против“, 40 „за“ и Мерал Узеири Ферати од ДПА и Реџеп Мемеди од Беса кои беа воздржани, по десет часа расправа, на половина час пред истекот на рокот, пред полноќ, Владата...

Во Собрание пратенички прашања – повторно без ВМРО-ДПМНЕ

Собранието денеска ќе ја одржи 39. седница на која на дневен ред се пратеничките прашања. Меѓутоа, и на овие пратенички прашања нема да се појави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која подолго време не учествува во работата на Собранието поради апсењата и притворите на пратеници за насилствата на 27 април минатата година. Овие седници одржуваат секој последен четврток во месецот.

И по седум дена, Законот за јазиците е во лимбо, ги чека „варијантите“ на Џафери

По седум дена откако во Собранието на Република Македонија беше изгласан Законот за употреба на јазиците, а претседателот Ѓорге Иванов, одби да го потпише Указот за неговото стапување на сила сè уште е нејасно што и како понатаму. Ваква ситуација не е предвидена со Уставот, кој, иако вели дека претседателот по второто усвојување во Парламентот го потпишува законот, не кажува што ако...

Веб-страницата на Собранието со целосно функционална верзија на албански јазик

Неколку дена откако беше изгласан Законот за употреба на јазиците, веб-страницата на Собранието има и целосно функционална албанска верзија, како и верзии на англиски и на француски, пишува „Порталб“. Иако и претходно имаше албанска верзија на собраниската веб-страница, многу од содржините од македонската верзија ги немаше и на албански. Веб-страницата на претседателот на државата Ѓорге Иванов е со македонска и англиска...

Пратениците попладнево релаксирани, Џафери им се заблагодари за трпението – и спасението

Со зборовите „За продолжението дополнително ќе бидете известени, благодарам за трпението - и спасението“, претседателот на Собранието на Република Македонија вечерва ја заврши 32-та седница, на која поради немање кворум во попладневното продолжение само еден закон со гласање беше пратен на комисиска расправа. Во салата не беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Сите други предлог-закони и одлуки поминаа без расправа,...

Столтенберг: Вратата е отворена, но преминувањето на прагот бара работа

Вратата на НАТО е отворена за нови членови, но преминувањето на прагот бара сериозна работа, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во обраќањето пред пратениците, државниот врв и првите луѓе на повеќе институции на седница на Собранието на Република Македонија. Во него тој посебно се осврна и ги пофали ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија и изгласувањето...

Рама: Без нас албанскиот немаше да биде официјален јазик во Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија го оцени како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон...

Дејан Бошковски разрешен од Регулаторна комисија за енергетика

Собранието, со 62 гласа „за“, го разреши поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, од Регулаторната комисија за енергетика. Според Владата, при именувањето, Бошковски не го исполнил условот најмалку една година пред назначувањето за член на регулаторното тело да не бил член на надзорен или на управен одбор или на одбор на директори во друштво кое врши регулирана енергетска...

Во Собрание комисии ќе расправаат за неколку закони

Вкупно четири комисии во Собранието денеска ќе расправаат за повеќе предлог-закони, меѓу кои и законот за урбано зеленило, предложен своевремено, меѓу другите пратеници, и од Петре Шилегов, кој сега е градски татко на Скопје. Ќе се дискутира и за Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година, како и за Предлог-закон за изменување и...

Предлог-законот за јазиците денеска на второ читање во две комисии

Во две собраниски комисии денеска ќе се дискутира за Предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање. Од 13 часот, за предлог-законот ќе се расправа во Комисијата за европски прашања, во второто продолжение на 6-тата седница на оваа комисија, а од 16 часот е предвидено тој да се најде на 31-та седница на Законодавно-правната комисија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира крстосници кај „Мавровка“, на Рампа и во Влае

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги продолжи своите активности со блокирање крстосници и со протест пред Министерство за правда, барајќи ослободување на приведените и на притворените во најновата серија постапки на Јавното обвинителство за расчистување на крвавите настании од 27 април во Собранието на Република Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ бара слобода за патриотите. ВМРО-ДПМНЕ бара да запрат неправдите, хајките и местенките. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на...

Мета: Изборот на Албанец за претседател на Собранието ќе го зајакне соживотот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, истакнал дека го радува фактот што првпат претставник од албанската заедница во Република Македонија е претседател на Собранието и дека извршувањето на оваа висока и важна функција ќе биде само поттик за зајакнување на меѓуетничките односи и за соживотот во Република Македонија, соопштија од...

Три жени на местата на пратениците што станаа градоначалници

Откако Државната изборна комисија ги потврди освоените мандати во првиот круг на локалните избори, јасно е дека петмина досегашни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе заминат од таа функција и ќе станат градоначалници. На нивните функции ќе стапат нови имиња, од кои три се жени. Така, во првиот круг на локалните избори, градоначалник на Скопје стана Петре Шилегов од СДСМ,...

Транспаренси Интернешнл и ЦЕA бараат Собранието да скрати на патните трошоци

Собранието на Република Македонија да направи измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците заради отстранување на проблемот со наплатата на нереално високи надоместоци за патни трошоци на пратениците, според препораките од извештаите на Државниот завод за ревизија, побараа „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ и Центарот за економски анализи. „Законот за пратениците предвидува право за членовите...

План за намалување на институционалната затвореност во Македонија и во регионот

„Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија“ е најновото издание изработено врз основа на истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот во рамки на проектот АКТИОН СЕЕ - Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. За да се измери...

Џафери и Борисов разговарале за можностите што ги отвора Договорот за добрососедство

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и на коалицијата и со Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, денеска се сретнал со делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов, во која се и пратениците од Народното собрание на Бугарија,...

Во истрагата за 27 април се вклучува и Обвинителството за организиран криминал

Основното јавно обвинителство - Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека дел од истрагата за насилствата во Собранието на 27 април целосно ја предава на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. ОЈО Скопје утврдило дека постоела соработка на неколку осомничени и затоа заклучило дека истрагата за тие случаи треба да ја водат нивните колеги кои гонат организиран криминал....

Експресно завршени две собраниски седници, продолжува расправата за избор на влада

Во експресни постапки, со едногласно гласање „за“, во Собранието завршија две седници - конститутивната и третата седница, на која единствена точка беше изборот на комисиите на Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа конститутивната седница, на која требаше да се изберат претседателот, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата на Собранието на Република Македонија...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокираше општините

Во редовното утринско соопштение денеска, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ го манифестирал „својот страв и антидржавното дејствување со одбивање на предлогот да се изгласа во итна постапка датумот за одржување на локални избори и да се продолжат мандатите на градоначалниците и на советите на општините и на Град Скопје“. Предлогот на седницата на Собранието на Република Македонија за избор на владата...

МВР потврди: Внатрешната контрола суспендира петмина поради инцидентите во Собранието

Петмина вработени во МВР се привремено оддалечени од работните места, односно суспендирани, во врска со инцидентите во Собранието на 27 април, потврдија од МВР за „Мета“. Мерката е изречена од одделението за внатрешна контрола на МВР, а не од работната група формирана од министерот Агим Нухиу за расчистување на настаните во Собранието, нагласија од одделот за односи со јавноста на МВР. Сите...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...