fbpx
Таг: собир

таг: собир

Дезинформации се шират за средношколски прирачник од 2011 година, во Струмица ќе има и собир

Откако утрово на социјалните мрежи почна со молскавична брзина да се споделуваат постови за Работните листови за учениците од средните училишта за Образование за животни вештини, Бирото за развој на образованието (БРО) објави демант. Споделените дезинформации веќе предизвикаа најави за „информативен собир“ во Струмица од извесен Родителски фронт, кој ќе се одржи денеска. „БРО најостро ги демантира дезинформациите во јавноста...

Тренчевска: Ако го признаеме правото на трансродовото лице, останатите граѓани не губат ништо

Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста лице кое е трансродово, да ја смени дознаката во матичниот број, онаму каде се пишува полот, машки или женски. А Законот за родова еднаквост не е исто што и овој закон, тоа се две различни нешта, кажа во изјава за медиумите министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. „Законот...

Водици во Скопје: Светиот крст посветен на сите учесници на манифестацијата

Православните христијани денеска го празнуваат Богојавление – Водици. Утрово во сите православни храмови се оддржаа црковни литургии. По една година пауза поради пандемијата, манифестацијата повторно се организираше во сите краишта на земјава. Децениската традиција, со ограничен број учесници, се одржа и во Скопје. Централната литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ ја предводеше Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Традиционалното осветување...

Илјадници за Водици во Охрид, крстот го фати Мартин Гоџо

Мартин Гоџо го фати крстот што беше положен во осветените води на Охридското Езеро на празникот Богојавление – Водици. Тој беше најбрзиот помеѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на езерото. Активностите поврзани со верскиот празник Богојавление- Водици  во Охрид почнаа рано утринава со свети црковни литургии. Манифестацијата на положување на Светиот крст во Охридското Езеро го обави митрополитот...

Политичка агитација на училишна врата

Утрово на влезната врата на скопското основно училиште „Ј.Х. Песталоци“ се појавија фалери со кое се повикува на собир утре во 18 часот пред канцеларијата на ЕУ во Скопје. На флаерот како организатори е наведена „Македонска координативна мрежа“, а испишани се и слоганите „Сите за унитарна Македонија“ и „Сите обединети за Македонија“. Агитирањето и политичките актиности близу или во училиштата се...

Денеска во Атина ќе се одржи големиот протест под мотото „Македонија е грчка“

Денеска во Атина ќе се одржи големиот протест под мотото „Македонија е грчка“, против употребата за терминот „Македонија“ во решението за спорот со името, во 14 часот по локално време. Македонската информативна агенција (МИА) јавува дека градот е под силни безбедносни мерки на плоштадот „Синтагма“ пред грчкиот парламент, со затворени улици и метро-станици. Според најавите во медиумите, се очекува масовна посетеност, односно најмалку...

Протестен марш за запирање на изградбата на рудникот Казандол пред Владата во 12 часот

Граѓаните од Југиосточниот Регион денеска ќе се соберат на протестен марш пред зградата на Владата во 12 часот, за да го искажат својот став дека се против изградбата на рудникот Казандол. На настанот „Протестен собир за итно запирање на рудникот Казандол“, кој е објавен на „Фејсбук“, се вели дека „во Македонија место за рудници со отворен коп нема.“ „Иако живееме во Скопје,...

Австралискиот премиер Турнбул поддржува истополови бракови

Австралискиот премиер Малколм Турнбул ја поддржа кампањата за признавање на истополовите бракови, иако досега беше молчалив по тоа прашање. Сепак, тој денеска се изјасни за промена на законот за брак и за прифаќање на истополовите бракови, предизвикувајќи големо изненадување во јавноста. Во Сиднеј денеска се одржа голем митинг за поддршка на истополовите бракови, на кој учествуваа повеќе од 20.000 луѓе. На...

Повеќе од милион луѓе во Истанбул на годишнината од обидот за пуч

Повеќе од еден милион Турци во Истанбул синоќа беа на гигантскиот собир наречен „Епопеја на победата за демократија“, со кој беше одбележана првата годишнина од обидот за државен удар, што се случи на 15 јули лани. Мостот над Босфор, наречен Мост на мачениците на 15 јули, кој е долг 1,5 километар, беше исполнет со луѓе, а според некои проценки, имало повеќе...

Околу 15.000 Курди во Стразбур побараа ослободување на Абдула Очалан

Околу 15.000 луѓе денеска се собраа во Стразбур на годишниот собир на Курдите во Европа, на кој демонстрантите побараа автономен статус за Курдистан и ослободување на нивниот лидер Абдула Очалан, јавуваат агенциите. Полицијата во Стразбур навела дека на собирот имало меѓу 12 и 15 илјади луѓе. Демонстрантите во Стразбур пристигнале од Германија, како и од делови на Франција, Белгија...

Ле Пен: 2017 ќе биде година на националистичките партии

Претседателката на крајно десничарската француска партија Национален фронт, Марин ле Пен, денеска на собирот на претставниците на десно-популистичките партии во Европскиот парламент, кој се одржува во германскиот град Кобленц, изјави дека 2017 ќе биде година на националистичките партии, пренесува ХРТ. „Минатата година англосаксонскиот свет со Брексит и со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ја почна борбата за...

Во Париз собир за поддршка на мигрантите

Околу 1.000 луѓе се собраа во Париз во знак на поддршка за мигрантите, оценувајќи дека Франција недостојно се однесува спрема луѓето кои бегаат од конфликтните области. „Мигрантите се добредојдени“ извикуваа демонстрантите кои носеа такви плакати испишани на француски, арапски и на англиски јазик. Демонстрантите, помеѓу кои и приврзаници на левицата, претставници на синдикати и разни здруженија, се собраа во северниот дел...

Ердоган на прославата по повод денот на републиката најави враќање на смртната казна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека владата ќе побара од парламентот на Турција да го разгледа повторното воведување на смртната казна во земјата, со која би биле санкционирани организаторите на неуспешниот обид за воен удар во јули годинава. – Нашата влада до парламентот ќе достави предлог за воведување на смртната казна. Уверен сум дека парламентот ќе го одбори, а...

Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во салата „Борис Трајковски“

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска во 15 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе одржи голем народен собир, најави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на нивната страница на „Фејсбук“. „ВМРО-ДПМНЕ порачува: време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтите, поигрувањето со чуствата на луѓето, крај за штетите на угледот на државата. Без оглед на...

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира голем народен собир

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ утре во 15 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе одржи голем народен собир, најави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на нивната страница на „Фејсбук“. „ВМРО-ДПМНЕ порачува, време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтноста, поигрувањето со чуствата на луѓето, крај за штетите на угледот на државата. Без оглед на...

ВМРО-ДПМНЕ не подготвува одговор на граѓанскиот марш, ама спрема партиски собир

ВМРО-ДПМНЕ засега не планира марш или собир на отворено кој би бил реакција на тој што вчера го направи СДСМ во Скопје. Сепак, членови од партијата на власт велат дека најавен им е собир в недела (16 октомври) во затворен простор во Скопје, на кој, евентуално, би се промовирала програмата и новиот слоган на партијата. - Тоа би значело почеток на кампањата...

В понеделник во 17 часот, собир за поддршка на СЈО

В понеделник, во 17 часот, пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво. Во повикот на социјалните мрежи, пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и целото СЈО. „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја...

Најмасовниот собир по обидот за пуч најавен за денеска во Истанбул

Стотици илјади луѓе се очекува да излезат во Истанбул, каде за денеска е најавен најмасовниот собир на граѓани по неуспешниот обид за државен удар во Турција, минатиот месец, јавуваат светските агенции. Собирот се очекува да биде последен по демонстрациите што изминативе три недели секојдневно се одржуваат во Турција. Приврзаниците на Партијата на правдата и развојот на турскиот претседател Реџеп...

Средба на министрите за одбрана на НАТО-членките

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска и утре во Брисел ќе разгледаат планови за засилување на военото присуство на Алијансата во Источна Европа. За време на средбата ќе се дискутира и за засилување на моќта на НАТО на Медитеранот, зголемување на расходите за одбрана, кибер-заштита и за одговор на хибридни закани. Ќе се одржи и нова седница на комисијата Грузија...

Лекарите се собраа на протест во дворот на Клиничкиот центар

Со мети и со транспаренти на кои пишува „Закон за лекарска дејност“ и „Јас сум Љубомир Огненовиќ“, лекарите се собраа на протест во дворот на Клиничкиот центар, објави „Плусинфо“. На овој начин, сакаат да го искажат својот револт, бидејќи нивниот колега Љубомир Огненовиќ беше застрелан на работно место, а истовремено и да го кренат гласот против деградирањето на нивната професија. Од...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...