fbpx
Таг: снимки

таг: снимки

Анестeзиолог од тетовската болница снимал и објавувал пациенти на ТикТок

По пријава од директорот на Клиничка болница Тетово дека В.Д. (43), анестезиолог во болницата, снимал и објавувал на ТикТок лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош, полицијата вчера доцна ноќта го привела анестезиологот во тетовското село Одри. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, извести МВР.

Од домашни „бомби“ до руска салата: Четиригодишна аудио голгота

Снимениот телефонски разговор на премиерот Зоран Заев со руските комичари Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров), кои го измамија македонскиот премиер, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, од вчера (09.07.2017) е топ тема во македонската јавност, но и во поширокото опкружување. Видеото кое го објавија двајцата пранк(ст)ери, содржи три...

Снимките од Груевски избришани, а албански сајт ги „испрати“ во нашето обвинителство

Известувајќи за барањето на македонското обвинителство за снимките од безбедносните камери за бегството на екс премиерот Груевски, албанскиот новински сајт „Балканвеб“ во текст со наслов „Албанија ги праќа во Македонија снимките од бегството на Груевски“,  вели дека снимките од бегството на Груевски веќе се симнати од системот и според барањето од македонските власти, ќе се пратат во Скопје. Во продолжение...

Снимките од Груевски, системот во Албанија ги избришал оти не можел подолго да ги чува

Снимките од безбедносните камери од бегството на осудениот Никола Груевски од Албанија не се обезбедени, и оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, одговори на новинарско прашање, државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ. - Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на...

Во Кривичен суд продолжува слушањето бомби за „Титаник“

Во Основен суд Скопје 1, односно Кривичниот суд денеска продолжува слушањето на „бомбите" во предметот „Титаник" на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Преслушувањето почна во четвртокот, а продолжи во петокот со 106 од вкупно 1.063 „бомби“. Досега на снимките се слушнаа разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески,...

Продолжува судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет Заев

Во Основен суд Скопје 1, на денешното рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев за барање поткуп во времето кога беше градоначалник на Струмица, треба да продолжи слушањето на разговорите од посебните истражни мерки (ПИМ). Снимките кои ги обезбедил струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, од кои еден дел можеше да види јавноста на „Јутјуб“, почна на...

Апелација: Кривичен повторно да одлучува дали ќе се користат снимките со Заев за „Поткуп“

Кривичниот суд повторно ќе треба да одлучува дали снимката од посебните истражни мерки ќе се користат како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Апелацискиот суд денеска соопшти дека донел одлука со која се укинува претходната одлука на Кривичниот суд - снимката да биде дел од доказниот материјал, и...

Апелација ја одложи седницата за ПИ-мерките во „Поткуп“ на неопределено време

Апелацискиот суд Скопје ја одложи на неопределно време јавната седница на која треба да се расправа по жалбите на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Причина за одложувањето на седницата е тоа што судијата известител по овој...

Панчевски: Со претресот на СЈО настапи целосен мрак за правдата во Македонија

Судијата Владимир Панчевски денеска обвини дека во четвртокот минатата недела настапил „целосен мрак за правдата во Македонија“ со, како што вели, „незаконитиот и брутален претрес“ што врз него го извршиле Специјалното јавно обвинителство и истражители на Министерството за внатрешни работи. Панчевски, во интервју за „Алсат-М“, тврди дека не бил извршен претрес во простории во Кривичниот суд во Скопје, туку станувало...

Љупчо Палевски беше на распит во СЈО, изјави дека станува збор за предистражна постапка

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо беше на распит во Специјалното јавно обвинителство. Палевски, заедно со неговиот адвокат вечерва ги напуштија просториите на СЈО, по што кратко изјави дека станува збор за предистражна постапка. Палевски вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство. Засега официјално не е познато за што се товари Палевски. Се шпекулира дека Палевски е приведен поради тоа што...

Одбраната на Заев бара снимката на „Јутјуб“да се изземе од доказите

Премиерот Зоран Заев придружуван од адвокатите Ване Андреев и Филип Медарски утрово пристигна во Основниот суд Скопје 1, каде што почна рочиштето за судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој тој е обвинет за барање поткуп од околу 200.000 евра од струмички бизнисмен за приватизација на градежно земјиште. Рочиштето денеска не беше одложено, како неколкупати претходно, но треба да заврши...

Шилегов: Снимките го докажаа учеството на ВМРО-ДПМНЕ во упадот во Собранието

„Вчерашните снимки од безбедносните камери во холот на Собранието го докажаа директното учество на ВМРО-ДПМНЕ во обидот за организирање на терористичко загрозување на уставниот поредок и обид за убиство на дел од пратениците“, изјави на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Според него, „снимките објавени вчера се клучниот доказ дека Никола Груевски постојано лаже.“ „Иако постојано тврдеше дека неговата партија нема...

7 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ учествувале во отворањето на вратата на Собрание

Седум пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ знаеле или учествувале во отворањето на главната собраниска врата за демонстрантите на 27 април покажуваат снимките од собраниските камери кои ги објави телевизија „Телма“. Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија, објави телевизијата. Во...

„Викиликс“ нуди 100.000 долари за снимка од разговорот меѓу Трамп и Коми

„Викиликс“ објави дека ќе плати 100.000 долари за снимка од разговорот на американскиот претседател Доналд Трамп и на доскорешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Пораката е објавена на твитер-профилот на „Викиликс“ неколку часа откако Трамп, исто така на „Твитер“, го предупреди Коми да не оддава премногу информации на медиумите за нивната средба. „Њујорк тајмс“ пренесе дека колегите на Коми изјавиле...

Снимките од дрон за падот на „пајперот“ се готови, се чека идентификацијата на жртвите

Вчера завршило снимањето со дрон на местото на авионската несреќа, кај селото Кожле, Скопско, во која загинаа шест лица, а снимките се испратени во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Снимките во корелација со другиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на јавните обвинители и на стручните лица од формираниот тим за истрага на...

(Видео) Хеликоптерски снимки на пустошот што го остави невремето

Министерството за внатрешни работи попладнево објави снимки направени од хеликоптер од подрачјата во Скопје и околината кои беа најмногу погодени од невремето. На видеоматеријалот се гледаат поплавени домови, земјоделски површини под вода, уништени куќи и автомобили. https://www.youtube.com/watch?v=R9KZ8EvzwrM&feature=youtu.be

МВР: Обезбедувањето на Груевски не упаднало во „ТВ21“, дејствувало согласно задачите

Министерството за внатрешни работи денеска демантира дека припадниците на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски упаднале во „ТВ21“. Тие, како што ссе наведува во соопштението, дејствувале во согласност со планот и со задачите. „Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од одделот за обезбедување, во текот на вчерашниот ден постапуваа во согласност со планот и со задачите. Заради...

ЗНМ го осуди актот на обезбедувањето на Груевски

Здружението на новинарите на Македонија денеска најостро го осуди вчерашниот инцидент во „ТВ21“, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да избрише снимки. - Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира...

Обезбедувањето на Груевски упадна во ТВ21 за да брише снимки

Обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски попладнево упаднало во „ТВ21“ и побарало новинар на телевизијата да ги избрише фотографиите од претседателот на владејачката партија направени додека тој се шетал низ улица Македонија, јавува телевизијата. Како што се наведува во написот на „ТВ21“, новинарот го забележал поранешниот премиер како се шета и се обидел да го сними со мобилен телефон. Обезбедувањето...

Груби: Дали ДУИ ќе излезе од Владата ќе одлучи Ахмети и никој друг

Кои ќе бидат следните чекори на Демократската унија за интеграција (ДУИ) по повлекувањето на министрите и замениците-министри од Владата ќе одлучи претседателот на партијата Али Ахмети и никој друг, вели шефот на неговиот кабинет, Артан Груби. Реакцијата на Груби следува по денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој рече дека ДУИ не ја напушта Владата, туку само ќе...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...