fbpx
Таг: снимател

таг: снимател

Поднесено обвинение за инцидентот со новинар и снимател кај Росоман

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднело Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Станува збор за инцидентот во јули кај Росоман кога беа нападнати новинар и снимател, а овој обвинителен предлог поднесен денеска...

Снимател на МТВ втора жртва на корона вирусот меѓу медиумските работници

Корона вирусот го зеде животот на уште еден медиумски работник. Синоќа почина 51-годишниот Шенол Ахмети, долгогодишен снимател во албанската редакција на Македонската радио-телевизија, каде го помина целиот свој работен век, повеќе од 20 години. Ахмети се заразил со ковид-19 и пред една недела бил хоспитализиран, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респираторна машина. Колегите...

Дума: „Курир“ нека ја објави целата снимка од седницата на ДИК

Вистинска случај, но без јасна завршница предизвика настанот од завчера, кога според порталот „Курир“ на нивниот снимател му било наложено од обезбедувањето да ја напушти седницата на Државната изборна комисија, откако членката на ДИК, Виолета Дума, побарала тој да се претстави. Дума денеска рече дека не станува збор за бркање, бидејќи новинарот самиот си заминал, откако снимал. Таа денеска изјави...

Претепан снимател на „Анадолија“ во Белград

Снимател на турската новинска агенција „Анадолија“, Нихад Ибрахимкадич, рано утринава беше повреден при напад во близина на железничката станица во Белград. Снимателот е префрлен на одделението за интензивна нега во Воено-медицинската академија. Како што наведе агенцијата „Анадолија“, непознатите напаѓачи го нападнале Ибрахимкадич од зад грб, а за време на нападот не зборувале ништо и не зеле никакви вредни предмети. Ибрахимкадич добил...

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...