fbpx
Таг: снимање

таг: снимање

Да не се кратат средствата за филмска дејност, бараат македонски режисери и продуценти

Да не се кратат средства од буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм, бараат 70 македонски режисери и продуценти. Поддршка на повикот даде и Агенцијата за филм. Во денешното обраќање до јавноста, потписниците велат оти со вчерашниот демант од Министерството за култура е потврдено дека ќе се кратат средства од буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм. „Министерството изјавува...

Анестeзиолог од тетовската болница снимал и објавувал пациенти на ТикТок

По пријава од директорот на Клиничка болница Тетово дека В.Д. (43), анестезиолог во болницата, снимал и објавувал на ТикТок лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош, полицијата вчера доцна ноќта го привела анестезиологот во тетовското село Одри. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, извести МВР.

Предностите, ризиците и правилата за поставување на видео-надзор

Развојот на модерната технологија донесе многу придобивки, но и ризици на кои што е потребно да се посвети посебно внимание, особено со поставувањето на видео надзорот, со оглед дека во последно време стана „модерно” да се поставуваат камери во домовите, на работните места, јавните површини итн. Преку видео надзорот се обработуваат лични податоци, односно сликите и снимките од видео...

Почна снимањето на новиот филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски [фото]

Денеска во Скопје почна да се снима „Кајмак“, седмиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Филмот е предвидено да се снима во наредните пет недели на локации низ Скопје, информираат од тимот за односи со јавност на „Кајмак“. „Станува збор за црна комедија (или среќна трагедија) која што дава безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината“, се вели во соопштението до...

Владата бара да биде утврдена одговорноста за двегодишното прислушување на ОЈО

Владата остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство. Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури, порача владиниот портпарол Миле Бошњаковски, реагирајќи по денешната информација од Јавното обвинителство дека во објектот во кој се наоѓа главното обвинителство и други обвинителства, е пронајдена опрема со која се прислушувало од...

Јовески: Биле прислушувани фиксните телефони на Обвинителството

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за сторителот на незаконско прислушување на фиксните телефоните во Обвинителство од 30 септември 2016 година до вчера. Телефонските разговори биле снимени на два хард диска соопшти на брифинг со новинарите Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Ќе се прави вештачење за да се утврди кој снимал, со која цел и дали прислушуваните разговори биле изнесувани надвор и дали...

Кривичен добил 6.000 евра за нови камери, но не ги набавил поради тендерот

Кривичниот суд во Скопје во декември, минатата година добил 350.000 денари (околу 6.000 евра) од Судскиот буџетски совет за да набави нови камери за снимање на судењата, но немал доволно време да ја спроведе тендерската постапка. Поради ова Судскиот буџетски совет на 31 декември ги повлекол парите назад. Ова денеска на бифинг со новинарите го соопшти претседателот на судот, Иван Џолев...

И „Шамарите во општина Центар“ одложено – единствениот систем за снимање зафатен за друго судење

Судењето за случајот со насилствата во Општина Центар во 2013 година, попознат како „Шамарите во Општина Центар“ денеска се одложи кратко по почетокот на денешното рочиште, бидејќи единствениот систем за снимање во Основен суд Скопје 1 бил резервиран уште пред еден месец за судењето за обидот за убиство на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров. Судијката Софија Лаличиќ го резервирала...

По Груевски и Латас, и Талески бара снимање на судењето за „Транспортер“

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и останатите 20 обвинети во случајот „Транспортер“ на денешното рочиште побараа од Кривичниот суд во Скопје визуелно и тонско снимање на главната расправа за овој предмет. Претходно, снимање на рочиштата побара и одбраната на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски и екс министерот за транспорт...

Груевски на судењето за „Шамари“ го снимаа две рачни камери без тон

Денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013, случај во јавноста познат како „Шамари“, во кој обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште десетина други лица, се снимаше со две рачни камери, откако вчера и денеска адвокатите на одбраната побараа и добија одложување на рочиштата за случаите „Траекторија“ и „Тотал“, бидејќи немаше услови за...

Одложено судењето за „Тотал“, Латас побара да се снимаат рочиштата

Судењето за случајот „Тотал“ на СЈО е одложено откако адвокатите на Драган Павловиќ - Латас, обвинет во случајот, побараа судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за, како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж. Адвокатите рекоа дека имаат забелешки на записникот од првото рочиште, кое се одржа пред два дена, истакнувајќи дека во него нивните зборови не...

Груевски ја бара единствената камера, досега зафатена со снимање на „Диво Насеље“

Најголемиот суд во државата, Основниот суд Скопје 1, каде дневно се одржуваат десетици судења, има само една камера и дополнителна опрема за визуелно-тонско снимање на рочиштата, како што пропишува Законот за кривична постапка (ЗКП). Поради ова, за најголем дел од рочиштата нема видео-тонски запис, а денеска немањето услови за снимање во судницата беше причината поради која се одложи и првото...

ЗНМ го осуди приведувањето на двајца новинари и бара одговори од МВР и од ОЈО

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска го осуди приведувањето на снимателот на „ТВ 21“, Ибрахим Махмути, и на фоторепортерот од Косово, Бљерим Ука, за време на изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“. Оттаму наведуваат дека ваквиот однос на институциите е целосно неприфатлив и дека има цел да ги заплаши новинарите и да поттикне самоцензура кога известуваат за одредени...

МЗШВ изврши авионско снимање на целата територија

Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од јуни до средината на август изврши авионско снимање на целата територија на Македонија, по втор пат после 2009 година, информираат оттаму. Согласно европските регулативи и препораки, авионските снимки се основа за функционирање на Системот за идентификација на земјишни парцели (СИЗП). „Со просторната идентификација на земјишните парцели се определуваат границите и големината на обработливата површина за...

Нухиу: Системот за снимање на командите во МВР не функционирал од 2014 година

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во интервју во емисијата „Патот кон...“ на „Алсат М“,  открива дека во МВР , уште пред три години, не функционирал системот за снимање на командите. - Побарав да се направи увид и проценка дали се снимени сите команди што се издадени преку тетра-системот. Повикав експерт од Германија и тој процени дека два сервера не...

„Тврдина 2“ не се снимаше бидејќи единствената камера била на „Диво Насеље“

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Тврдина 2“ не се снимаше, како што налага членот 374 од Законот за кривична постапка, бидејќи, како што објасни судијката Лидија Петровска, камерата била зафатена за снимање на судењето за случајот „Диво Насеље“, кое во исто време се одржуваше во големата сала на Врховниот суд. - Видео-тонско снимање нема да се врши бидејќи...

Режисерот Илија Пиперкоски во Охрид го почна снимањето на својот прв игран филм

Македонскиот режисер, по потекло од Охрид, Илија Пиперкоски, кој живее и создава во Романија, во Охрид го почна снимањето на неговиот прв игран филм, „Дедо и внук“. Пиперкоски, истовремено, е и сценарист на филмот. Тој, досега има режирано голем број кратки и документарни филмови. Продуцент на филмот е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, сценографијата е на...

МВР: Снимателот на протестите пред МРТВ е полицаец, поведена е истрага

Лицето што синоќа го снимаше протестот на „Шарената револуција“ пред зградата на „Македонска радио-телевизија“ е припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), потврди МВР. „Утврдено е дека лицето е припадник на ЕБР и се преземаат мерки за да се открие по чија наредба го вршел снимањето“, соопштија од МВР и додаваат дека деновиве ќе излезат со повеќе детали за целиот случај. Граѓаните...

Милчо Манчевски почна со снимањето на петтиот филм, „Бикини“

Режисерот Милчо Манчевски во Њујорк почна со снимањето на петтиот по ред долгометражен филм со наслов „Бикини“, соопштуваат од продуцентската куќа „С-прес“. Филмот, кој е по сценарио и во режија на Манчевски, влегол во последните фази на претпродукција и снимени се почетните материјали, а првата клапа, според планираното, треба да падне на 9 мај. „Новиот филм е за Бикини, харизматична, темпераментна...

Делницата од мотелот „Македонија“ до Градско ќе биде затворена

Делницата од мотелот „Македонија“ до Градско ќе биде затворена за сообраќај до 18 часот денеска, поради потребите за снимањето на францускиот филм во продукција на „Мануфактура“, соопштуваат од АМСМ. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.  

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...