fbpx
Таг: снабдување

таг: снабдување

Ројтерс: Протечени документи тврдат дека Србија се согласила да испрати оружје во Украина

Новинската агенција Ројтерс ексклузивно објави протечен документ од Пентагон, во кој се наведува дека Србија иако одбила да воведе санкции кон Русија, веќе се согласила да испорача оружје на Кијив или веќе го испорачала. Протечениот документ со наслов „Европа – Одговор на тековниот руско-украински конфликт“ е во форма на графикон во кој се резимирани позициите на 38 европски влади...

ГА-МА реагира на „Макпетрол“: Имаше доволно време да ги информирате корисниците

По соопштението од „Макпетрол“ АД Скопје денеска, дека од 1 јануари, повеќе нема да увезува и да им испорачува природен гас на неговите потрошувачи, како и поплаката од оваа компанија дека се недефинирани условите за работа за снабдувањето потрошувачи со гас, реагираше државното претпријатие „ГА-МА“ АД. Од таму велат дека во насока на либерализација на пазарот на гас во земјава,...

ЕСМ: Граѓаните да пријават ако имаат ладни радијатори наутро

Парно греење е обезбедено до објектите кои се поврзани на мрежата за снабдување, но граѓаните кои наутро немаат топли радијатори треба да проверат со управителот на објектот и да пријават дефект, порачуваат од ЕСМ Снабдување во изјава за Мета.мк. „Грењето функционира наутро за сите кои се приклучени, а во зависност од температурата која се мери во попладневнте часови се одредува...

Бектеши и „Макпетрол“ велат дека нема прекин во снабдувањето со гас во земјава

Снабдувањето на Северна Македонија со руски гас преку „Гаспром“ не е прекинато, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по прекинот на снабдување со гас на Бугарија. Бектеши на прес-конференција потврди дека прекинот на испорака кон Бугарија и Полска не е поврзано со земјава и информира дека трговците со гас во земјава, ГА-МА и НЕР, ги подмириле сите обврски...

Си-ен-ен: Ситуацијата со глобалниот синџир на снабдување ќе се влошува

Ковид-пандемијата предизвика глобален недостиг на компјутерски чипови, кои пак го забавија, а некаде и го запреа производството во голем број на индустриски гранки, како автомобилската и ИТ индустријата. Според пишувањата на „Си-Ен-Ен“, овој проблем, заедно со недостатокот на возачи на камиони и синџирите на снабдување ги зголемува цените за потрошувачите и го забавува глобалното економско закрепнување. „Додека глобалното економско закрепнување продолжува...

Над половина од корисниците, со пониски или еднакви порамнителни сметки за парно

Најголем дел од потрошувачите (62 отсто) оваа година ќе добијат пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, покажуваат податоците на БЕГ – Снабдување со топлина. Но, од компанијата информираат дека висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот како и од измерената количина на испорачана топлинска енергија до самиот објект. „Иако...

Пожар во РЕК Битола, првиот блок исклучен, еден работник е повреден

Поради ненамерна човечка грешка, како што соопштија од РЕК Битола, денеска нешто по 13 часот, при рутинска манипулација на 6-киловолтната постројка на блок 1 на РЕК Битола, дошло до пожар на дел од кабловските системи, кој со навремена интервенција на надлежните служби на комбинатот бил неутрализиран и изгаснат. Притоа повреден бил работник кој со возило за итна медицинска помош е...

Поради поставување нов далновод, можни се прекини во снабдувањето со струја во Тетовско

Поради почнување на градежните работи на последната делница од новиот далновод во Тетово, утре ќе биде исклучен далноводот што ги поврзува Скопје и Тетово. На постојната траса ќе се уриваат старите и ќе се градат нови столбови. - Поради изградбата на далновод, Тетово и околните населени места ќе останат да се снабдуваат со електрична енергија од страната на Гостивар. Сепак, поради едностраното снабдување...

САД преку Хрватска ќе го снабдуваат регионот со гас

По згаснувањето на проектот „Јужен тек“ и притисокот од САД и ЕУ врз транзитните земји да се откажат од проектот, Вашингтон има намера преку Хрватска да го снабдува регионот со гас. САД ја поддржуваат изградбата на пловен терминал кој, како што тврдат, не е насочен против Русија туку кон зајакнување на енергетската независност на Хрватска и на Европа. Координаторот за меѓународни енергетски прашања...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...