fbpx
Таг: смртни случаи

таг: смртни случаи

Речиси 18 отсто од смртните случаи во државата се последица на аерозагадувањето

Во Македонија годишно има 3.828 смртни случаи кои можат да се припишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички, што е 17.7 отсто од вкупната смртност во државата, наведено е во најновиот извештај насловен „Аерозагадувањето во Р.С. Македонија и ризици по здравјето“, кој го подготвила доц. д-р Мирјана Димовска, раководителка на одделението за безбедност на вода, санитација на...

Отровниот воздух убил повеќе од 500.000 луѓе во ЕУ во 2021 година

Нечистиот воздух убил повеќе од половина милион луѓе во Европската Унија во 2021 година, покажуваат проценките што ги пренесува „Гардијан“. Околу половина од смртните случаи можело да се избегнат со намалување на загадувањето до границите препорачани од лекарите. За првпат, Европската агенција за животна средина го процени целосниот товар на болести што ги носи загадениот воздух. Истражувачите откриваат и колку...

Од ковид во октомври во земјава починале 11 лица, превентивните мерки да се почитуваат

Раст на бројот на починати лица од ковид-19 во земјава. Во октомври 2023 година починале 11 лица од ковид-19, што е значителен раст во споредба со септември кога од ковид починале пет лица, како и од август кога имало само еден починат. Ова се официјални податоци од Институтот за јавно здравје, за кои епидемиолозите велат дека треба да претставуваат...

Кина набавува нови болнички кревети, напливот на ковид пациенти предизвикува загриженост

Во градови ширум Кина се поставуваат болнички кревети и се градат клиники за откривање треска, бидејќи властите пријавија уште пет смртни случаи, пишува Ројтерс. Меѓународната загриженост се зголеми после изненадувачката одлука на Пекинг да ги укине сите мерки и да го „ослободи“ вирусот. Кинеските власти овој месец го укинаа строгиот режим на локдаун по протестите против ограничувањата што го...

Не е точно дека 40 проценти од смртните случаи во Финска биле лажни

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Нема докази дека 40 проценти од смртните случаи во Финска биле лажни и фалсификувани. За да избегне да пријавува помалку смртни случаи отколку што навистина има, во Финска се користи системот да се пријавуваат и смртните случаи СО ковид и смртните случаи ОД ковид. За делот од насловот, пак, во кој...

Анонимен мејл погрешно се интерпретира како доказ дека вакцините се штетни за фетусот

Стручниот колегиум на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Скопје (ГАК), Комитетот за безбедно мајчинство на РСМ и Здружението на перинатолози на РСМ издаде препораки во врска со вакцинацијата против ковид-19 за време на бременост. Овие препораки кои Вистиномер ги има објавено, се базирани врз студии од светски релевантни медицински институти што се темелат на истражувања во кои се...

Од 68 нови случаи на ковид-19, 20 се реинфекции

Од направени 659 тестови за ковид-19 во последното деноноќие, 68 се позитивни, информира Министерството за здравство. Оттаму велат дека од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 20 реинфекции. Исто така евидентирани се и 40 оздравени пациенти. „Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица од...

Вистиномер: Шведска студија не покажала дека вакцината на „Фајзер“ ја менува човековата ДНК

Експериментот во студијата е направен врз клетки во лабораторија, односно се работи за ин витро експеримент. Ин витро експериментите се важни за давање насоки што би можело да се случи во човековиот организам ин виво. Но, за да се заклучи што се случува во човековиот организам „во живо“, мора да се направат и такви истражувања. Исто така, авторите на...

Вистиномер: Нема никаква потврда дека ковид вакцините предизвикуваат смрт и тоа „секојдневно“

Објавата, преку ширење на дезинформации, оди во прилог на антиваксерската кампања и предизвикува страв и несигурност во јавноста дека вакцините се штетни, а несаканите ефекти можат да имаат смртни последици. Бројката на смртни случаи, кои наводно се случиле по вакцинирањето, е неспоредлва со бројот на потврдени починати од ковид-19. Вирусот е вистински, постои, се шири брзо и е смртоносен...

Вистиномер: Со невистини и манипулации се бара итно запирање на сите вакцини

Фејсбук објава, која е дел од антиваксерската кампања, ги наведува читателите да веруваат дека 40.000 луѓе починале само затоа што се вакцинирале, што не е точно. Како поткрепа на оваа неточна информација се користат цитати и изјави од псевдоорганизација која прави голема штета на колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Група која себеси се...

Вистиномер: Нема докази дека на ова видео се прикажани починати лица од вакцина во Диселдорф

Самиот факт што смртта настапила после вакцинацијата, не докажува дека вакцината ја предизвикала смртта и тоа го наведуваат сите релевантни државни агенции чија задача е да собираат пријави за несакани ефекти по имунизација. На видеото споделено во постот, евидентно е дека се гледаат само десетици листови хартија, но не се гледа ниту некаков лик, ниту пак, има доказ дека навистина...

Вистиномер: Не е вистина дека во 2019 починале повеќе од грип отколку во 2020 од коронавирус

Податоците коишто се изнесени во оваа објава немаат апсолутно никаква поврзаност со реалната ситуација. Бројката од 1.203 починати од грип во 2019 е целосна невистина и не е ни блиску до вистинската бројка на починати којашто е драстично помала. Но, дури и да беше точна оваа бројка таа, сепак, е дупло пониска од вистинската бројка на смртни случаи од...

Вистиномер: Дезинформација е дека 90 проценти од починатите се вакцинирани

Фејсбук објава без докази и извори од релевантни институции, шири невистини дека 90 проценти од починатите овој месец се вакцинирани, додека анализите на Министерството за здравство покажуваат дека 79 отсто од починатите и 69 отсто  од новозаразените во изминатите  4 месеци се токму невакцинирани лица, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се  изнесуваат...

Стојанов: Неопходно е да се анализира зошто имаме од 20 до 30 починати дневно

Потребно е да направи анализа и да се види зошто е голем бројот на смртни случаи како последица на ковид-19. Година и половина се занимаваме со пандемија, но сепак бројот на починати граѓани е голем, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен директор на Центарот за јавно здравје. Според евиденцијата на Министерството за здравство, бројот на смртни случаи во...

Екстремни температури во Канада, од топлотниот бран од речиси 50 степени целзиусови, починале околу 500 лица

Опасен топлотен бран ги „пече“ северо-западните делови на САД и на Западна Канада, областите кои се повеќе синоними за студ. Температурите во изминатите денови достигнаа над 45 степени целзиусови, со екстремно топли ноќи меѓу нив, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Заклучно со синоќа, во Британска Колумбија се пријавени 136 шумски пожари, од кои девет предизвикаа сериозна загриженост, потврдија надлежните противпожарни...

Во Индија ковид-19 брзо се шири, за 24 часа регистрирани над 300.000 случаи

Индија се соочува со нов бран на ковид-19 со катастрофални последици. За само неколку дена, „индискиот сој“ предизвика хаос во земјата со население од 1,3 милијарди лица. Секојдневно се пријавуваат голем број на новозаболени од корона вирусот, а се претпоставува дека една од причините е заразниот мутант на ковид-19, вирусот Б.1.617, откриен во земјата. Властите вчера регистрираа црн рекорд...

Обединет Балкан за чист воздух: Со елиминација на јагленот ќе се отстрани најголемиот индивидуален извор на аерозагадување

Согорувањето на јагленот е најголемиот индивидуален извор на загадување на воздухот на западен Балкан, а термоцентралите го предводат согорувањето. Компаниите што управуваат со нив, и државите во регионот, не се придржуваат до законите и прописите за штетни гасови, што доведува до спорови, како што се случаи на прекршоци во рамките на Енергетската заедница, укажуваат балканските еко-организации преку соопштение кое...

Бројот на заболени од ковид-19 зголемен за 56,4 отсто во однос на минатата недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 22 до 28 февруари 2021 г., тестирани се вкупно 20.161 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 27,2 отсто повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од...

Ковид-бројките во пораст, регистрирани повеќе мутации на вирусот, експертите повикуваат на внимателност

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) бележи зголемување за 4,1 процент на број на нови позитивни ковид-случаи, како и зголемување за 3,1 отсто на смртните случаи, споредено со минатата недела. Последниот неделен извештај на институцијата, за периодот од 1 до 7 февруари покажува дека во овој период тестирани се вкупно 14.398 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање...

ИЈЗ: За една недела за 16,9 отсто помалку позитивни случаи на ковид-19 и за 8,6 отсто помалку починати

Институтот за јавно здравје, ИЈЗ, го објави извештајот за состојбата со заболените од ковид-19 за периодот од 14 до 20 декември 2020 година. Според него, тестирани се вкупно 15.607 материјали во лабораториите за присуство на SARS-CoV-2, што е  намалување од 1,6 отсто во споредба со една недела претходно. Во споменатиот  период, процентот на позитивни од тестирани случаи изнесува 29,3...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...