fbpx
Таг: смрт

таг: смрт

Почина милијардерот Дејвид Рокфелер

Милијардерот, банкар и филантроп Дејвид Рокфелер почина на 101 година од животот, мирно во сон, во својот дом, соопшти неговото семејство. Дејвид бил најмлад од шесте деца на Џон Д. Рокфелер и беше последниот жив претставник на својата генерација Рокфелер. Тој беше на чело на едно од најмоќните семејства на светот, а по смртта на своите браќа и сестри станал „чувар“...

Денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Со повеќе настани денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа во близина на Мостар. Цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани. Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Во авионска...

Притвореник починал на пат кон болница

На Р.А. (1951) од Струмица, притвореник во истражниот затвор „Скопје“, вчера му се слошило по што од страна на доктор од затворот му била укажана прва помош. Потоа било повикано возило на итна медицинска помош и бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, но по пат починал. Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде...

Разбојник убил жена во Охрид

Засега непознато лице, синоќа усмрти жена во потесното централно подрачје на Охрид, на улица Галичица. Од СВР Охрид информираат дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на кривичното дело разбојништво со последица смрт. - СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11 часот и 30 минути до 19 часот и 25 минути, влегол во...

Почина амбасадорот на Русија во Обединети нации

Амбасадорот на Русија во Обединети нации, Виталиј Чуркин, ненадејно почина денеска во Њујорк. Заменик-амбасадорот Владимир Сафронков изјави дека на Чуркин му се слошило во канцеларијата во ОН, по што бил префрлен во болница, каде што починал. Причината за смртта сè уште не е позната. „Министерството за надворешни работи на Русија со длабоко жалење соопштува дека во Њујорк ненадејно почина Виталиј Чуркин,...

Старица почина од студ во пехчевско Црник

Поларната температура во Малешевијата ја зеде првата жртва. Ноќеска околу полноќ 80-годишна старица паднала во ходникот на семејната куќа, каде останала во текот на целата ноќ. Премрзната, со слаби знаци на живот, старицата изутрината ја нашол член на семејството. Веднаш дошла итна медицинска помош, чија екипа три часа се борела за животот на жената. - Ги применивме сите мерки за...

Почина актерката Кери Фишер, принцезата Леа од „Војна на ѕвездите“

Шеесетгодишната актерката Кери Фишер, позната по својата улога на принцезата Леа во филмовите „Војна на ѕвездите“, денеска почина во болница, откако во петокот доживеа срцев удар. Веста ја потврди портпаролот на семејството Фишер, Сајмон Халс, за магазинот „Пипл“, а во име на ќерката на Кери, Били Лурд. „Цел свет ја сакаше и многу ќе недостига. Нејзината ќерка Били Лурд потврди дека...

Денеска ќе се одржи протест против загадувањето

Денеска, во 17 часот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје, неколку еколошки организации ќе организираат протест на кој ќе го истакнат револтот од енормното загадување на воздухот. Во најавата за протестот се вели дека според Светска банка, имаме најголемо аерозагадување од канцерогени ПМ-2,5 честички во Европа со годишен просек од 39,4 микрограми на еден кубен метар. - Според Светска банка, во просек...

Светските лидери изразуваат сочувство за смртта на Кастро

Светските лидери жалат поради смртта на лидерот на кубанската револуција и поранешен претседател Фидел Кастро, кој почина синоќа по долго боледување. Поранешниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, истакна дека кубанскиот лидер бил доволно храбар да ѝ се спротивстави на Америка. - Фидел направи сè да го демонтира колонијализмот и да воспостави соработка. Фидел се спротивстави на американската блокада и со...

Путин: Фидел беше искрен и верен пријател на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали Фидел Кастро, лидерот на кубанската револуција кој почина синоќа на 91-годишна возраст. Тој го нарече Кастро „симбол на еден период“ и „искрен и верен пријател на Русија“, соопшти Кремљ. „Името на овој истакнат државник со право се смета за симбол на една ера во новата историја на светот“, напишал Путин во телеграмата до кубанскиот претседател...

Десетдневна жалост на Куба, погребот на Фидел Кастро на 4 декември

Кубанските власти прогласија десетдневна жалост поради смртта на револуционерниот лидер Фидел Кастро. Неговата урна ќе биде погребана на 4 декември, во историскиот југоисточен град Сантијаго де Куба. „Од 26 ноември до 4 декември ќе бидат запрени јавните активности и свечености, а националното знаме ќе биде спуштено на половина копје на јавните згради и на воените објекти“, соопштија кубанските власти. Претседателот на...

Почина Фидел Кастро

Кубанскиот лидер и револуционерна икона Фидел Кастро почина на 91 година од животот, објави кубанската државна телевизија. „Ел команданте“ ја изгуби битката со болеста. Неговата смрт претставува крај на една ера и заминување на еден од најголемите, најпознатите и најконтроверзните светски лидери. - Командантот на кубанската револуција почина ноќеска, во 22.29 часот – соопшти неговиот брат и претседател на Куба, Раул Кастро. Во...

Трудницата најверојатно починала од токсичен шок, велат од штипската болница

Лекарите од Клиничката болница во Штип на денешната прес-конференција соопштија дека, најверојатно, причина за вчерашната смрт на 26-годишната трудница од Штип е токсичен шок. Резултатите од обдукцијата треба да ја дадат вистинската причина за смртта на трудницата која вчера почина во деветтиот месец од бременоста. Жената била примена на инфективното одделение вчера утрото, со тешки симптоми на труење и со висока температура. Претходно...

Во масовна гробница кај Мосул пронајдени и тела на деца

Вештаци кои ја истражуваат масовната гробница кај Мосул, во која се пронајдени околу 100 обезглавени тела, утврдија дека меѓу жртвите има и деца, пренесуваат светските медиуми. Истражителите уште од утринава ги испитуваат причините за смртта на жртвите и нивните идентитети. Тоа не е прва масовна гробница откриена на територијата ослободена од Исламска држава, а телата се откриени откако ирачките трупи почувствувале непријатен...

Почина тајландскиот крал по 70 години владеење

Тајландскиот крал Бхумибол Адулајадеи, монарх со најдолг стаж на светот, почина денеска во болница, соопшти кралската палата. Не е соопштена причината за смртта на 88-годишниот крал, кој на тронот беше 70 години. Иако Тајланд е уставна монархија и кралот има ограничени овластувања, многу често е сметан за фигура која ја гарантира стабилноста во земјата, која е политички турбулентна и во која...

На секој петти работник во Јапонија му се заканува смрт од прекувремена работа

На една петтина од работниците во Јапонија им се заканува смрт од премногу работа, покажува најновата владина студија посветена на работните навики во таа земја. Секоја година во Јапонија се регистрираат повеќе од стотина смртни случаи поврзани со премногу работа, а луѓето умираат од мозочни и од срцеви удари, но извршуваат и самоубиства, пренесуваат светските агенции. Покрај смртните случаи, работниците се загрозени...

Гинеколог од Прилеп обвинет за смрт на родилка

Основното јавно обвинителство - Прилеп до надлежниот основен суд поднесе обвинителен предлог против Г.О., лекар специјалист гинеколог- акушер во Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, информираа од обвинителството. На обвинетиот му се става на товар дека сторил тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинителството, тој на 18 февруари годинава, во просториите на болницата, при укажување лекарска помош – породување на...

Руски авион принудно слетал откако за време на летот починала Србинка

Авион „ербас А330-300“ кој летал на линијата Пекинг - Москва, непланирано се приземјил во Новосибирск поради смрт на една државјанка на Србија. Капетанот на авионот одлучил да го прекине летот затоа што на жената ѝ се слошило. По слетувањето на аеродромот „Толмачово“, докторите констатирале смрт на патничката, изјави портпаролката на аеродромот, Ирина Шавишина. Починатата патничка била од Ниш, родена 1959 година. Во...

Удавеното момче во Охридско Езеро е од Скопје

Телото кое беше пронајдено вчера во водите на Охридското Езеро, во близина на воениот камп „Св.Наум“, е на 24 годишниот Марко В. од Скопје, соопшти денеска портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски. Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело. Ова е констатирано при извршениот увид во кампот и медицинскиот преглед во амбулантата во Пештани. - Од увидот...

Родилка од Крива Паланка починала во болница во Куманово

Вчера попладнето поради сè уште неутврдени причини, во кумановската Општа болница починала трудницата С.Демирова (37) од Крива Паланка, веднаш по породувањето. Според полицијата, родилката починала на пат кон Скопје откако поради компликации при породување со царски рез била пратена за скопските клиники. Случајот во полиција бил пријавен во 20.35 часот. Од болницата велат дека со официјален став ќе излезат по обдукцијата, која...

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...