fbpx
Таг: службена положба

таг: службена положба

На Драган Даравелски одново ќе му се суди

Основниот кривичен суд - Скопје одлучи да се повтори судската постапка за приведениот поранешен директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше уапсен на 10 јануари на граничниот премин „Табановце“ заради издржување затворска казна. Даравелски беше осуден во мај 2007 година на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања. Пресудата беше потврдена и од Апелациониот суд Скопје...

Поднесен Обвинителен акт против Мухамед Зекири за злоупотреби „тешки“ повеќе од 1,45 милиони евра

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска во Основниот кривичен суд Скопје поднело Обвинителен акт против поранешниот Генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, со кој го товари за злоупотреби во службата. Истовремено, од судот било побарано да биде продолжен куќниот притвор на Зекири, се вели во соопштението од Обвинителството. Зекири се товари за незаконско склучување...

Финансиска полиција со кривична пријава за екс-градончаланикот на Штип, Илчо Захариев

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила кривични пријави против поранешниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев, директорот на ЈП „Стипион 2011“ И.И и Р.Г во својство на управител на правниот субјект „Коле транс“. „Пријавениот И.З. во својство на градоначалник на Општина Штип во текот на 2016 година ја злоупотребил својата службена...

Јанкулоска, покрај 6-те години затвор доби и забрана за напуштање на Скопје

Судечкиот совет го прифати предлогот на СЈО и определи на Гордана Јанкулоска мерка на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиштето и престојувалиштето до извршување на казната од шест години затвор што денеска и беше изречена за набавката на луксузниот „мерцедес С600“, за кој Специјалното јавно обвинителство поведе обвинение познато како „Тенк“. Јанкулоска е прогласена за виновна за злоупотреба на службената положба и овластување....

Кривична пријава за велешкиот градоначалник Чадиев поради одморалиште во Горно Врановци

СВР Велес поднесе кривична пријава против актуелниот градоначалник на општина Велес, Славчо Чадиев, поради постапка што ја направил како претседавач на Советот на Општина Велес во 2012 година. СВР го товари за прекршување на деловникот на Општината, во врска со предавањето на синдикалното одморалиште од Општина Велес на Општина Чашка. Според соопштението од Секторот за внатрешни работи - Велес, С.Ч....

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...