fbpx
Таг: случајПуч

таг: случајПуч

Јанева на потег за притворот на Верушевски

Катица Јанева, како специјален јавен обвинител надлежен за обвинителскиот дел од постапката за случајот „Пуч“, меѓу другото, ќе треба да се изјаснува и за притворот и за другите мерките за обезбедување што им се одредени на обвинетите во случајот, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски. Ова за „Мета“ го...

„Пуч“ веќе цела недела е на бирото на Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го добила материјалот за предметот „Пуч“ од јавниот обвинител што го водеше случајот и отсега тој е во нејзина надлежност, изјави за „Мета“ адвокатот на одбраната, Ангеле Илиевски. Според Илиевски, тој и неговите колеги, како адвокати на одбраната, сè уште не добиле официјално известување од специјлната обвинителка, но Јанева пред околу една недела дена го примила...

Коцијанчич: ЕК не коментира првостепени судски одлуки

Европската комисија очекува сите судски процедури во земјата да бидат спроведени со целосно почитување на принципите на националното, како и на меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска практика во согласност со Европската конвенција за човекови права, изјави за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан. Коцијанчич, сепак, не сакаше да ја коментира вчерашната одлука на Основниот суд Скопје -1,...

Заев нема да се појави на суд и следниот понеделник

Лидерот за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, нема да се појави во Скопскиот кривичен суд ни следниот понеделник, на 7 септември,  за кога е закажан почетокот на судскиот процес за случајот „Пуч“, изјави за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Нема ретирирање од ставот кој е соопштен претходно - соопшти кратко Шилегов. Лидерот на опозицијата уште на почетокот на јули, кратко по...

Заев до струмичкиот суд: И понатаму нема да се јавувам во судот

Скопскиот кривичен суд денеска објави дел од записникот и изјава на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со негово образложение зошто не се јавува во Основниот суд Струмица, односно не ја почитува мерката за претпазливост што му ја одреди судот за случајот „Пуч“. Од Основниот суд Скопје 1 го известиле Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дека обвинетиот...

Поддржувачи на Заев се собраа пред судот

Неколкумина поддржувачи на Зоран Заев утринава поставија пано со ликот на лидерот на опозицијата пред Основниот суд Скопје 1, каде во 10 часот треба да почне судскиот процес за случајот „Пуч“. Покрај Заев, пред судот денеска треба да се појават поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров, и поранешниот вработен во МВР, Ѓорги Лазаревски,...

Обвинетите во „Пуч“, Соња Верушевска и Бранко Палифров, ќе се бранат од слобода

Одделот за организиран криминал и корупција на скопскиот Кривичен суд им ги укина куќниот притвор, односно мерката притвор на Соња Верушевска и на Бранко Палифров, обвинети во случајот „Пуч“. Како што информираат од Основниот суд Скопје 1, на обвинетните им е определена гаранција во одреден износ што се состои во хипотека на недвижен имот и им биле одземени пасошите. Освен...

Укинат притворот на Соња Верушевска, мерката заменета со куќен притвор

Скопскиот кривичен суд денеска ѝ ја укина мерката притвор на Соња Верушевска, една од обвинетите во случајот „Пуч“, и ја замени со мерка куќен притвор, соопштија од судот. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 попладнево доставил решение со кое „жалбата на обвинетата Соња Верушевска, изјавена преку нејзиниот адвокат, за укинување на мерката притвор се...

Преговорите во Пржино биле недипломатски и брутални

По потпишувањето на договорот од Пржино, европските дипломати полека се отвораат. Ноќта била напорна, раскажуваат, а претставниците на европските институции употребиле „брутален“ јазик за да им стават до знаење на четворицата потписници дека „ова е крајна шанса“, вели дипломатски извор од една европска институција присутен на сите фази од преговорите. Имплементацијата на она што се потпиша на 15 јули сега...

Хан и европратеничката тројка во мисија да ја решат кризата

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска заедно со европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит ќе се обиде да ги помести преговорите од мртва точка и да издејствува наоѓање крајно решение за политичката криза. За време на посетата, Хан и европратеничката тројка, како што соопштија од Европската комисија, ќе имаат одделни средби со лидерите на политичките...

Нуланд: Има надеж за решавање на политичката криза

Помошничката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, денеска по средбата со премиерот Никола Груевски изрази надеж дека наскоро ќе се реши политичката криза во земјава. - Време е да се стави крај на кризата. Ние, САД, сме многу задоволни што работиме со ЕУ. Амбасадорот Бејли работи заедно со еврокомесарот Хан за да ги доведат страните да најдат решение што ќе ѝ...

Нуланд ги почна средбите – нема детали за разговорите

Помошничката на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, утринава се сретна со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а во тек е средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Засега не се откриваат детали од досегашните средби, но како што претходно беше најавено од американската амбасада во Скопје, Нуланд на политичките...

Нуланд ќе се обиде да ги заживее преговорите

Помошничката на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, денеска во Скопје ќе има одвоени средби со политичките лидери и со премиерот Никола Груевски. Посетата на Нуланд доаѓа откако лидерот на опозицијата, Зоран Заев, изјави дека преговорите што се водеа под посредништво на ЕУ и на САД се неуспешни. Лидерот на опозицијата го обвини Груевски дека ги избегнува...

Андреј Ковачев: Владата на Груевски мора да поднесе оставка

Проблемите на Македонија лежат во владините политики, а не во ставот на Грција, Бугарија или ЕУ, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за бугарскиот портал „Новините“. - Тоа што сега се случува во Македонија е резултат на политиките што ги води премиерот Никола Груевски во изминатите 10 години откако е на власт. Европскиот парламент постојано предупредуваше дека земјата се оддалечува од своите ЕУ-перспективи, наместо...

Миловановиќ-Фазлиу: Македонската власт е како таа на Путин и на Ердоган

Македонската влада преку медиумите што ги контролира и скапите маркетинг-кампањи ја шири и зацврстува идејата дека Македонците исчезнуваат и се нападнати, пишува Ана Миловановиќ-Фазлиу, ќерката на поранешната американска амбасадорка во Македонија, Џилијен Миловановиќ. Миловановиќ-Фазлиу во текстот објавен на веб-страницата „Алијансата за градење мир“, покрај тоа што дава историјат за македонската држава и за македонско-албанските односи, наведуваа дека причината за ваквата кампања е...

Питер Фејт: „Бомбите“ покажуваат страшни прекршувања

Поранешниот висок претставник на Европската унија на Косово, Питер Фејт, во петокот беше гостин на холандско радио за да одговара на прашања за политичката криза во Македонија. Во 2001 година, Фејт беше посредник испратен од НАТО за да преговара со војската на ОНА. Во интервјуто Фејт оцени дека снимките што ги објавува опозицијата укажуваат на сериозни злоупотреби и на криминал од...

Македонија неделава на агендата на ЕУ

Македонија деновиве ќе биде присутна на европската агенда. Со очекуваниот заклучок кој треба да биде усвоен утре од министрите за надворешни работи, учеството на премиерот Груевски на состанок на Европската комисија посветен на транспортната политика во регионот и со третата рунда преговори помеѓу власта и опозицијата во Европарламентот, оваа недела ќе биде богата со случувања за земјата во ЕУ. Премиерот...

Ќе има трета рунда преговори во Брисел меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Заврши втората рунда преговори меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ во Брисел. По средбата беше објавено само кусо соопштение од европскиот посредник, европратеникот Едвард Кукан, во кое се потврдува дека ќе се одржи и трета рунда. Други изјави за јавноста нема. Непознато е за што разговарале присутните, ниту дали е постигнат некаков договор. Европските посредници се обидуваат да им помогнат на...

Бугарија „загрижена“ поради политичката ситуација во Македонија

Официјална Софија е загрижена поради дестабилизацијата на политичката ситуација во Македонија, оценил шефот на бугарската дипломатија, Даниел Митов, на затворена седница на Комисијата за надворешна политика. - Особено сме загрижени поради случувањата и дестабилизацијата на внатрешно-политичката ситуација. Се надеваме дека постои можност да се постигне дијалог меѓу опозицијата и власта. Има и многу други проблеми, како медиумската средина, недостигот на...

Кривични пријави: СДСМ спамира, Обвинителството само регистрира

„Јавното обвинителство може да ги распредели предметите на 27 јавни обвинители ако сака, но важно е што досега има направено по тие предмети“, вели за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во врска со соопштението од Обвинителството, објавено пред две недели, дека кривичните пријави што ги поднесе опозицијата за сомнежите за криминал што произлегуваат од прислушуваните разговори биле распределени за работа...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...