fbpx
Таг: случај

таг: случај

Спасовски: Го откривме испраќачот на лажни дојави за бомби во Кавадарци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во врска со лажните закани за поставени екплозивни направи во неколку училишта во Кавадарци, кажа дека случајот е расчистен. „Во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична...

Нееднаквост на Врховниот суд: Граѓаните чекаат со години, бизнисмените и функционерите „вршат работа“

Врховниот суд донесе одлука за случајот „Труст“ на бизнисменот Сеад Кочан една година и седум месеци по одлуката на Апелациониот суд. Но тоа не е случај со граѓанинот Насер Ештрефи, чие семејство пет години чека пред вратите на судот, каде случајот е покриен со прашина, пишува Порталб.мк. Нееднаквиот пристап на судските институции кон граѓаните е секако една од главните причини...

По трет пат опожарено возило на еден ист сопственик во Штип

Рано изутрината на улицата „Сутјеска“ во Штип опожарено е возило „БМВ“. Од огнот е зафатено друго возило „шкода фабија“, паркирано до „БМВ“-то. Пожарот во СВР Штип е пријавен во 5.30 минути. „Опожареното возило е сопственoст на З.Ч. (34). Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот,“ соопштија од СВР Штип. Од полицијата не соопштија други...

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за Поповски е неправда и реализација на партиско политички нарачки

Ова што го видовме денеска не е суд и правда, туку реализација на партиско-политички нарачки и неправда. Невини луѓе кои ниту оствариле каква било имотна корист и не предизвикале никаква штета се осудуваат со драконски казни, а Зоран Заев кого целата јавност го виде како бара поткуп се ослободува од каква било одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ во врска со пресудата...

КХВ: „Балкан петролеум“ не може да даде понуда за преземање на „Макпетрол“

Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на денешната седница одлучи, на „Балкан петролеум“ да не му се издаде дозвола за давање понуда за преземање на „Макпетрол“, соопштуваат од таму. Ваквата одлука, Комисијата ја донела откако на 18 декември, со допис од страна на друг државен орган, била известена дека, претходно е решено прашањето за случајот. Од Комисијата информираат оти констатирале дека...

ДУИ ја поздрави одлуката на Врховен суд за случајот „Монструм“

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздрави одлуката на Врховен суд за повторно судење на случајот „Монструм“ и за ослободување на обвинетите да се бранат од слобода. „Барањето на обвинителството, како и одлуката на судиите се праведни и во согласност со нашите и со очекувањата на граѓаните. Уште од почетокот на истрагата, и потоа, на судењето на случајот, Демократската унија за...

Костовски: Случајот „Тендери“ е монтиран процес за да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ

Случајот „Тендери“ кој СЈО го отвори, а се однесува на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба, е целосно монтиран процес, дел од една политичка пропаганда на СДС која има цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека целосната постапка за...

ДУИ жали за убиството на Идризи и бара да се расветлат мотивите за случајот

Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара надлежните институции да ги расветлат мотивите за убиството на градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, кое, како што велат во соопштението, во никој случај не било испровоцирано. - ДУИ е длабоко потресена од веста за убиството на членот на нашето семејство и градоначалник на Oпштина Боговиње, Хазби Идризи, за време на извршувањето на својата...

Станишев побарал да прекине обвинението против него за изгубени тајни документи

Поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев побарал од Апелацискиот суд во Софија да го прекине случајот против него за изгубени тајни документи поради застареност на делото, јавува дописничката на „Мета“ од Софија. Адвокатот Васил Василев побарал да се прекине случајот против Станишев, бидејќи рокот истекол на 27 јануари, така што завршница на случајот се очекува следниот месец. Во декември лани Основниот суд во...

ВМРО-ДПМНЕ апелира притисоците и нападите врз судот да престанат

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува обидите на аболираниот криминалец Зоран Заев, преку напади и закани врз судот да изврши притисоци и да ги заплаши судиите да одлучуваат во согласност со законот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод боењето на Кривичниот суд од страна на „Шарена револуција“. „Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција на СДСМ и на Сорос е резултат...

Накит вреден 5.000 евра украден од стан во Скопје

Непознат сторител се прекачил преку балконска ограда и влегол низ прозорецот во стан во сопственост на Д.Ц. (67) на улица Воденска во Скопје, при што пронашол и одзел златен накит. Веднаш потоа го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Продолжува судењето за случајот „Диво Насеље“

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд, треба да продолжи судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај лани. Претходното рочиште, кое беше закажано во вторник минатата недела, беше одложено бидејќи на новинарите и на адвокатите на обвинетите не им беше дозволено да влезат во салата на судот. Истиот ден, Кривичниот и...

СЈО бара да ѝ се одземе пасошот на градежната инспекторка од Гази Баба

Специјалното јавно обвинителство бара да ѝ биде одземен пасошот на градежната инспекторка од Општина Гази Баба, Елисавета Најдовска, која е првоосомничена во случајот „ТНТ“, објави „24 Вести“. Од СЈО велат дека освен одземањето на патната исправа, побарале да ѝ биде наметната и обврска постојано да се јавува во Кривичниот суд. Истите мерки тимот на Катица Јанева ги барал и за другите...

Милионски тендери од Владата за „Трансмет“, фирмата што требаше да го урива „Космос“

На денешната прес-конференција, Специјалното јавно обвинителство обелодени дека го отвора случајот „ТНТ“. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека иако уривањето на комплексот „Космос“ требало да го изврши фирмата „Трансмет“, која имала склучено договор со Општина Гази Баба, по налог на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, преку незаконски спроведена постапка за јавна набавка, била избрана фирмата „3М изведба“, која не ги...

СЈО денеска во 11 часот со нова прес-конференција

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција. На последната прес-конференција, СЈО го отвори случајот „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески, но бидејќи тој беше аболиран од претседателот Ѓорге Иванов, против него нема да се води никаква постапка. Во вторникот, судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на еден од осомничените во „Транспортер“...

Груевски: СДСМ својата кампања ја темели врз работењето на СЈО

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ вработува и реализира проекти, додека СДСМ својата кампања ја темели на работењето на Специјалното јавно обвинителство. - Во однос на случајот што вчера беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, мислам дека се им е јасно на граѓаните што се случува, зошто се случува и кои се целите. СДСМ максимално...

СЈО го презема случајот „Шпион“

Претставник од Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште на Апелацискиот суд на кој се разгледуваше жалбата на осудените во случајот „Шпион“, рече дека предметот во своја надлежност го презема СЈО, пренесува „Нова ТВ“. Во случајот „Шпион“ се обвинети 19 луѓе, меѓу кои првообвинет е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што, според...

СЈО го чува влезот на Централен регистар, истражителите ќе запленуваат документи

Истражители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и припадници на единицата „Алфи“ синоќа, го чуваа влезот на објектот на Централниот регистар за да не дозволат во текот на ноќта да се изнесат или уништат документи што се предмет на истрага на СЈО, објави телевизијата „Алсат М“. Како што објавува телевизијата, ова го потврдиле и од СЈО, од каде што изјавиле дека пред...

Стразбур утврди дека истрагата за случајот на Мартин Нешковски била законски спроведена

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која се вели дека за случајот со убиството на Мартин Нешкоски нема повреда на членот 2 од Европската конвенција за човековите права во смисла на ефективноста на истрагата, објави „Академик“. Мајката на Мартин Нешкоски, Ленка Нешкоска, до Европскиот суд за човекови права се жалела дека истрагата за смртта на нејзиниот син не...

Јанева испрати обвинители во Битола за „бомбата“ за школскиот превоз

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева деновиве испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола. Според извори на „Мета“, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година. Наводно, она што ги интересирало обвинителите биле податоците за...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...