fbpx
Таг: случај Тврдина

таг: случај Тврдина

СЈО до судот: Барањето за притвор на Грујовски е во ред, вие го проблематизирате

Специјалното јавно обвинителство одговори на барањето на Кривичниот суд за доуредување на предлогот за притвор за Горан Грујовски, осомничен во случајот „Тврдина“, односно одредување мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Судот во петокот побара од СЈО во рок од три дена да го доуреди предлогот, а во спротивност ќе ги...

Судијата на Јанкулоска од боледување замина на одмор

Судијата што го водеше случајот „Тврдина“ се вратил од боледување, на кое беше подолго време. Нему му се слоши на почетокот на април за време на распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот кој го отвори СЈО, потврдија за „Мета“ од Кривичниот суд. Сепак, иако е вратен од боледување, судијата не...

Јанкулоска доби аболиција и докторат, а судијата што ја сослушуваше уште боледува

Судијата на претходна постапка што го водеше предметот за случајот „Тврдина“ е сè уште на боледување, потврдуваат за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје, откако пред точно 20 дена му се слоши за време на сослушувањето на осомничените во случајот, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Кога судијата ќе се врати на работа, од судот не...

Судијата од „Тврдина“ на боледување, не се знае кога пак ќе ја повика Јанкулоска

Судијата на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за мерките на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ до вчера бил на боледување, откако во средата минатата недела, му се слоши за време на сослушувањето на Гордана Јанкулоска. Од Основниот суд Скопје 1 за „Мета“, не можеа да потврдат дали судијата денеска...

Ристовска: Не ја коментираме содржината на тефтерот на Грујовски

Во домот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, навистина е пронајден тефтер, изјави за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, но во интерес на истрагата не сакаше да ја коментира неговата содржина. Неделникот „Фокус“ во новиот број пишува дека при претресот на станот на Грујовски обвинителите на СЈО пронашле тефтер, од чија содржина произлегува дека агенти...

Грујовски во тефтер водел евиденција за следење на обвинителите на СЈО

Во станот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“, обвинителите на СЈО пронашле тефтер во кој имало податоци дека агенти на УБК или приватно ангажирани лица, професионалци, ги следеле специјалните обвинители, пишува неделникот „Фокус“. Во тефтерот, покрај имињата и презимињата на обвинителите, имало податоци за местото на живеење, за врските и за контактите со соработници...

Јанкулоска не се чуствува виновна, распитот прекинат оти на судијата му се слоши

Денешното сослушување на осомничените во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е прекинато затоа што на судијата на претходна постапка не му било добро, поради што интервенираше и екипа на Итната помош, потврдија од судот за „Мета“. Од судот велат дека странките дополнително ќе бидат повикани за продолжување на сослушувањето. По околу четири часа...

Јанкулоска на распит во судот за „Тврдина“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, наводно, веќе два часа е во Основниот суд Скопје 1, каде денеска треба да бидат сослушани четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Никој не ја видел поранешната министерка за внатрешни работи како влегува во судот, но, според неофицијални информации, таа утрово дошла во судот на покана...

Кривичниот суд денеска одлучува за четворицата осомничени во „Тврдина“

Судија на претходна постапка на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе ги сослушува и треба да донесе одлуки за мерките што ги побара Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против другите четворица осомничени во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потврдија за „Мета“ од судот. Оттаму велат дека ако се земе предвид динамиката по која...

Апелација ја отфрли жалбата на СЈО, Грујовски официјално во куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје денеска донел одлука со која ја отфрлил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за куќниот притвор на началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“. Со ваквата одлука на Апелацискиот суд, Горан Грујовски и официјално наместо притвор ќе издржува мерка куќен притвор. Апелацискиот суд Скопје ги отфрлил како недозволени жалбите на СЈО и на...

СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд за куќниот притвор на Горан Грујовски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) попладнево соопшти дека ја поднело жалбата до Апелацискиот суд во Скопје против одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која мерката притвор на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ е заменета со куќен притвор. „Вложена е жалба против решението на Кривичниот совет со кое е преиначено решението...

СЈО денеска ќе поднесе жалба за куќниот притвор на Горан Грујовски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска ќе поднесе жалба до Апелацискиот суд против вчерашната одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која мерката притвор на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ е заменета со куќен притвор, потврди за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска. Од СЈО сметаат дека доказите што ги...

Кривичен совет: Куќен притвор за Горан Грујовски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донел одлука со која го преиначил решението на судијата на претходна постапка и мерката од 30 дена притвор против началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, ја заменил со куќен притвор, соопштија попладнево од судот. Кривичниот совет одлуката ја донел, постапувајќи по жалбата на адвокатите на Грујовски, кој е првоосомничен во...

Манчевски: Случајот „Тврдина“ е доказ дека немало сечени, лепени и монтирани снимки

Настаните од вчера се најдобар доказ дека немало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски запрашан за коментар за вчерашната прес-конфереција на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“. - Вчерашните настани се најдобар доказ дека Никола Груевски постојано и цело време лаже. Вчерашните настани се најдобар доказ дека сите...

Судот му одреди 30 дена притвор на Горан Грујовски, првоосомничениот во „Тврдина“

Кривичниот суд го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и му одреди мерка притвор од 30 дена на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, официјално потврди Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои...

Опремата за прислушување ја користеле и лица надвор од УБК и МВР

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има докази дека опремата за прислушување освен лица кои работат во МВР, ја користеле и „други лица“ надвор од Министерството, изјави обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска, одговарајќи на новинарско прашање. Таа во својата презентација на случајот „Тврдина“, меѓудругото рече дека првоосомничениот (Горан Грујовски, н.з.) „заради прикривање на „други лица“ кои неовластено ги користеле системите за следење...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...