fbpx
Таг: случај Тврдина 2

таг: случај Тврдина 2

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за Грујовски е партиско-политичка нарачка

Одлуката на судот нема никаква правна основа и е партиско-политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Македонија, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешните пресуди за случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство. - Ова е апсурден предмет со кој се обвинува за фалсификат, а се става на товар дека наводно биле уништени исправи со...

Шврговски најави жалба на пресудата за Грујовски за „Тврдина 2“

Адвокатите на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, најавија жалба на пресудата за една и пол година затворска казна, по завршувањето на денешното рочиште на кое судијката Лидија Петровска ги соопшти пресудите и казните за обвинетите во случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство. - Ние очекувавме ослободителна пресуда бидејќи сме на став дека не постои како објект на заштита...

Ристоска побара од судот максимална казна за Грујовски за „Тврдина 2“

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, денеска побара од судот максимална казна за поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, за случајот „Тврдина 2“, додека за другите шест службенички од УБК, обвинети во случајот, таа му предложи на судот да им одреди алтернативни, односно условни казни. Инаку, Грујовски и службеничките во УБК беа обвинети за уништување на документацијата од...

Завршни зборови за „Тврдина 2“ и ново рочиште за случајот „Транспортер“

Специјалното јавно обвинителство и одбраната на обвинетите, денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да ги изнесат завршните зборови во случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, заедно со шестмина вработени во УБК. Тие се товарат за уништување на документација поврзана со системите од незаконското прислушување. Со завршните зборови судењето за случајот „Тврдина...

В понеделник завршни зборови за „Тврдина 2“, СЈО очекува осудителна пресуда

На денешното рочиште заврши доказната постапка за случајот „Тврдина 2“, а судијката Лидија Петровска за понеледник ги закажа завршните зборови на Специјалното јавно обвинителство и на одбраната, по што треба да биде донесена пресудата. На рочиштето денеска се изведени докази, декласифицирани само за судскиот процес, поради што јавноста, односно медиумите беа исклучени од овој дел од расправата, која траеше околу...

Жешка судска недела за Груевски, Заев и за Талески

Скопскиот Кривичен суд за оваа недела на распоредот има набиена агенда на рочишта за случаите „Тврдина 2“, „Поткуп“, „Шамари“ и „Транспортер“, кои предизвикуваат голем интерес во јавноста, а од кои три се по обвиненија поднесени од Специјалното јавно обвинителство. На обвинителната клупа треба да седнат лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски,...

Нè чека долга судска недела: Рокови, жалби, одлуки, претреси

Денеска Кривичниот суд во Скопје треба да ги соопшти и последните одлуки по барањата за притвори против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, обвинети во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Станува збор за барањата за притвор на Никола Груевски, Мартин Протогер, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Одлуките, како што можеше да се заклучи од соопштението на судот,...

Судска ферија – предметите на СЈО на стенд-бај до 3 мај

Во зовриена политичка атмосфера, која никако не губи интензитет, судиите и главните судски инстанци ги ставија на стенд-бај клучните судења и седници, а деновиве како да си дадоа ферија со спојување на велигденските празници и на Први мај. Уставниот суд за оваа недела, односно за денеска нема закажано седница, а засега нема објавено агенда ниту за седница за следната недела. Врховниот...

Одложено рочиштето за „Тврдина 2“, судијката Петровска на боледување

Поради боледување на судијката Лидија Петровска се одложи денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски. Тој и уште шестмина вработени во Управата за безбедост и контраразузнавање (УБК) се товарат дека ја уништиле документацијата поврзана со двата состеми од незаконското следење на комуникациите. На денешното...

СЈО денеска треба да каже што им одговорила УБК за тајните податоци во „Тврдина 2“

Денеска во 11 часот во Основниот суд Скопје 1 треба да се одржи ново рочиште за случајот „Тврдина 2“, во кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги товари поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и уште шест лица за уништување документацијата поврзана со системите од незаконското прислушување. На денешното рочиште СЈО треба да го извести судот за одговорот што добило од...

УБК му одговорила на СЈО за користењето класифицирани податоци во „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство добило одговор од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Катица Јанева. Од СЈО не откриваат што им било одговорено, но велат дека за тоа ќе го запознаат судот на рочиштето закажано за 17 јануари. „Од наша страна беа испратени барања...

СЈО, по една недела, од судот го доби записникот од рочиштето за „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство вчера го добило од Кривичниот суд записникот од подготвителното рочиште за судењето за случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму додаваат дека дополнително ќе информираат кога ќе достават барање до Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за дозвола за декласификација на доказите во обвинението...

СЈО ќе бара начин да ја деблокира истрагата за „Таргет“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзините помошници обвинители наредните денови на состанок треба да решаваат што ќе преземат во врска со блокирањето на истрагата за случајот „Таргет“ од страна на Кривичниот суд, велат неофицијално за „Мета“ од СЈО. Она што е официјално е дека СЈО „нема право на жалба на одлуката“ на Кривичниот совет, до повисоките судски инстанци, односно...

Караџовски: Не е наша работа како протекла фотографија од судењето за „Тврдина 2“

Судскиот совет не добил никакво извествување во врска со протекувањето на фотографија од подготвителното рочиште за судењето по обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина 2“, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, додавајќи дека тоа не во надлежност на Советот. „Изнесувањето слики и јас синоќа го видов во медиумите. До нас не е стигната никаква информација и...

Денеска треба да почне судењето за обвинението на СЈО против Грујовски

Денеска, во 11.30 часот, во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес за уништувањето на документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство на 15 септември, годинава поднесе обвинение против седум лица. Првообвинет во случајот е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кого СЈО го товари за  фалсификување службена исправа, односно за уништување...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...