fbpx
Таг: случај Трезор

таг: случај Трезор

Апелациониот суд ја укина осумгодишната казна за Сашо Мијалков

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“, во кој еден од осудените беше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој од Кривичниот суд беше осуден на осумгодишна казна затвор. „Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од...

Мијалков осуден на уште 8 години затвор за случајот „Трезор“, вкупно треба да одлежи 20 години

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, за предметот „Трезор“, е прогласен за виновен и доби казна затвор од 8 години. За виновни беа прогласени и обвинетите, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, кој доби казна затвор од 5 години за помагање, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, казна затвор од 5 години,...

СЈО поднесе претставки против судијките Илиевска-Јосифовиќ и Михајлова

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) до Советот за утврдување факти и покренување одговорност за судија, поднесе претставки против судијките во Основниот суд Скопје 1, Елена Илиевска-Јосифовиќ и Татјана Михајлова. - Со претставките е побарано да се испита работата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на судската функција - стои во соопштението на СЈО. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ како судија на...

Кривичниот совет ја одби како неоснована жалбата на СЈО за пасошот на Мијалков

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 денеска ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврдил одлуката на судијката Елена Јосифовиќ да не им бидат одземени пасошите на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, и на поранешниот помошник-министер во...

Мијалков си го задржа пасошот, за судијката Јосифовиќ барањето на СЈО е неосновано

Судијката Елена Јосифовиќ го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство да им бидат одредени мерки на претпазливост, односно да им се одземат пасошите на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР, осомничени во случајот „Трезор“. „Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство...

Судот потврди: Дополнително ќе решиме за пасошите на Мијалков, Јакимовски и на Стајковиќ

Кривичниот суд попладнево потврди дека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, ексшефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, и Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР, денеска биле на распит и дале исказ за случајот „Трезор“ на СЈО, во кој тројцата се осомничени. Специјалното јавно обвинителство бара од судот на тројцата да им бидат одредени мерки на...

Апелацискиот суд ја одби жалбата на СЈО за неизземањето на судијката од „Трезор“

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против одлуката на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кој не го прифати барањето за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвиниетелство бараше изземање на судијката поради сомнеж во нејзината непристраност. Поточно,...

Одбиени жалбите на СЈО за притворот во „Трезор“ и за судијката Петровска

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го потврди решението на судијата на претходна постапка да не му биде одреден притвор на еден од осомничените во случајот „Трезор“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското...

Панчевски го одби барањето на СЈО за изземање на судијката во „Трезор“

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува по предлогот на СЈО за одредување мерки на претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на судијката поради околности што упатуваат на сомнеж во нејзината непристраност. Поточно,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...