fbpx
Таг: случај Таргет

таг: случај Таргет

Кривична пријава на Вангеловски бидејќи не дава увид во списите за Грујовски и Бошковски

Советот за утврдување на факти му поднесе кривична пријава на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Кривичната пријава Советот ја поднел бидејќи пред две недели Вангеловски не им дозволи на членовите на комисијата која ги истражува околностите за бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски, да влезат во Врховниот суд и да извршат увид во списите од предметите...

Судот одлучи и на Мијалков да не му го врати пасошот

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков кој е обвинет во случајот „Таргет“, останува без пасош, откако судот го одбил како неосновано неговото барање да му биде вратена патната исправа што му беше одземена како мерка за обезбедување на присуство. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи...

Врховен суд: Прво да образложат, па после ќе добијат увид во списите за Грујовски и за Бошковски

Прво Советот за утврдување на факти писмено да го образложи барањето за пристап до списите од предметите „Таргет“ и „Тврдина“, а потоа Врховниот суд ќе определи време и простор, соопштиле од судот за државната новинска агенција МИА. Реакцијата на судот следи откако Советот денеска обвини дека на членовите на комисијата која истражува дали судиите кои одлучувале по барањата за притвори...

Вангеловски не ѝ дозволил на комисијата за Грујовски и за Бошковски да влезе во Врховен

На Комисијата која истражува дали судиите од Кривичниот, Апелацискиот и од Врховниот суд, кои одлучувале по барањата за притвори, ја прекршиле постапката и им овозможиле на Горан Грујовски и на Никола Бошковски да побегнат од државата, денеска не ѝ било дозволено да влезе во Врховниот суд и да изврши увид во списите од предметите „Таргет“ и „Тврдина“. Како што соопштија...

Мијалков остана без пасош, одлуките за притворите во „Титаник“ – утре

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 го отфрлија како неосновано и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е првообвинет во случаите „Трагет“ и „Тврдина“, што СЈО ги спои во едно обвинение. Бараната мерка притвор, како што соопшти денеска Кривичниот суд, е замената со...

СЈО „на работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство денеска одржале „работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“, во врска барањето за СЈО за претрес на компјутерските системи, а во рамките на истрагата за масовното прислушување. „Во просториите на „Македонски телеком“ денеска е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, за да се најде решение за предметите од...

СЈО ќе бара начин да ја деблокира истрагата за „Таргет“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзините помошници обвинители наредните денови на состанок треба да решаваат што ќе преземат во врска со блокирањето на истрагата за случајот „Таргет“ од страна на Кривичниот суд, велат неофицијално за „Мета“ од СЈО. Она што е официјално е дека СЈО „нема право на жалба на одлуката“ на Кривичниот совет, до повисоките судски инстанци, односно...

Судот го одбил барањето на СЈО за претрес на системите во телекомуникациски оператор

Судија на претходна постапка го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да издаде судски налог, во рамките на случајот „Таргет“, за претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори заради обезбедување податоци и докази во врска со телефонските броеви што биле цел на незаконското следење на комуникациите. СЈО ваквата одлука ја обжалило до Кривичниот совет, но и оттаму, информираат...

Со „Таргет“ обвинетите во „Пуч“ ќе станат сведоци, а сведоците обвинети

Што ќе се случи со обвинението за случајот „Пуч“ по отворањето на новата истрага на Специјалното јавно обвинителство? Дали ќе биде повлечено, проширено со нови обвинети или, пак, на обвинителната клупа на местото на сегашните ќе се седнат сега осомничените во случајот „Таргет“? Тоа ќе се знае откако судскиот процес и официјално ќе почне. Засега единствено што е сигурно е...

Терминот „таргет“ СЈО го украде од Груевски

Кодното име „Таргет“ на најновата истрага на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) случајно или пророчки лани во јануари го спомна актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и тогашен премиер, Никола Груевски, токму во контекст на незаконското прислушување. Груевски, во своето обраќање на 25 февруари 2015 година, еден месец откако МВР го објави во јавноста случајот „Пуч“ и поднесе кривична пријава против Зоран Заев, истакна...

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева подобро да се кандидираше за носител на листа на СДСМ

Денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, на која беше презентиран случајот „Таргет“, за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека Катица Јанева е продолжена рака на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и дека ја спроведува неговата намера „да ја редефинира и федерализира Република Македонија како бинационална држава и да ја обвини Македонија дека е виновна и за спорот...

СЈО не потврдува, но не исклучува дека и Иванов и амбасадорите биле прислушувани

Специјалното јавно обвинителство (СЈО), иако тоа прашање беше поставено, денеска не кажа дали во изминатите седум години (од 2008 до крајот на 2015 година), освен политичари, новинари и бизнисмени биле прислушувани и амбасадори и дипломати во земјава, како и шефот на државата, Ѓорге Иванов. Обвинителката Ленче Ристоска, иако не ја потврди, не ја ни исклучи можноста дека и Иванов и...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...