fbpx
Таг: случај шамари

таг: случај шамари

Судењето за „Шамарите во Центар“ не почна – обвинет заминал во Хрватска

Во Основниот суд Скопје 1 денеска рочиштето за случајот „Насилство во Центар“ не почна, поради тоа што обвинетиот Александар Трајковски, вработен во општина Гази Баба заминал на службен пат во Хрватска, со потпис на градоначалникот Борис Георгиевски. - Барам од судот да му испрати допис на градоначалникот и да го праша дали знаел дека денеска обвинетиот има покана за судско...

Груевски: СЈО потврди дека „бомбите“ може да се монтираат, сечат и лепат

Судењата за „Траекторија“ и за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 се политички монтирани случаи заради остварување политичка цел, изјави денеска доскорешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, откако во Основен суд Скопје 1 се одржаа кратки рочишта од двете судења. Во врска со денешното рочиште за „Траекторија“, Груевски како „исклучително интересен и фрапантен момент“ го оцени...

И „Шамарите во општина Центар“ одложено – единствениот систем за снимање зафатен за друго судење

Судењето за случајот со насилствата во Општина Центар во 2013 година, попознат како „Шамарите во Општина Центар“ денеска се одложи кратко по почетокот на денешното рочиште, бидејќи единствениот систем за снимање во Основен суд Скопје 1 бил резервиран уште пред еден месец за судењето за обидот за убиство на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров. Судијката Софија Лаличиќ го резервирала...

Груевски на судењето за „Шамари“ го снимаа две рачни камери без тон

Денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013, случај во јавноста познат како „Шамари“, во кој обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште десетина други лица, се снимаше со две рачни камери, откако вчера и денеска адвокатите на одбраната побараа и добија одложување на рочиштата за случаите „Траекторија“ и „Тотал“, бидејќи немаше услови за...

Ристевски за „Шамари“ – кој признава, добива шест месеци условна затворска казна

Поранешниот советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јордан Ристевски, обвинет за насилствата пред Општината од јуни 2013 година, случај во јавноста познат како „Шамари“, денеска од Кривичниот суд во Скопје беше осуден на шестмесечна условна затворска казна, доколку во наредните две години не стори ново кривично дело. Пресудата денеска ја соопшти судијката Татјана Михајлова, откако петтообвинетиот во „Шамари“, Ристевски,...

Жешка судска недела за Груевски, Заев и за Талески

Скопскиот Кривичен суд за оваа недела на распоредот има набиена агенда на рочишта за случаите „Тврдина 2“, „Поткуп“, „Шамари“ и „Транспортер“, кои предизвикуваат голем интерес во јавноста, а од кои три се по обвиненија поднесени од Специјалното јавно обвинителство. На обвинителната клупа треба да седнат лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски,...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО со клеветнички изјави сака да ја покрие својата непрофесионалност

Очигледна е нервозата на Специјалното јавно обвинителство заради фактот што знаат дека не поседуваат никакви докази и затоа со лажни и клеветнички изјави се обидуваат да ја покријат својата пристрасност и непрофесионалност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, по денешното рочиште за случајот „Шамари“, кое се одложи. „Неверојатно е што денеска, кога по...

Фетаи: Судот и одбраната се координираат за одолжување на случајот „Шамари“

Судијката Татјана Михајлова денеска го одложи рочиштето за случајот „Шамари“ бидејќи сите списи од предметот биле испратени во Апелацискиот суд, кој треба да одлучува по жалбите на Специјалното јавно обвинителство. Осомничени во случајот се поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 лица обвинети за...

„Тврдина 2“ не се снимаше бидејќи единствената камера била на „Диво Насеље“

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Тврдина 2“ не се снимаше, како што налага членот 374 од Законот за кривична постапка, бидејќи, како што објасни судијката Лидија Петровска, камерата била зафатена за снимање на судењето за случајот „Диво Насеље“, кое во исто време се одржуваше во големата сала на Врховниот суд. - Видео-тонско снимање нема да се врши бидејќи...

Груевски од безбедносни причини влегол во судот од службениот влез

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, каде тој е првообвинет, во зградата на Основниот суд Скопје 1 влегол од службениот влез поради безбедносни причини. „Во однос на влегувањето на дел од обвинетите од службениот влез на судот, заради присуство на денешната главна расправа, истото е спроведено по безбедносни проценки...

Груевски утре на суд за „Шамарите“, Заев в четврток за „Поткуп“, в петок – „Тврдина 2“

По пауза од еден и пол месец, утре и задутре на обвинителна клупа, еден по друг, повторно треба да седнат лидерите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, во случаите што се водат против нив во Кривичниот суд во Скопје. Рочиштата против Груевски и Заев доаѓаат една недела по хаосот и насилствата во Собранието...

Судска ферија – предметите на СЈО на стенд-бај до 3 мај

Во зовриена политичка атмосфера, која никако не губи интензитет, судиите и главните судски инстанци ги ставија на стенд-бај клучните судења и седници, а деновиве како да си дадоа ферија со спојување на велигденските празници и на Први мај. Уставниот суд за оваа недела, односно за денеска нема закажано седница, а засега нема објавено агенда ниту за седница за следната недела. Врховниот...

СЈО поднесе претставки против судијките Илиевска-Јосифовиќ и Михајлова

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) до Советот за утврдување факти и покренување одговорност за судија, поднесе претставки против судијките во Основниот суд Скопје 1, Елена Илиевска-Јосифовиќ и Татјана Михајлова. - Со претставките е побарано да се испита работата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на судската функција - стои во соопштението на СЈО. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ како судија на...

ВМРО-ДПМНЕ: Oтсуството на Груевски не е причина за одлагање на рочиштето за „Шамари“

Денешното судско рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година не било одложено заради отсуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, (еден од 14. обвинети во случајот, н.з.), туку заради немање „основни процесни претпоставки за негово одржување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Лажните вести креирани од медиуми под контрола на СДСМ и на Сорос се уште еден обид за манипулација на...

Груевски, СЈО и Михајлова денеска на ново рочиште за „Шамари“

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да се одржи ново рочиште од судскиот процес за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а во кој меѓу обвинетите е и поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Главната расправа по предметот сè уште не е почната, а досега се одржаа...

СЈО ги обжали паричните казни и бара одговорност од Поп-Стефанија и од Петровска

Специјалното јавно обвинителство денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело жалби на одлуката на судијката Татјана Михајова да ги казни по 2.000 евра специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи, што таа ја донесе на последното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 г., случај познат во јавноста како „Шамари“. - Сметаме дека одлуката е незаконска поради што...

Јанева: Доста беше, судиите не може веќе да се кријат зад функциите

Досега ги игнориравме, но веќе е време јавноста да знае дека судиите не може да се кријат зад своите функции, повикувајќи се на имунитетот и на слободното и независно судиско искажување, бидејќи овде се работи за повреда на кривичната постапка, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за „Дојче веле“, а во врска со случувањата на денешното рочиште за насилствата пред...

Груевски и Јанакиески денеска во суд за „шамарите“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржи ново рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година и нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела...

СЈО ја обжали одлуката на судот „бомбите“ да не се користат против Груевски

Специјалното јавно обвинителество (СЈО) денеска поднело жалба до Апелацискиот суд во Скопје на одлуката на Кривичниот суд за издвојување на дел од доказите во обвинението за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, со кое СЈО ги гони лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и...

Жерновски дојде во СЈО да даде исказ за случајот „шамари“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска точно напладне се појави во Специјалното јавно обвинителство. Тој треба да даде исказ во врска со, како што информираа од општината, случајот со нарачаните шамари и демолирањето на општинските простории во 2013 година. Жерновски пред да влезе во зграда на СЈО не даде изјава за медиумите, но како што е најавено тоа ќе...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...