fbpx
Таг: случај Пуч

таг: случај Пуч

Ноември ќе биде „најсудски“ месец во годината

Следниот месец во Кривичниот суд во Скопје се закажани и треба да се одржат рочиштата од судските процеси што предзвикуваат најголем интерес во јавноста, меѓу кои судењето за „Пуч“, за настаните во Општина Центар од јуни 2013 година, за „Диво Насеље“ итн. Речиси сите судења се за случаи кои имаат директна или индиректна врска со прислушуваните разговори, протестите и со политичката...

Кривичниот суд до Јанева: Ние одлучуваме кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот

Судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот, стои во реакцијата на Основниот суд Скопје 1 на денешните изјави на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која рече дека судот неоправдано го одолговлекува судењето за случајот „Пуч“ и не му доставува покана на единствениот сведок (Никола Груевски н.з.). Од судот велат дека главната расправа...

Јанева: Судот неоправдано го одложува „Пуч“ и не му доставува покана на Груевски

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ е одложено поради, како што соопштија од Кривичниот суд, неприсуството на еден од поротниците. Ова е официјалното образложение на судот за одложувањето на денешното рочиште, кое е презакажано за 1 ноември. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која го застапува обвинението за овој предмет, изјави дека судот неоправдано го одложил денешното рочиште поради болест на еден од...

Клучна недела за СЈО: В четврток нов извештај, в петок судење за „Пуч“

Неделава, според досега најавената агенда, се закажани два клучни  настани поврзани со работата на Специјалното јавно обвинителство. Првиот е поднесувањето на новиот шестмесечен извештај за работата на СЈО, на 15 септември, а вториот е закажаното рочиште во Кривичниот суд за случајот „Пуч“, следниот ден. Јанева вториот извештај ќе го поднесе на годишнината од нејзиното назначување за специјална јавна обвинителка и од...

Верушевски до Иванов: Моето влијание во службите никогаш не било поголемо од денес

Моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од денес, стои во реакцијата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов, дадена во дел од интервјуто за „Дневник“. „Хорхе во „Дневник“ ме споменува – би сакал да му одговорам со една реченица: Иванов ја лаже домашната и меѓународната јавност...

Апелација: Судењето за случајот „Пуч“ може да продолжи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, повторно ќе седнат на обвинителна клупа во случајот „Пуч“, откако Апелацискиот суд Скопје ја уважи нивната жалба на одлуката на Кривичниот суд за запирање на судската постапка, по аболицијата од страна претседателот Ѓорге Иванов од 12 април годинава. Покрај Заев и Верушевски, кој...

Судот му наложи на Звонко Костовски, осуден во „Пуч“, да се врати во затвор

Судија за извршување санкции од Основниот суд Скопје 1 денеска му испратил упатен акт на Звонко Костовски, да се врати на доиздржување на тригодишната затворска казна, на која е осуден за случајот „Пуч“. Костовски беше ослободен од казната откако претседателот Ѓорге Иванов го аболираше заедно со другите 55 лица, политичари и нивни соработници. „Судија за извршување санкции при Основниот суд Скопје...

Кривичен суд: Апелaциjа не може да ни наложи да ги дадеме на СЈО доказите за „Пуч“

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката од Апелацискиот суд Скопје во врска со жалбата на адвокатите на обвинитетите во случајот „Пуч“ против запирањето на постапката по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. „По поднесувањето жалба од страна на одбраната на обвинетите во однос на решението на Судскиот совет за запирање на...

Заев: Иванов со незаконската аболиција ни го одзеде правото на правично судење

Опозицијата поднела жалба на постапките кои се резултат на „незаконската и неуставна аболиција“ од претседателот на државата Ѓорге Иванов, а со кои се оневозможува правото на правично судење, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред Основниот суд Скопје 1, каде денеска требаше да се одржи рочиштето за случајот „Пуч“. Заев рече дека ќе продолжи со барањата за правда и за...

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на СЈО: Кривичниот суд да ѝ ги даде на Јанева доказите за „Пуч“

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и донел одлука дека нема никакви правни пречки Кривичниот суд да ѝ достави на специјалната обвинителка Катица Јанева копии од списи и електронски докази за предметот „Пуч“, соопшти денеска кабинетот на Јанева. Со оваа одлука, Апелација го укина решението со кое првостепениот суд го одби барањето на СЈО. „Во решението,...

Осудениот во „Пуч“ експресно излегува од затвор по амнестијата на Иванов

Единствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување, соопшти денеска судот. Судијата за извршување санкции веднаш ја доставил одлуката до затворот за извршување, односно ослободување на Костовски. „До Основниот суд Скопје 1, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот...

Обвинителство: На СЈО му ги дадовме сите докази за „Пуч“, освен класифицираните кои се во судот

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја предало целата документација, со сите списи и докази за случајот „Пуч“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Разликата што се јавува околу доказите, велат оттаму, е поради класифицираните материјали за кои нема втор примерок, а единствените се предадени во Основниот суд Скопеј 1, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење...

Заев денеска пак пред суд, продолжува процесот за случајот „Поткуп“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје во 10 часот треба да се одржи рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Заев, како градоначалник на Струмица, се товари дека побарал поткуп од 163.924 евра од струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште. Според адвокатот на одбраната, Филип Медарски, поткупот не е примен,...

Кривичниот суд одговори: Ние не сме фотокопирница за класифицирани списи

Ниту судот одолговлекува, ниту избегнува, ниту бега да ја утврди правдата, основна уставна и законска обврска на судот е токму извршувањето на таа функција, а причините за досегашното одложување на оваа постапка се познати на јавноста, се вели во реакцијата на Кривичнот суд по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Пуч“. „Нејасна и тенденциозна е изјавата во јавноста дека судот...

Денеска во исто време треба да продолжат судењата за „Пуч“ и за „Диво Насеље“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, во исто време, во 10 часот, се закажани рочиштата од судењата за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година и за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Специјалното јавно обвинителство, како што пренесоа дел од медиумите, најверојанто ќе бара одложување на...

Јанева бара, a судот не дава копии од списи и докази за „Пуч“

Судијата што го води случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги одбил барањата на Специјалното јавно обвинителство да им бидат доставени копии од списи и електронски докази. Во образложението на ваквата одлука од судот велат дека со нивно доставување би била направена повреда на обврската за чување на класифицирани информации бидејќи државните институции што ги...

ЛДП: Итно формирање на специјален суд за случаите на Специјалнотo јавно обвинителство

Либерално-демократската партија денеска побара итно формирање на специјален суд во Република Македонија, заради процесуирање на обвиненијата на Специјалнотo јавно обвинителство. - Предупредуваме дека „сваровски-судството“ и воопшто системот, кој во сите нивоа на судската власт десет години по своја мерка го градеа Груевски и „фамилијата“, може „низ вода“ да ја пуштат работата и трудот на специјалните обвинители во предметот „Титаник“. Укажуваме на потребата...

Специјалното обвинителство го презело предметот за убиството на Мартин Нешковски

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти дека ја презела надлежноста и за случајот со убиството на Матин Нешковски. Таа потврди и дека обвинители на нејзиниот тим утре во Основниот суд Скопје 1 ќе напрват увид и во другите материјали од случајот „Пуч“, кои не ги добиле од обвинителството што претходно постапуваше по нив. На новинарско прашање дали ќе го преземе и...

Денеска им е годишнина: Груевски ги врати во игра „странските служби и држави“

Денеска е точно една година откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и доскорешен премиер, Никола Груевски, во обраќање кон нацијата (на 31 јануари 2015 година) обзнани дека странска разузнавачка служба е вмешана во обидот за преврат во земјава. Сега, повторно тој, во говорот пред унијата на жени на партијата, по неколкумесечно затишје, ги извади од фиока и ги врати на сцена...

Рочиштето за „Пуч“ одложено на барање на Јанева

Рочиштето за случајот „Пуч“ денеска повторно беше одложено, овојпат за 2 март 2016 година. Одложувањето го побараа обвинителките од Специјалното обвинителство, Катица Јанева и Ленче Ристовска. Тие побараа повеќе време и можност да направат увид во доказите. Исто така, обвинителките побараа, доколку судот не е во можност да им ги достави доказите, да им обезбеди просторија и пет работни дена временски...

Со предност од над 140.000 илјади гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...