fbpx
Таг: случај Монструм

таг: случај Монструм

Порталб: Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро, случајот пред Врховен суд

Денеска се навршуваат 11 години од убиството на четирите млади момчиња и еден рибар кај Смилковското езеро, еден од најстрашните настани што се случиле во државата. По првата донесена правосилна пресуда, Врховен суд го врати предметот на повторно одлучување, а сега, по завршеното второ судење, процесот е повторно пред Врховен, пишува Порталб.мк.  За разлика од првото судење, во вториот судски...

Протест против “монтираните случаи”, демонстрантите од пред влада побараа европска правда за осудените

Од паркот во населбата Чаир до владиното седиште, денеска се протестираше против досудените пресуди за случајот „Монструм“ и за другите "монтирани случаи" досудени од македонското правосудство. За разлика од нередите на претходните протести, денешниот настан помина мирно, а полициските службеници им дозволија на демонстрантите да протестираат пред владината зграда. Пред владата, помеѓу другите соговорници, се обрати и Бедри Ајдари, роднина...

Хелсиншки комитет: Институциите да покренат постапки против насилниците и полициските службеници од протестот за „Монструм“

По однос на протестот за случајот „Монструм“ кој се одржа пред две недели, а каде беа повредени медиумски работници и полицајци, Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Северна Македонија бара Основното јавно обвинителство во координација со Министерството за внатрешни работи, да го пронајдат и приведат секој кој го прекршил законот, без разлика дали се работи за насилен учесник...

ОЈО поднесе обвинение против седум лица за протестите за случајот „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог и предложи продолжување на мерката притвор против шестемина учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“, за кои претходно беше поведена постапка и беше им определена мерка притвор. За истото кривично дело поднесен е обвинителен предлог и против уште едно лице, за кое обвинителството...

ЗНМ и ССНМ ги осудија нападите врз новинарите и медиумските работници на денешниот протест за „Монструм“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудија и ги оценија како неприфатливи денешните напади врз новинарите и медиумските работници кои се случија за време на протестите против пресудите за случајот „Монструм“. Првиот физички напад е кон новинарската екипа на новинската агенција МИА кога имало обид со турканици да им...

Демонстрантите на протестот за „Монструм“ се повлекоа откако полицијата употреби шок бомби

Полицискиот кордон со оклопни возила употреби шок бомби, со цел да ги натера демонстрантите на протестот за случајот „Монструм“ да се повлечат. Демонстрантите претходно ја нападнаа полицијата која беше поставена пред Трговскиот центар „Мавровка“ за да ги спречи да го продолжат протестот кој беше предвиден да продолжи до Кривичниот суд и подоцна да заврши пред Владата. Демонстрантите неколку пати фрлаа...

По изречените казни, роднини на осудените во случајот „Монструм“ најавија протест во петок

Незадоволни од донесената пресуда од три доживотни и две казни од по девет и 15 години затвор за случајот „Монструм“, роднини на осудените повикаа на протест бидејќи како што кажаа, тоа е единствениот начин на борба. Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените во случајот, денеска пред Кривичниот суд во Скопје рече „ова е еден вид на војна“. „Ова не...

Сторителите во случајот „Монструм“ се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази, вели обвинителот Јовески

Погрешна е перцепцијата во јавноста дека пресудата во случајот „Монструм“ е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот на загрозениот сведок, дека...

Обвинителката Фетаи во фокусот на протестите за поддршка на обвинетите во случајот „Монструм“ [галерија]

Организаторите на протестот за случајот „Монструм“ попладнево побараа разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи, откако таа на повтореното судење за случајот „Монструм“ побара за тројца од обвинетите доживотни казни затвор, за двајца долгогодишни казни затвор, додека за еден обвинет побара ослободителна пресуда. Протестот почна во паркот во Чаир, а заврши пред зградата на Министерството за надворешни работи. Полицијата не дозволи демонстрантите...

Порталб: Во петок протестен марш за случајот „Монструм“, откако обвинителката Фетаи обвини 3 лица за „тероризам“

Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, најавија протест во Скопје во петок во 13 часот, откако Обвинителството, на последното судско рочиште ги кажа завршните зборови и со тоа ги обвини дека се виновни за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година, со исклучок на Сами Љута, за кого го повлече обвинението во недостиг на докази, известува...

Осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро, сторителите сè уште непознати

Утрото на 12 април 2012 година беа убиени четворица млади момчиња и рибар кај Смилковското езеро, а по навршени осум години од убиството не успеавме да ги дознаеме одговорите на прашањата кои, како и зошто ги убија нив, пишува „Порталб.мк“. Филип Славковски, Александар Нацевски, Цветанчо Ацевски, Кире Трпковски и Борче Стевковски заминаа на другиот свет со мистеријата за извршителите на...

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, вели Фетаи

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште најави дека ќе го повика премиерот Зоран Заев да сведочи за случајот „Монструм“. На следното судско рочиште на 5 септември во судницата ќе се слушаат телефонските разговори кои беа објавени во „бомбите“ на СДСМ, а коишто беа поврзани со петкратното убиство кај Смилковско езеро. На денешното рочиште за случајот „Монструм“ од обвинителството...

Полициите на Македонија и на Косово ќе гонат криминалци што се кријат во двете држави

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Косово, Оливер Спасовски и Фламур Сефај, денеска во Скопје потпишаа договор за преземање лица со незаконски престој, кој е се однесува на мигрантската криза, како и протокол за прекугранично гонење на лица што учествувале во криминални активности и кои бараат засолниште во двете држави. Соработката со Косово, Спасовски ја оцени како добра...

За слободата на обвинетите во „Монструм“ сега треба да одлучува Кривичниот суд

Дали по укинувањето на пресудите на кривичниот и на Апелацискиот суд во Скопје обвинетите во случајот „Монструм“ ќе останат во притвор или ќе се бранат од слобода во текот на повторното судење, ќе одлучува Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1. Ова за „Мета“ го изјави адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од обвинетите во случајот. Рауфи вели дека очекува...

Врховниот суд ги укина пресудите и го врати „Монструм“ на повторно судење

Врховниот суд ги укина пресудите за „Монструм“ и го врати случајот на повторно судење. Судот донесе пресуда со која ги уважува жалбите на обвинетите за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, што се случи на 12 април 2012 година. Со пресудата на највисокиот суд во земјава се укинати пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд Скопје, со кои шест лица беа...

Груби: Јавното обвинителство донесе правична одлука за „Монструм“

Пратеникот на ДУИ во Собранието, Артан Груби, денеска од името на партијата ја поздрави одлуката на Јавното обвинителство, кое вчера побара од Врховниот суд да ја укине пресудата на Кривичниот и на Апелацискиот суд за случајот „Монструм“ и да го врати предметот на повторно судење. Тој, на прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје, истакна дека со разрешувањето на јавниот...

Гешковска: Сè во врска со „Монструм“ беше направено по закон и со докази

Сè во врска со обвинението за случајот „Монструм“ беше направено според закон и врз основа на докази, вели за „Мета“, обвинителката Гордана Гешковска, која го застапуваше обвинението за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Гешковска не сакаше да го коментира барањето на Јавното обвинителство за укинување на пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд и за враќање на случајот „Монструм“ на...

Укинување на пресудите и ново судење за случајот „Монструм“, бара Обвинителството

Јавната обвинителка Лилјана Спасоска на денешната јавна седница за случајот „Монструм“ во Врховниот суд побара укинување пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд и враќање на предметот на повторно судење. Врховниот суд на јавна седница денеска ги разгледуваше жалбите на шесттемина осудени за доживотните затворски казни што им ги одреди Основниот суд Скопје 1, а кои беа потврдени и од...

Врховниот суд повторно ја одложи јавната седница за „Монструм“

Врховниот суд денеска по четврти пат ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, бидејќи полицијата не можела да донесе едно од осудените лица од затвор. Јавната седница, на која треба да бидат разгледувани и да се одлучува по жалбите на шесттемина осудени на доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, овојпат е презакажана за 3 октомври. Претседателот на Врховниот...

Кои се судиите кај кои се распределени обвиненијата на СЈО?

По обвиненијата што Специјалното јавно обвинителство денеска ги поднесе во Кривичниот суд ќе одлучуваат судии кои веќе судат предмети на СЈО, како и нивни колеги кои работеле или сè уште работат на големи случаи, како „Монструм“, „Сопот“ и „Диво Насеље“. Како што информираше Кривичниот суд, случаите „Тарифа“, „ТНТ“ и „Траекторија“ се распределени кај судијките Лидија Петровска и Татјана Михајлова. Лидија Петровска,...

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...